Job Placement France – Работна Програма за Студенти
За програмата
Job Placement France е програма наменета на студентите кои сакаат да го усовршат францускиот јазик, да ги запознаат обичаите и културата на Франција и да стекнат работно искуство вршејќи некоја студентска сезонска работа во туристичките објекти низ цела Франција.
Job Placement France спаѓа во програмите за меѓународна културна размена на млади и студенти.
Благодарејќи на оваа програма, на студентите им се нуди можност во текот на летниот распуст (најмалку 60, а најмногу 90 денови), да престојуваат во Франција. За да можат да го финансираат својот престој, на учесниците на програмата им е овозможено за парична надомест да вршат студентски сезонски работи од областа на туризмот и услугите.
Услови за учество на програмата
Право на учество во програмата Job Placement имаат исклучиво студенти:
- од акредитирани универзитети и виши школи
- на возраст 18-30 години
- државјани на Србија, Црна Гора, Македонија и БиХ (со биометриски пасош)
- со знаење на француски јазик (најмалку средно ниво на знаење)
- мотивирани, совесни, одговорни, флексибилни, вредни, со основно работно искуство од областа на туризмот и услугите, подготвени да работат во тек на летото
Должина на траење на програмата
Програмата трае најмалку 60, a највеќе 90 дена. Програмата се организира исклучиво во време на летниот распуст кога студентите немаат предавања и испитни рокови.
Процедура на програмата
- Кандидатот треба да се пријави најдоцна 7 недели пред датумот предвиден за почеток на програмата.
- Откако агенцијата од Франција (организатор на програмата) ќе ја прими пријавата, таа ќе закаже телефонско интервју со кандидатот, преку агенцијата Караван Травел, за да се утврди нивото на знаење на францускиот јазик и видовите на работи кои кандидатот сака да ги врши во текот на програмата. Во таа прилика се проверуваат податоците и барањата на кандидатот кои се важни за неговиот престој во Франција.
- По интервјуто (а најдоцна во рок од 15 дена), агенцијата од Франција праќа Потврда за прием на кандидатот во програмата. Во Потврдата за прием во програмата се наоѓаат сите информации во врска со престојот на кандидатот, видот на работа која ќе ја извршува и датумите на почеток и завршување на програмата. Потврдата за прием на програмата се смета за договор.
- Потоа Пријавата на кандидатот се проследува до компаниите, заинтересирани за прием на на учесниците во програмата. Може да се случи компанијата директно да го контактира кандидатот по телефон. Важно е да се напомене дека одлуката за ангажирање на кандидатите ја носи компанијата.
- По доаѓањето во Франција, агенцијата од Франција организира интервју на учесниците во програмата (кои не добиле работни понуди пред почетокот на програмата) со заинтересираните работодавачи. Доколку учесникот во програмата не добие работа веднаш по првото интервју со првиот работодавач, организацијата од Франција ќе организира второ интервју со друг работодавач (Напомена: организацијата од Франција има обврска да организира разговори со најмногу 3 работодавачи). Напомена: Учесникот во програмата е обврзан да разговара со секој работодавач со кој агенцијата од Франција му организирала интервју. Најчест случај е учесниците во програмата да бидат ангажирани веќе по првото интервју со заинтересиран работодавач.
- Веднаш откако на учесникот во програмата ќе му биде обезбедена работа, организацијата од Франција ја набавува (од надлежен орган) неопходната дозвола за сезонска работа на студентите во програмата за размена (APT – Autorisation Provisoire de Travail)
- Ако на учесникот во програмата му е потврдена работната понуда пред почетокот на програмата, во тој случај организацијата од Франција на кандидатот ќе му ја прати потврдената работна понуда преку агенцијата Караван Травел. Работната понуда содржи детали во врска со работата и работодавачот.
Со свој потпис, учесникот во програмата потврдува дека е согласен/согласна со условите од работната понуда и се обврзува дека ќе ги почитува. Потоа, организацијата од Франција (преку надлежен орган во Франција) ја обезбедува неопходната дозвола за сезонска работа на студенти од програмата за размена (APT – Autorisation Provisoire de Travail) која ќе му ја предаде по неговото пристигање во Франција.
