ОПЦИЈА 1 – (Job Placement)
ВИДОВИ НА РАБОТА И ЛОКАЦИИ:
Учесниците на W&Т УСА програмата можат да работат студентски сезонски работи во туристички центри ширум САД (забавни и национални паркови, хотели, ресторани, продавници). Од учесниците на програмата се очекува да бидат одговорни, совесни, вредни, сериозни и флексибилни.
Добивањето на конкретна работна понуда многу зависи и од самиот учесник на програмата (познавањето на англиски јазик, работното искуство, знаењата и вештините кои ги поседува, датумите на заминување и периодот на работниот дел на програмата) но најмногу од потребата на работодавецот во САД. Конечната одлука за прием на кандидатот на конкретна рабтна понуда ја дава работодавецот.
СМЕСТУВАЊЕ
ОПЦИЈА 1 (Job Placement)
Сместувањето може да биде обезбедено од страна на работодавецот, а може и да не биде.Во секоја работна понуда се наоѓаат информации за условите и цената на сместувањето. Информациите за сместувањето се наоѓаат во рамките на работната понуда (услови и цена на сместувањето за студентите за кои работодавецот обезбедил сместување т.е инструкции за наоѓање на сместување кои ги дава работодавецот или Спонзор организацијата за студенти за кои самиот работодавец не може да обезбеди сместување). Доколку студентот сам бара сместување, мора да ја достави точната адреса на сместувањето во агенција, пред визирање.
Сместувањето е скромно и подразбира повеќекреветни соби, со купатило а понекогаш и кујна. Цената на сместувањето зависи од повеќе фактори. Сместувањето може да биде бесплатно или да се наплатува во висина до 100-120усд неделно. Плаќањето на сместувањето најчесто се регулира со одбивање на трошоци за сместување од заработката. Некои работодавци бараат од студентите за сместувањето да уплатат депозит.
Како да се подготвите за интервју со работотавецот
Добивањето на конкретна работна понуда многу зависи и од самиот учесник на програмата (познавањето на англиски јазик, работното искуство, знаењата и вештините кои ги поседува, датумите на заминување и периодот на работниот дел на програмата) но најмногу од потребата на работодавецот во САД. Конечната одлука за прием на кандидатот на конкретна рабтна понуда ја дава работодавецот.
Кога имте интервју со работодавец,подгответе се, информирајте се за компанијата, читајте искуства на претходни студент што работеле таму.
- облечете се скромно (без тренерки и без провокативна облека)
- вежбајте го англискиот јазик
- дојдете на време, Работодавците не сакаат доцнења
- Бидете свои..
Забранети работи
Видовите на работи кои НЕ се прифаќаат за учество на W&Т програмата се наоѓаат на сајтот на агенцијата.