Што се добива со учество на програмата?
- Посетувањето едно од америчките средни училишта како и едногодишен престој во одбрано америчко семејство ќе направи да го запознаеш америчкиот начинот на живеење , обичаите , културата и филозофијата на живеење.
- Стекнатото знаење на англискиот јазик по едногодишен престој во Америка ќе биде на ниво кое не може да се достигне со курсевите на јазици, без оглед на тоа каде и колку долго сте ги посетувале.
- Дружењето со америчките врсници во училиште и надвор од него ќе ти овозможи да го доживееш она што може да се доживее само на таа возраст и во таа средина. Пријателствата стекнати во гимназиите останваат трајни и незаборавни.
- Одењето во супермаркет, посета на рагби, бејзбол или некоја друга утакмица, одење на сеемен излет и слични други работи непосредно ќе ти го откријат секојдневниот живот на едно америчко семејство и ќе те збогати со едно ново сознание.
- Празниците и семејните прослави се исклучителни моменти кога како член на семејството , а не како гостин, ќе ти откријат на тебе еден потполно нов свет и во многу нешта различен од оној кој го познаваш.
- Биди амбасадор на својата земја и дај им можност на твоите школски другари, членови на америчкото семејство и нивните пријатели да ја запознаат твојата земја, луѓе, култура, обичаии, дружејќи се со тебе.
- Основен услов за учество на програмата е да сте со широки погледи на свет, љубопитни, толерантни, одговорни, искрени, прилагодливи и флексибилни.Средните училишта во Америка на издаваат матурски свидетелства на своите ученици на едногодишното школување , но затоа секој ученик добива свидетелство за завршена година кое подоцна кај нас може да се нострификува.
- Организатори на оваа програма во Америка се проверени и познати организации за културна размена кои како такви се признати од страна на америчката влада ( Тhe Office of Youth Exchange of United States Information Agency) како и од CSIET ( Council on Standards for International Educational Travel). Организатор на програмата во нашата земја е агенција на чиј врв се наоѓаат луѓе со богато искуство во организирање и реализација на патувања и престој на ученици и студенти во странство со образовна цел.
Што опфаќа програмата?
- Интервјуирање, тестирање и селекција на кандидатот
- Сместување и исхрана ( освен ручеците во училиштето ) во внимателно одбрано америчко семејство
- Упис и школување во едно од америчките училишта
- Селекција на семејството домаќин
- Месечен извештај за секој ученик
- Надгледување на семејството и локален координатор ( личности кои од самиот почеток до крајот на програмата ќе се грижат за твојот престој и школување )
- Ориентација-Запознавање со сите детални врски за твојот престој во Америка како и начините на прилагодување во новата средина. Ориентацијата се извршува два пати: непосредно пред пат и по доаѓањето во Америка.
- Бесплатен дежурен телефон 24 часа, седум дена во неделата во случај на ургенција
- Неопходен документ за добивање Ј-1 Exchange Visitor Visa
- Здравствено осигурување и осигурување во случај на несреќа
- Прирачник со упатства за учество на програмата
- Трансфер во Америка од и до најблискиот аеродром на семејството домаќин
Услови за учество на програмата
- Ученици во средните училишта од 15 до 18 години старост
- Ученици со најмалку многу добар успех во училиште
- Познавање на англиски јазик на ниво на разбирање и можност за следење на настава ( тестирањето на англиски јазик СЛЕП тест со мин. 45 поени е задолжително при интервјуирање на студентот)
- Одлична здравствена состојба
- Флексибилност, толерантност , одговорност, прилагодливост
Начин на пријавување
- Рок за предавање на пополнетите пријави за едногодишната програма( 10 месеци) е најдоцна до 21 јануари 2012.
Потребно е читко да се пополни пријавата ( Application form) која се добива во нашата агенција како и сите неопходни документи ( фотографии, фотокопии на свидетелства и сл.) - По предавањето на пријавата се закажува интервју со кандидатот и неговите родители како и проверка на познавањето на англискиот јазик СЛЕП тест. По успешно извршување на интервјуто комплетираната пријава се праќа на организаторот на програмата во Америка кој дава конечен збор за прифаќање на програмата. За својата одлука писмено ја известува агенцијата односно кандидатот.
Држава и град во кој се наоѓа училиштето и семејството
Врз основа на податоците од пријавата т.е особините, начинот на живеење, интересите на кандидатот , организаторот на програмата приоѓа кон барање на адекватнео семејство и училиште кое според утврдените стандарди ќе ги задоволи критериумите за едногодишен престој на странскиот ученик во Америка.
Кандидатот прифатен на програмата добива, по пронаоѓањето на адекватното семејство од страна на организаторот на програмата во Америка, досие за детални информации и фотографии на семејството домаќин како би можел да пред поаѓање на пат добро се информира и го запознае семејството како и местото каде ќе живее една година, и школото кое ќе го посетува.
Семејеството може да го сочинуваат еден или два родители со деца ( врсници или помали деца) или без нив. Семејството го прифаќа кандидатот на волонтерска основа и го третита како член на семејстовото а не како гостин во текот на целиот престој во Америка.
Локациите на кои волонтерските семејства живеат можат да бидат во градови, предградија, помали места како и во рурални-слабо населени места.
Добивање виза
Откако ќе се обезбеди семејство домаќин и училиште организаторот на програмата во Америка праќа документ ДС-2019 неопходен за добивање виза.
Доколку кандидатот пред пријавување на програмата порано веќе поднесувал молба за добивање и во таа прилика бил/а одбиен, должен е за тоа да ја извести агенцијата при пријавување на програмата.
Почеток и крај на програмата
Програмата трае вкупно 10 месеци. Почеток на програмата е од прилика недела дена пред почеток на школската година. Точниот датум на заминувањето и враќањето го одердува партнер организацијата од САД.