За програмата

Програмата Work & Travel УСА е програма за меѓународна културна размена-Exchange Visitor Program. W&Т програмата на студентите од целиот свет им нуди можност во текот на летните месеци да престојуваат во САД, да запознаат различни култури, американскиот начин на живот, да стекнат нови пријатели и да го усовршат англискиот јазик. Со цел да обезбедат финансиски средства за престојот во САД, учесниците на програмата работат кај работодавци од САД студентски работи од областа на туризмот, угостителство, трговија и сл.