Work & Travel France

ЗА ПРОГРАМАТА

Work and Travel France е програма за меѓународна културна размена, наменета за студенти кои сакаат да го усовршат францускиот јазик, да ја запознаат Франција и нејзината култура и да се стекнат со нови професионални и животни искуства. Учесниците на програмата можат да престојуваат во Франција 2-3 месеци (најмногу 90 дена) во текот на летото и да работат студентски сезонски работи во хотели, ресторани, продавници, туристички центри и сл. Организатор на програмата е агенција од Франција, а нејзин локален партнер е Наром Травел во посредство со Караван Травел од Белград.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ПРОГРАМАТА

Право на учество имаат студенти:

  • Од акредитирани универзитети и високообразовни институции
  • 18-27 годишна возраст
  • Државјани на Македонија кои поседуваат биометриски пасош
  • Со познавање на француски јазик (најмалку средно ниво)
  • Мотивирани, совесни, одговорни, флексибилни, вредни, со работно искуство

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Програмата трае најмалку 2 месеца, а најмногу 90 дена. Програмата се организира исклучиво во летниот период (мај, јуни, јули, август).

ОПШТИ УСЛОВИ НА ПРОГРАМАТА

  • Програмата Work & Travel France е работна, а не туристичка програма. Од учесниците на програмата се очекува да бидат совесни и одговорни, да ги почитуваат работниот распоред и работната дисциплина.
  • Агенциите вклучени во реализација на програмата вложуваат максимални напори за да престојот на учесниците на програмата биде добро организиран и пријатен. За се да функционира како што треба, важно е учесниците на програмата да го информираат организаторот за сите евентуални проблеми и потешкотии кои ќе се појават во текот на програмата, како и да ги следат упатствата добиени од нив.
  • Учесникот на програмата е должен да работи кај работодавецот кај кого му е обезбедена работата. Заминувањето кај друг работодавец е кршење на правилата на програмата и повлекува прекин на програмата и враќање во матичната земја.
  • Учесникот на програмата е должен да ги почитува правилата и регулативите на програмата воспоставени од француската организација. Во случај на непочитување на правилата на програмата, учесникот ќе биде исклучен, без право на повраток на парите, по ниту еден услов.
  • За време на работниот ангажман, учесниците на програмата се под јурисдикција на францускиот закон за работа. Задолжително мора ди ги почитуваат: закажаното време за интервју, правилата на облекување на работното место, датите на почеток и крај на работниот ангажман, работното време, условите на работата, интерните правила на компанијата и сл.
  • Француската организација им обезбедува работа на кандидатите стапувајќи во контакт со работодавците од Франција кои се заинтересирани да примат студенти на работа преку летото.
  • Организацијата од Франција има обврска да на учесникот на програмата му обезбеди работна понуда. Учесниците на програмата немаат можност да бираат работни понуди. Доколку учесникот на програмата одбие понудена работа, организаторот на програмата не му гарантира добивање на друга работна понуда.

Сместување

  • При резервација на сместувањето се води сметка тоа да биде во близина на работното место или да биде добро поврзано со јавен градски превоз.
  • Сместувањето се плаќа однапред. Учесникот на програмата плаќа сместување за првиот месец веднаш по пристигнувањето во Франција.
  • Месечните трошоци за сместување во Франција се движат од 450-600 евра.

Патување

  • Учесникот на програмата сам го организира патувањето до Франција.
  • Патувањето до Париз може да биде организирано и од агенцијата, на барање.
  • Агенцијата не сноси одговорност ако работодавецот ја откаже работната понуда поради доцнење на почетокот на програмата (доколку учесникот подоцна пристигне).
  • Доколку учесникот на програмата не може да пристигне во договорениот термин, треба да ги извести агенцијата и работодавецот. Во спротивно, може да дојде до откажување на работната понуда.
  • Учесникот на програмата е должен да ја извести агенцијата за точните начин, време и место на пристигнување во Париз, најдоцна 2 недели пред почетокот на програмата.

Буџет

  • За успешен престој во Франција, важно е добро да се испланира патот и да се понесат доволно пари за потребните трошоци до првата заработка.
  • Препораката на француската организација е да кандидатот понесе 1500 евра за да има доволно пари за трошоци до првата плата (треба да се има предвид дека трошоците за храна, локален превоз и xепарлак се околу 200 евра, а трошоците за сместување 450-600 евра месечно).
  • Во буџетот треба да се предвидат и трошоци за превоз од Париз до кај работодавецот.

ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Учесниците на програмата мораат, за цело времетраење на програмата, да бидат здравствено осигурани до 30.000 евра (со вклучена услуга и трошоци за репатријација). Здравственото осигурување го организираат самите учесници или со посредство на агенцијата, на барање. Полисата за осигурување мора да биде доставена во агенцијата најдоцна 2 недели пред почетокот на програмата. За сите учесници на програмата работодавецот обезбедува осигурување на работното место, а агенцијата од Франција осигурување од граѓанска одговорност. Напомена: Агенцијата од Франција и Наром Травел не се одговорни за евентуално губење на лични предмети или за штетата која ќе ја направи учесникот  на програмата при престојот во Франција.

ОТКАЖУВАЊЕ УЧЕСТВО ОД ПРОГРАМАТА

Доколку учесникот се откаже од програмата пред да добие работна понуда, агенцијата задржува 100 евра. Доколку учесникот се откаже од програмата по добивањето на работна понуда, агенцијата задржува 200 евра. Доколку учесникот се откаже од програмата по добивањето на Autorisation Provisoire de Travail – APT, нема право на повраток на пари. Доколку надлежните државни органи во Франција одбијат да му доделат АРТ на учесникот, агенцијата задржува 200 евра. Трошоците за пријавување се неповратни.

АНУЛАЦИЈА И ПРЕКИН НА ПРОГРАМАТА

Француската организација го задржува правото да ја откаже програмата, без право на рефундација доколку учесникот на програмата: – ја одбие понудената работа (која е во согласност со неговите барања наведени во пријавата и во интервјуто); – своеволно го напушти работодавецот; – добие отказ од работодавецот. На учесникот на програмата кој ќе добие отказ или ќе го напушти работното место, без претходно да ја информира француската организација, нема да му биде обезбедена друга работа.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните  кандидати можат да се пријавуваат на програмата во текот на целата година, а најдоцна 7 недели пред посакуваниот старт на програмата.

За пријавување треба да се достави:

  • Читко пополнета пријава (на секоја страница задолжително да има дата и потпис)
  • ЦВ на француски јазик (во Word), со фотографија и наведено работно искуство
  • Мотивационо писмо (на француски) до работодавецот (со наведено работно искуство)
  • Мотивационо писмо (на француски) до француската организација, каде треба да се наведат личните мотиви за учество на програмата. Пожелно е да се наведат и други информации кои одат во прилог на кандидатот.
  • Препораки (доколку имате)
  • Фотокопија од пасош
  • Фотокопија од индекс
  • Фотокопија од ISIC картичка
  • Уверение за редовен студент + судски заверен превод на француски
  • Извод од матична книга на родените + судски заврен превод на француски
  • Инструкции од банка за уплата на пари од странство

Најдоцна 2 недели пред поаѓање треба да се достави:

  • Потврда за патничко здравствено осигурување
  • Информации за време и место на пристигнување во Париз
  • Информации за сместување (за учесниците кои сами организираат сместување)

ПРОЦЕДУРА

  1. Штом кандидатот ја достави документацијата во Наром Травел, ќе му биде закажано интервју за да се провери дали ги исполнува условите за учество на програмата
  2. Потоа, пријавата на кандидатот се проследува до француската организација која ќе закаже телефонско интервју со кандидатот (за проверка на нивото на француски јазик, како и за одредување на видот на работа и локацијата кои ги сака кандидатот). При телефонското интервју се проверуваат податоците и барањата на кандидатот кои се важни за неговиот престој во Франција
  3. По завршеното интервју (најдоцна во рок од 15 дена) агенцијата од Франција испраќа Потврда за прием на кандидатот на програмата. Потврдата за прием претставува договор
  4. Пријавата на кандидатот потоа се проследува до работодавците заинтересирани за прием на студенти на работа во текот на летото. Може да се случи работодавецот директно да го контактира кандидатот по телефон. Одлуката за ангажирање на кандидатот ја носи работодавецот.
  5. Штом работодавецот потврди дека студентот е прифатен на летната работа, организацијата од Франција му ја испраќа на кандидатот работната понуда на потпишување. Со потписот, учесникот на програмата потврдува дека се согласува со условите од работната понуда и се обврзува дека ќе ги почитува. Во работната понуда има информации за работодавецот, видот на работа, датите на почеток и крај на работата, заработката, бројот на работни часови и сл.
  6. Доколку кандидатот не добие работна понуда пред патувањето, агенцијата од Франција има обврска да, во текот на ориентациониот состанок во Париз, организира разговори на кандидатот со заинтересирани работодавци. Се закажуваат вкупно 3 состаноци, и тоа така што, ако кандидатот не добие работа по состанокот со првиот работодавец, се закажува со вториот итн. Кандидатот е должен да ги прифати состаноците со работодавците (Напомена: ваква ситуација ретко се случува, Најчесто кандидатите имаат работна понуда пред да да тргнат на пат).
  7. Штом на кандидатот му е обезбедена работа, организацијата од Франција аплицира, кај надлежниот државен орган, за добивање на документот APT (Autorisation Provisoire de Travail). Одобрувањето на APT е исклучиво надлежност на државните органи на Франција.

