Визирање

Учесниците на W&Т УСА програмата добиваат Ј-1 виза (Exchange Visitors Visa). Оваа виза овозможува работа во угостителство и туризам, во траење од најмногу 4 месеци и 1 месец туристички престој во САД (по завршување на работниот дел на програмата) доколку Конзулатот на САД не услови друго. Барањето го поднесува самиот студент и задолжително мора да се појави лично на интервју во државата кадешто студира и има дозвола за привремен престој. Во агенција ќе ги добиете сите потребни документи кои се однесуваат на програмата и целта на престојот во САД. Списокот на документи кои треба да се обезбедат ќе го добиете од НАРОМ ТРАВЕЛ по пат на и-мејл

Напомена: Закажувањето термин за визирање, процедурата за визирање како и одобрувањето на виза се исклучиво во надлежност на Конзуларното одделение на САД.

ДС-2019

Документот ДС-2019 е документ кој го издава Спонзор организацијата од САД, врз основа на кој учесникот на програмата добива Ј-1 виза. При влегувањето во САД, документот ДС-2019, мора да стои во пасошот, и во таа прилика да биде заверен.
Учесниците на програмата можат да работат во САД исклучиво во период кога ДС-2019 е валиден. Спонзор организацијата го одредува датумот на почеток на важење на ДС-2019 врз основа на датумот запишан на пријавата и регулативата на US Department of State.

СЕВИС (Student and Exchange Visitor Information System)

Документот СЕВИС (I-901) мора да се приложи со останатата документација при предавањето на молбата за добивање виза и молбата нема да биде разгледана без овој документ.

Цената за обработка на податоците СЕВИС (I-901) изнесува 35УСД и се наплатува според инструкциите добиени во агенција.