Work & Study Canada

Business Essentials Program – Canada

Canadian College & Work experience

Vancouver – Canada (6, 8 и 12 месеци)

Оваа програма е наменета за сите студент кои сакаат да го усовршат познавањето на англиски јазик на највисоко ниво, да ја научат вештината за работно управување и да преку_тамошната работа си ги покријат трошоците вложени во програмата и евентуално дополнително да заработат.

Програмата е осмислена така да кандидатот може одблизу да се запознае со маркетинг бизнисот,  јавните излагања, да научи вештини за јавен настап, професионална комуникација, пишување CV и подготовка за успешно интервју за работа.

 

ПРОГРАМАТА СЕ СОСТОИ ОД ДВА ДЕЛА:

Прв дел – 50% Study program – одење на настава на колеxот Ванкувер (со можност за работа до максимум 20 часа неделно). Кандидатот сам си бара работа, без помош на организацијата.

Втор дел – 50% Work experience program – работа по струка како неплатена пракса (Internship) или платена работа (обична сезонска работа).

Минималната саатница во провинцијата Британска Колумбија е 10.25 CAD. Програмата трае 6, 8 или 12 месеци, а пријавувањето е во текот на целата година.

ШТО Е ВКЛУЧЕНО ВО ПРОГРАМАТА:

  • Вишо образование на колеxот Ванкувер
  • Можност за работа во првиот дел од програмата
  • Гарантирана неплатена пракса (Internship) по струка или платена работа која не е по струка (обична сезонска работа)
  • Ориентациона програма за добредојде
  • Корекција на CV (по канадски терк)
  • Подготовка за интервју кај работодавец
  • Помош околу добивање документи потребни за работа, отворање банкарска сметка и сл.
  • Пристап до заеднички активности (организирани собири; дружења; патувања)
  • Постојана поддршка од канадската организација во текот на програмата

ШТО НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ПРОГРАМАТА:

  • Авио-превоз
  • Здравствено осигурување
  • Виза и документи потребни за визирање
  • Трансфер од и до аеродромот, храна, сместување, градски превоз и книги потребни за следење на наставата

STUDY PROGRAM (1 ДЕЛ)

Поаѓање на настава на колеxот Ванкувер во Гастаун, познат по својата културолошка разноликост и историско значење. Колеxот нуди одлични услови за учење, групите се мали, а предавачите имаат повеќегодишно искуство од областите кои ги предаваат. Имаат PCTIA акредитација (Private Career Training Institutions Agency of British Columbia) како и EQA (Education Quality Assurance).

часовите се одржуваат од понеделник до петок од 9-15 часот (вкупно 28 часа неделно). Покрај учењето кандидатот има право и да работи максимум 20 часа неделно така што сам ќе си обезбеди работа (не е можна помош од организацијата).

6 месечна програма (12 недели Study програма+ 12 недели work experience програма) – Study делот од програмата опфаќа курсеви од следниве области: Communications, International Marketing, Building Relationships, Success, Management Styles, Team Building, Raising Finance, Customer Services, Crisis Management, Mergers and Acquisitions.

8 месечна програма (16 недели Study програма + 16 недели work experience програма). Study делот од програмата опфаќа курсеви од следниве области: сите курсеви од 6 месечната програма плус International Business and Networking, Training, Business Partnerships, Trends in Energy and Environment.

12 месечна програма (24 недели Study програма + 24 недели work experience програма) Study делот од програмата опфаќа курсеви од следниве области: сите курсеви од 6 месечната и 8 месечната програма плус Employment Trends, Business Ethics, Finance and Banking, Company Strategy, Doing Business Online, New Business, Project Management.

WORK EXPERIENCE (2 ДЕЛ)

По успешно завршениот прв дел од програмата студентот го започнува работниот дел под надзор на Placement coordinator. Оваа програма овозможува единствена можност за стекнување работни вештини и искуства како и практична употреба на англиски јазик во секојдневниот живот и работата.

Може да се направи избор помеѓу стручна неплатена пракса (Internship) или платени обични (casual) работи:

Во понудата можат да се најдат следниве стручни пракси (Internship): Accounting, Advertising, Biology-Biotechnology, Business Administration, Design & Multimedia, Engineering, Environmental Causes, Events Planning, Fashion, Finance, Hospitality, Human Resources, Information Systems, International Trade, Law and Legal Services, Marketing, Media – Communications, Networking, Office Administration, Politics, Public Relations, Real Estate, Sales, Software Development, Tourism and Travel, Web Design, Web Programming.

Во понудата можат да се најдат следниве платен обични работи (casual): Barista, Bartender, Banquet Service, Busser, Cashier, Counter Attendant, Dishwasher, Front Desk Agent, Host/Hostess, Kitchen Helper, Line Cook, Rental Shop Clerk, Retail Clerk, Room Attendant, Waiter.

6 недели пред почетокот на работниот дел од програмата Placement coordinator- от ќе ги контактира студентите за да се договорат и да го започнат процесот на барање соодветна работа.

Координаторот ќе го прегледа CV-то на студентот, ќе изврши корекција и евентуално ќе даде некои предлози, ќе го подготви студентот за Internship Interview, ќе закаже интрвју(а) со соодветни компании, ќе ги договори условите за вработување и ќе го следи студентот цело време водејќи сметка дека праксата е во директна врска со она што студентот го студирал.

УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

  • Познавање англиски јазик – Intermediate English level (доказ TOEFL 530, IELTS 5.5 или еквивалент т.е. писмена и усна проверка на знаење од страна на организацијата во Канада)
  • Потврда дека студентот е на 3 или 4 година од студиите (да нема повторувано година) или диплома за завршен факултет (кандидатот мора да оди на програмата во рок не подолг од една година по дипломирањето)

ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

  1. Апликација – се пополнува писмена пријава на англиски јазик и се приложува копија од пасош, потврда од факултет, потврда за познавање англиски јазик и потврда за уплата на трошоците за пријавување.
  2. Скајп интервју со организацијата од Канада – интервјуто е на англиски јазик, а се прави со цел да процени дали кандидатот одговара на условите за програмата и дали има реални очекувања за тоа што нуди програмата.
  3. Проверка на познавање на јазикот – задолжителна е за сите кандидати кои немаат доставено потврда за положен TOEFL или IELTS испит за да се провери потребното ниво на познавање на англиски јазик – Intermediate English Level.
  4. Уплатата за трошоците за регистрација и 50% од трошоците за програмата – по добиен позитивен одговор дека кандидатот може да учествува на програмата треба да уплати трошоци за регистрација во износ од 200 CAD како и 50% од цената на програмата (како депозит).
  5. Добивање документи за визирање – по извршената уплата, организацијата ќе испрати LOA – Letter of Acceptance Document кој е неопходен за визирање.
  6. Визирање – покрај документите кои ги прибавува организацијата, кандидатот е должен да прибави и дополнителни документи потребни за визирање, да ја испочитува процедурата за самото визирање и да ги регулира трошоците за визирање.
  7. Уплата на останатите 50% трошоци од програмата – по добивањето виза треба да се уплати и втората половина од цената на програмата како и дополнителните трошоци доколку кандидатот бара дополнителни услуги кои организацијата од Канада ги нуди (сместување, дополнителни курсеви итн.).
  8. Пристигнување во Канада – по пристигнувањето во Канада кандидатот е должен да присуствува на ориентациите кои канадската организација ги организира, а одма потоа да започне со Study делот од програмата, и ако сака, да си пбезбеди работа со максимум 20 часа неделно.
  9. Placement process – процесот за изнаоѓање стручна пракса или обична работа, кој започнува 6 недели пред почетокот на Work experience т.е. вториот дел од програмата. Кандидатот е должен да ја контактира организацијата во Канада и со помош на координаторот да започне подготовки за интрвјуа со фирмите, да изврши корекција на CV, да закаже интервјуа со потенцијални работодавци и на крај да ја потврди работата. Со помош на координаторот се обезбедува работа како и контрола и следење на студентот се до целосен крај на програмата.

ЦЕНОВНИК

Трошоци за пријавување 3000 денари + трошоци за регистрација 200 CAD + трошоци за програмата

Програма во времетраење од 6 месеци (3+3 месеци) – 4080 CAD

Програма во времетраење од 8 месеци (4+4 месеци) – 5290 CAD

Програма во времетраење од 12 месеци (6+6 месеци) – 7410 CAD

Во цената е вклучено:

  • Интервју со организацијата од Канада
  • Проверка на понавањето на англиски јазик, доколку е потребно
  • Обезбедување на потребни документи за визирање
  • Помош при аплицирањето за канадска виза
  • Ориентациона програма по пристигнувањето во Канада
  • Одржување на настава во период од 6, 8 и 12 месеци на колеxот Ванкувер секој работен ден од 9-15 ч. вкупно 28 часа неделно
  • Услуги на локален координатор за подготовка на вториот дел од програмата (корекција на CV, подготовка и закажување интервју со работодавците, подготвка за работен ангажман, следење и месечна контрола во текот на програмата)

Во цената не е вклучено:

  • Авио-превоз
  • Трансфер од и до аеродром
  • Сместување, храна и градски превоз
  • Книги и дополнителен материал потребни за следење на наставата
  • Трошоци за визирање

УСЛОВИ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПРОГРАМАТА

  • Доколку кандидатот по писмен пат се откаже од програмата во рок од 30 дена и подолго од датата на почеток на програмата во Канада (точната дата е прецизирана во договорот) – агенцијата има право да ги задржи трошоците за пријавување + трошоци за регистрација + 10% од вкупните трошоци за програмата.
  • Доколку кандидатот по писмен пат се откаже од програмата во рок помеѓу 30 дена и 7 дена од датата на почеток на програмата во Канада (точната дата е прецизирана во договорот) – агенцијата има право да ги задржи трошоците за пријавување + трошоците за регистрација + 20% од вкупните трошоци за програмата
  • Доколку кандидатот по писмен пат се откаже од програмата во рок пократок од 7 дена пред почетокот на програмата во Канада (точната дата е прецизирана во договорот) – агенцијата има право да ги задржи трошоците за пријавување + трошоците за регистрација + 30% од вкупните трошоци за програмата
  • Доколку кандидатот се откаже од програмата по пристигнувањето во Канада т.е. откако програмата веќе започнала – кандидатот нема право на повраток на целосно уплатената сума
  • Доколку кандидатот не добие канадска виза должен е во рок од 7 дена од датата на објавување да достави оригинал одбиеница од Citizenship and Immigration Canada и во тој случај има право на повраток на трошоците за програмата (трошоците за пријавување, трошоците за регистрација и трошоците за визирање се неповратни).