ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОГРАМАТА

ИНТЕРВЈУ И ОРИЕНТАЦИОНА ПРОГРАМА

За сите студенти пријавени на програмата задолжително е интервју на англиски јазик. Во текот на интервјуто се утврдува нивото на знаење на англиски јазик и исполнување на условите за учество на W&Т програмата.
Онлајн ориентационата програма е задолжителна и следи после добивањето на работна понуда, а пред издавањето на документот ДС-2019. Информацијата за ориентационата програма студентите ја добиваат директно од од Спонзорот на програмата и имаат обврска според регулативата на Стејт Департмент да ја следат во целост пред визирање. Кандидатите кои веќе учествувале на W&Т УСА програмата, мора повторно да ја следат онлајн ориентацијата.
Со цел навремено да ги извршуваат обврските кои се однесуваат на ориентационата програма, кандидатите се должни редовно да ја проверуваат својата електронска пошта.

ЗАРАБОТУВАЧКА

Според прописите на САД, загарантираната најниска заработувачка е 7.25 УСД/ 1 час работа. Саатнината може да биде и пониска од загарантираниот минимум доколку работното место подразбира задолжително добивање бакшиш (tips).
Студентите работат во просек 30-40 часа неделно. Дозволено е прекувремена работа кај истиот работодавец, доколку има потреба за тоа. Исто така, студентите имаат можност и право, со Ј-1 визата и ДС-2019, покрај работата која ја добиле од Спонзорот да пронајдат и друга работа која мора да биде одобрена од страна на Спонзор организацијата, но мораат да запомнат дека работата која ја добиле преку Спонзорот е на прво место и најважна. Повеќето студенти ја користат оваа можност, и на тој начин остваруваат поголема заработувачка. Прекувремена работа како и можноста за добивање на втора работа не се гарантира со програмата.
Работодавците платите ги исплаќаат неделно или на две недели, што значи дека студентот треба да очекува да понесе околу 500-700 УСД, за покривање на трошоците до првата плата.

ВИЗА

Учесниците на W&Т УСА програмата добиваат Ј-1 виза (Exchange Visitors Visa). Оваа виза овозможува работа во угостителство и туризам, во траење од најмногу 4 месеци и 1 месец туристички престој во САД (по завршување на работниот дел на програмата) доколку Конзулатот на САД не услови друго. Барањето го поднесува самиот студент и задолжително мора да се појави лично на интервју во државата кадешто студира и има дозвола за привремен престој. Во агенција ќе ги добиете сите потребни документи кои се однесуваат на програмата и целта на престојот во САД. Списокот на документи кои треба да се обезбедат ќе го добиете од НАРОМ ТРАВЕЛ по пат на и-мејл

Напомена: Закажувањето термин за визирање, процедурата за визирање како и одобрувањето на виза се исклучиво во надлежност на Конзуларното одделение на САД.

ДС-2019

Документот ДС-2019 е документ кој го издава Спонзор организацијата од САД, врз основа на кој учесникот на програмата добива Ј-1 виза. При влегувањето во САД, документот ДС-2019, мора да стои во пасошот, и во таа прилика да биде заверен.
Учесниците на програмата можат да работат во САД исклучиво во период кога ДС-2019 е валиден. Спонзор организацијата го одредува датумот на почеток на важење на ДС-2019 врз основа на датумот запишан на пријавата и регулативата на US Department of State.

СЕВИС (Student and Exchange Visitor Information System)

Документот СЕВИС (I-901) мора да се приложи со останатата документација при предавањето на молбата за добивање виза и молбата нема да биде разгледана без овој документ.
Цената за обработка на податоците СЕВИС (I-901) изнесува 35УСД и се наплатува според инструкциите добиени во агенција.
СЕВИС е американски систем за евиденција и следење на учесниците на Exchange Visitor Program, за време на престојот во САД.
Секој учесник на програмата е должен

  • Во рок од 5 дена по влегувањето во САД да се регистрира на СЕВИС.
  • На секои 30 дена да ги ажурира своите податоци во СЕВИС системот (според инструкциите добиени од Спонзир организацијата)
  • повторно да се логира на СЕВИС системот и ги запише новите податоци во случај на промена на работно место или сместување.

Санкциите за непочитување на СЕВИС процедурта се: укинување на визата и порано враќање во матичната земја.

ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Здравственото осигурување го обезбедува Спонзор организацијата од САД.
Сите учесници на Work & Travel програмата мораат да бидат здравствено осигурани за време на престојот во САД, т.е за време на валидноста на документот ДС-2019. Пред патување сите учесници на програмата од Спонзорот преку имејл добиваат полиса на осигурување и сите информации за истото. Станува збор за посебно здравствено осигурување за учесниците на Work & Travel програмата во согласност со регулативата на Стејт Департмент. При посета на обичен преглед се наплатува одредена сума како партиципација и согласно политиката на здравствената установа за Emergency room освен ако не е поинаку одлучено.
За време на туристичкиот престој кој трае 30 дена по истекот на работниот дел на програмата, студентите немаат обврска да бидат здравствено осигурани, но сепак со оглед на висината на трошоците за лекување во САД, доколку студентот останува во САД во тој период, се препорачува да се осигура. Ги советуваме сите учесници на програмата пред патувањето да си направат лекарски и стоматолошки преглед.
Здравствената состојба на кандидатите не се проверува, но се подразбира кандидатите да се здрави и работно способни.
Сите болести појавени пред патувањето, како и хронични болести НЕ се покриваат со здравственото осигурување.

ОТКАЖУВАЊЕ ОД УЧЕСТВО НА ПРОГРАМАТА

  • Доколку програмата не се реализира со одлука на американската влада т.е Спонзор Организацијата поради продолжување на пандемијата COVID-19, на учесникот на програмата ќе му биде рефундиран износот уплатен на име на цена на програмата. Напомена: доколку е издаден документот DS2019 ќе се рефундира износ намален за СЕВИС трошоци.
  • Доколку студентот откаже учество на програмата по потпишување на работна понуда агенцијата задржува износ од 300 УСД.
  • Доколку студентот откаже учествно на програмата по добивање на американската виза, губи право на враќање на уплатениот износ и задолжително треба да фо врати формуларот DS-2019.
  • Доколку работната понуда не одговара на условите од програмата или не биде потврдена од страна на Спонзорот, работодавецот е недостапен за Спонзор организацијата или ла откаже потпишаната раборна понуда, а кандидатот не најде друга работна понуда во даден рок на студентот му се задржува 300УСД (опција 2)
  • Доколку се утврди дека работната понуда е фиктивна, или воопшто не е доставена работна понуда агенцијата задржува 300 УСД. (опција 2)
  • Доколку студентот не добие виза, агенцијата задржува 300 УСД.
  • Доколку кандидатот своеволно го раскине договорот со работодавецот од САД или не ги иполнува своите обврски превземени според договорот, како и финансиските обврски спрема агенцијата и Спонзор организацијата ќе буде автоматски откажана од програмата без право на рефундација
  • Трошоците за пријавување, СЕВИС трошоците и таксата за виза се неповратни,

Напомена: Спонзор организацијата задржува право за евентуални измени на условите за откажување учество на програмата, и учесникот да го извести пред потпишување на работната понуда.

Како датум на откажување учество од програмата ќе се смета датумот кога агенцијата добила имејл од кандидатот во кој ги известува за откажувањето и причините за откажување учество на програмата. За откажување учество на програмата кандидатите се должни да ја известат агенцијата во писмена форма. Релеватен рок за утврдување на условите за рефундација на средствата поради откажување од програмата почнува да тече од наредниот ден по денот на прием на откажувањето.

РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ И ПРЕКИНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА

  • Доколку учесникот на програмата се откаже д програмата по започнувањето на истата, нема право на поивраток на уплатените средства
  • Доколку учесникот на програмата своеволно го раскине договорот со работодавецот или не ги исполнува своите работни обврски ќе биде автоматски откажан од програмата и веќе нема да има право на работа во САД и ќе мора да се врати во својата земја.
  • Доколку студентот не ги почитува правилата на програмата, ќе биде отстранет од програмата, без право на рефундација, со депортација.
  • Доколку со работодавецот постојат реални проблеми учесникот на програмата има обврска за тоа веднаш да го извести Спонзорот преку бесплатниот телефон кој е на располагање 24 часа или преку и-мејл.
  • Доколку учесникот на програмата не ја почитува СЕВИС процедурата и не контактира најмалку еднаш месечно со Спонзорот организацијата во САД, ќе му биде укината визата и мора да се врати во матичната земја.

Напомена: Ги молиме учесниците на програмата да внимателно ги прочитаат Општите услови на патување на Наром Травел кои се составен дел од Work & Travel УСА 2022 програмата.