ВИДОВИ РАБОТНИ ПОНУДИ
Учесниците на програмата работат сезонски студентски работи од областа на услужните дејности (туризам, хотелиерство, угостителство…). Најчесто студентите работат во: хотели (на рецепција, собна услуга, собарки и сл.), ресторани (класични и ресторани за брза храна, на работна позиција келнер, продажба, како и помош во кујна), продавници (продажбан а храна, списанија и др. потрошна роба; во класични продавници и големи трговски центри), туристички центри (како аниматори, собарки, во ресторани, во кујна, на одржување објекти и сл.). Работодавците се наоѓаат низ цела Франција. Наром Травел во посредство со Караван Травел ја испраќа пријавата на кандидатот на агенцијата во Франција, која стапува во контакт со работодавците и обезбедува работа за учесниците во програмата. При барањето на конкретна работна понуда од големо значење се одредени квалитети на кандидатот како: нивото на познавање на францускиот јазик, работно искуство (пожелно), мотивација за брзо и лесно интегрирање во нова средина, како и флексибилност и комуникациски вештини. Одлуката за ангажман на кандидатот ја носат работодавците. Од учесникот на програмата се очекува да бидат одговорни, професионални, подготвени за брзо и ефикасно прилагодување на нова средина, на правилата на компанијата, да ги почитуваат датите на почеток и крај на програмата, како и работниот распоред.
РАБОТНО ВРЕМЕ
Во Франција се работи 35 часа неделно. Согласно конкретната работа, кандидатите можат да работат 30-39 часа неделно. Законски се предвидени 2 неработни дена неделно. Меѓутоа, во екот на туристичката сезона, поради зголемен обем на работа, може да се случи да работодавецот не може да обезбеди слободни денови. Во тој случај, тие денови ќе бидат посебно платен или, на крајот на програмата учесникот ќе добие платени слободни денови. Работното време е различно, во зависност од видот и организацијата на работата. Прекувремената работа (доколку дојде до тоа) се плаќа дополнително.
ЗАРАБОТКА
Минималната заработка во Франција е 9,53 евра час (бруто). За да се добие износот на нето заработката, треба од бруто заработката да ги оѕемете даноците (околу 23%). Бројот на работните часови, евентуалната прекувремена работа и работниот распоред зависат од организацијата и потребата на секој работодавец посебно. На одредени работни места, учесниците можат да добијат и процент од продажба. Заработката се исплаќа со чекови или уплата на банкарска сметка, на крајот на тековниот или почетокот на наредниот месец (организацијата од Франција на сите учесници на програмата им отвора банкарска сметка во соодветна француска банка). Француската влада не предвидува можност за повраток на данок на студентите кои, како и учесниците на оваа програма, работеле во текот на летото во Франција. Агенцијата од Франција не може, при приемот на кандидатот на прогрмата, да гарантира работни часови, затоа што тоа зависи исклучиво од работодавецот, неговите потреби и обемот на работа.
БАНКАРСКА СМЕТКА
Организацијата од Франција на сите учесници на програмата им отвора лични банкарски сметки во соодветна француска банка. Отворањето банкарска сметка во Франција е задолжително, затоа што на тој начин се врши исплатата на заработка. Покрај сметката, учесниците добиваат и кредитна картичка со која можат да подигаат готовина и да плаќаат. Трошоците за одржување на сметката на годишно ниво изнесуваат околу 3 евра и вклучуваат: добивање кредитна картичка, осигурување од кражба и неовластено користење на картичките, проверка на тековна состојба преку интернет, осигурување од граѓанска одговорност и штеден налог. Последната плата, на крајот на програмата, се уплаќа преку чек кој работодавецот и го испраќа на организацијата од Франција. По приемот на чекот, француската агенција ги уплаќа парите на сметката на учесникот и го за тоа го информира на е-мејл. Француската банка парите ќе ги трансферира на банкараската сметка на учесникот во матичната земја. За таа цел, учесниците на програмата имаат обврска, пред почетокот на програмата, од својата матична банка да прибават инструкции за уплата од странство и да ги достават на агенцијата, за да на крајот парите можатда бидат трансферирани во нивната земја.