ВИДОВИ РАБОТНИ ПОНУДИ

Учесниците на програмата работат сезонски студентски работи од областа на услужните дејности (туризам, хотелиерство, угостителство…). Најчесто студентите работат во: хотели (на рецепција, собна услуга, собарки и сл.), ресторани (класични и ресторани за брза храна, на работна позиција келнер, продажба, како и помош во кујна), продавници (продажба на храна, списанија и др. потрошна роба; во класични продавници и големи трговски центри), туристички центри (како аниматори, собарки, во ресторани, во кујна, на одржување објекти и сл.). Работодавците се наоѓаат низ цела Франција. Наром Травел во посредство со Караван Травел ја испраќа пријавата на кандидатот на агенцијата во Франција, која стапува во контакт со работодавците и обезбедува работа за учесниците во програмата. При барањето на конкретна работна понуда од големо значење се одредени квалитети на кандидатот како: нивото на познавање на францускиот јазик, работно искуство (пожелно), мотивација за брзо и лесно интегрирање во нова средина, како и флексибилност и комуникациски вештини. Одлуката за ангажман на кандидатот ја носат работодавците. Од учесниците на програмата се очекува да бидат одговорни, професионални, подготвени за брзо и ефикасно прилагодување на нова средина, на правилата на компанијата, да ги почитуваат датите на почеток и крај на програмата, како и работниот распоред.

РАБОТНО ВРЕМЕ

Во Франција се работи 35 часа неделно. Согласно конкретната работа, кандидатите можат да работат 30-39 часа неделно. Законски се предвидени 2 неработни дена неделно. Меѓутоа, во екот на туристичката сезона, поради зголемен обем на работа, може да се случи да работодавецот не може да обезбеди слободни денови. Во тој случај, тие денови ќе бидат посебно платен или, на крајот на програмата учесникот ќе добие платени слободни денови. Работното време е различно, во зависност од видот и организацијата на работата. Прекувремената работа (доколку дојде до тоа) се плаќа дополнително.

ЗАРАБОТКА

Минималната заработка во Франција е 9,53 евра час (бруто). За да се добие износот на нето заработката, треба од бруто заработката да ги одузмете даноците (околу 23%). Бројот на работните часови, евентуалната прекувремена работа и работниот распоред зависат од организацијата и потребата на секој работодавец  посебно. На одредени работни места, учесниците можат да добијат и процент од продажба. Заработката се исплаќа со чекови или уплата на банкарска сметка, на крајот на тековниот или почетокот на наредниот месец (организацијата од Франција на сите учесници на програмата им отвора банкарска сметка во соодветна француска банка). Француската влада не предвидува можност за повраток на данок на студентите кои, како и учесниците на оваа програма, работеле во текот на летото во Франција. Агенцијата од Франција не може, при приемот на кандидатот на прогрмата, да гарантира работни часови, затоа што тоа зависи исклучиво од работодавецот, неговите потреби и обемот на работа.

БАНКАРСКА СМЕТКА

Организацијата од Франција на сите учесници на програмата им отвора лични банкарски сметки во соодветна француска банка. Отворањето банкарска сметка во Франција е задолжително, затоа што на тој начин се врши исплатата на заработка. Покрај сметката, учесниците добиваат и кредитна картичка со која можат да подигаат готовина и да плаќаат. Трошоците за одржување на сметката на годишно ниво изнесуваат околу 3 евра и вклучуваат: добивање кредитна картичка, осигурување од кражба и неовластено користење на картичките, проверка на тековна состојба преку интернет, осигурување од граѓанска одговорност и штеден налог. Последната плата, на крајот на програмата, се уплаќа преку чек кој работодавецот и го испраќа на организацијата од Франција. По приемот на чекот, француската агенција ги уплаќа парите на сметката на учесникот и за тоа го информира на е-мејл. Француската банка парите ќе ги трансферира на банкараската сметка на учесникот во матичната земја. За таа цел, учесниците на програмата имаат обврска, пред почетокот на програмата, од својата матична банка да прибават инструкции за уплата од странство и да ги достават на агенцијата, за да на крајот парите можатда бидат трансферирани во нивната земја.

ПРИСТИГНУВАЊЕ ВО ПАРИЗ

Патувањето до Париз учесникот на програмата го организира сам или со помош на агенцијата, на барање. Сите учесници на програмата, без разлика каде им се наоѓа работодавецот, мора првично да допатуваат во Париз, за да присуствуваат на ориентационен состанок. Најдоцна 2 недели пред поаѓањето, кандидатот треба на агенцијата да и достави информации за начинот на патување, времето и местото на пристигнување во Париз. Том ќе ги добие информациите за пристигнувањето, француската агенција ќе му испрати инструкции на кандидатот за тоа како да стигне до местото на одржување на ориентациониот состанок односно објектот за сместување во Париз. Важно е кандидатите да ја почитуваат наведената станица.

ПАТУВАЊЕ ОД ПАРИЗ ДО РАБОТОДАВЕЦОТ

Учесниците на програмата чии работодавци се наоѓаат надвор од Париз, ќе добијат информации за тоа како најлесно да стигнат до своите работодавци. Во буџетот за патување треба да се предвидат и тие трошоци. Најчесто се патува со воз. Работодавците најчесто ги чекаат учесниците на железничка станица.

ОРИЕНТАЦИОНЕН СОСТАНОК ВО ПАРИЗ

Ориентациониот состанок кој се организира во Париз треба на учесниците на програмата да им го олесни адаптирањето во новата средина, да ги запознае со правилата и обврските кои ги имаат, како учесници на програмата за културна размена, но и како вработени во Франција. Во таа прилика ќе добијат и оригинален документ АРТ (студентска работна дозвола) и ќе отворат сметка во француска банка. Ориентациониот состанок е задолжителен за сите учесници во програмата.

СМЕСТУВАЊЕ

Постојат 2 можности за обезбедување сместување во Франција:

  • Сместувањето го обезбедува учесникот на програмата – Штом ја добие понудата, кандидатот треба да почне со барање сместување, водејќи сметка за тоа сместувањето да биде во близина на работното место односно да може со јавен превоз лесно да стигне до работата
  • Сместувањето го обезбедува француската организација (на барање, со доплата) – Доколку кандидатот се одлучи за оваа опција, треба при пријавувањето на програмата да пополне формулар за сместување и да ги уплати трошоците за ова услуга.

Организацијата од Франција ќе обезбеди сместување во двокреветна соба (некогаш и повеќекреветна), во студентски дом или хостел, во близина на работното место односно кое ќе биде лесно пристапно со јавен превоз. Штом резервацијата за сместување е потврдена на кандидатот му се испраќаат податоци за сместувањето. Пред да се потврди резервацијата за сместување, потребна е согласност од кандидатот. Учесникот на програмата има обврска да престојува во обезбеденото сместување во текот на целиот престо во Франција како и да го почитува куќниот ред. Трошоците за услугата за обезбедување сместување од 140 евра, се уплаќаат при пријавувањето на програмата и се неповратни. Истовремено треба да се уплати и депозит за сместувањето во износ од 300 евра. Депозитот се враќа на крајот на програмата, освен ако е причинета штета или учесникот порано го напушти сместувањето. На учесниците на програмата кои работат надвор од Париз, француската организација им обезбедува сместување во Париз за да можат да присуствуваат на задолжителната ориентација. Сместувањето ќе биде обезбедено во студентски дом или хостел, на трошок на учесникот. Доколку кандидатот сака сам да резервира сместување во Париз, треба навремено да ја извести агенцијата.

ЦЕНА НА ПРОГРАМАТА

Трошоци за пријавување – 3000 денари

Цена на програмата – 1200 евра за Job placement; 720 евра за Self placement

Цената вклучува:

  • Обработка на пријавата и прелиминарно интервју во агенцијата
  • Телефонско интервју со организацијата од Франција (пред приемот на програмата)
  • Обезбедување на работна понуда (Job placement)
  • Проверка на работна понуда (Self placement)
  • Обезбедување на документот APT (Autorisation Provisoire de Travail)
  • Отворање сметка во француска банка
  • Организирање на ориентационен состанок во Париз (на почеток на програмата)
  • Услуга за резервација за сместување во хостел во Париз (за студентите кои работат надвор од Париз)
  • Осигурување од граѓанска одговорност
  • Помош и поддршка од агенциите во Франција и Скопје во текот на програмата

Динамика на плаќање:

  1. При пријавување на програмата – 3000 денари – трошоци за пријавување; 350 евра – прва рата; 440 евра – трошоци за обезбедување сместување + депозит за сместување (за кандидатите кои сакаат сместувањето преку француската организација)
  2. По добивањето потврда за прием на програмата – 850 евра (Job placement) – втора рата; 370 евра (Self placement) втора рата

Цената не вклучува:

  • Патничко здравствено осигурување
  • Патни трошоци
  • Трошоци за сместување во Франција
  • Лични трошоци