Работи кои ги извршуваат учесниците во програмата
Учесниците во програмата извршуваат сезонски студентски работи од областа на хотелиерството, угостителството, продажбата и сл. во туристичките објекти и центрите за одмор низ цела Франција.
Организацијата од Франција им обезбедува работа на учесниците во програмата доставувајќи им ја нивната биографија и пропратно писмо (cover letter) на работодавачи во Франција кои се заинтересирани да примат на работа студенти преку лето. Одлуката за ангажирање на учесниците во програмата ја носи работодавачот.
Организацијата од Франција има обврска на учесникот во програмата да му обезбеди една потврдена работна понуда. Учесниците во програмата немаат можност да бираат работни понуди. Доколку учесникот во програмата не ја прифати понудената работна понуда ќе биде отстранет од програмата.
Знаењето на француски јазик е од голема важност при обезбедување на работите. Работодавачите се определуваат да ангажираат за работа со клиенти исклучиво кандидати кои добро го зборуваат францускиот јазик. Исто така од голема важност е и искуството на кандидатот за работа на одредени места, неговата мотивираност, флексибилност, вештина на комуницирање, како и способноста за прилагодување на нова средина и луѓе.
Учесниците во програмата треба да бидат одговорни и професионални, подготвени брзо и ефикасно да се прилагодат на новата средина, обичаи, правила на компанијата и да станат дел од тимот. Од учесниците во програмата се очекува да ги почитуваат датумите на почеток и завршување на програмата, како и распоредот на работа.
Во согласност со различните работни позиции, учесниците во програмата ќе работат 30-39 часа неделно. Прекувремената работа, доколку има потреба од дополнителна работа, ќе биде дополнително платена.
Минималната загарантирана заработувачка во Франција е 8.86 Евра по час работа (бруто). Од оваа заработувачка треба да се одземе данокот (23%) за да се добие нето заработувачката по час работа.
Бројот на работни часови, евентуалната прекувремена работа и работен распоред зависат од организацијата и потребата на секој работодавач одделно.
Заработувачката им се плаќа на студентите на чек или со уплата на банкарска сметка, на крајот на тековниот, односно почетокот на следниот месец.
Сместување
- По доаѓањето во Париз (на почеток од програмата)Без оглед каде се наоѓа работодавачот, учесниците во програмата треба на почетокот на програмата да допатуваат во Париз каде ќе присуствуваат на ориентациски состанок.
Доколку учесникот во програмата нема потврдена работна понуда пред почетокот на програмата, по ориентацискиот состанок во Париз, организацијата од Франција ќе му организира интервју со работодавач.
Во текот на ориентацискиот програм, сместувањето на учесниците во програмата е обезбедено во младински хостели во Париз. Со програмата е предвидено учесниците да престојуваат во Париз 1 ден на почетокот и 1 ден на крајот од програмата.
Напомена: Учесниците во програмата кои имаат обезбедена работна понуда кај работодавач во Париз одат право во резервираното сместување. - Во тек на програматаВо тек на траење на програмата сместувањето е обезбедено од организацијата од Франција.
Веднаш откако на учесникот во програмата ќе му биде потврдена работната понуда, организаторот на програмата од Франција ќе направи резервација на сместување на негово име. При резервирање на сместувањето се води сметка објектите на сместување да се добро поврзани со јавен градски превоз работодавачите кај кои работат учесниците во програмата.
Трошоците за обезбедување на сместувањето изнесуваат 100 EUR и се неповратни.
Депозитот за сместување, во износ од 250 EUR, исто така треба да се плати при пријавувањето. Депозитот ќе им биде вратен на учесниците на крајот на програмата (под услов да не е направена штета односно програмата да не е предвреме прекината).
Доколку депозитот за сместување во резервираниот сместувачки објект изнесува повеќе од 250 EUR, учесникот во програмата ќе ја плати разликата на лице место.
Значи, при пријавување на програмата потребно е да се пополни пријавата за сместување и да се уплати износ од 350 EUR на име услуга за обезбедување на сместување и депозит за сместување.
Со потпишување на пријавата за обезбедување на сместувањето, учесникот во програмата потврдува дека во текот на целото времетраење на програмата ќе биде во обезбеденото сместување и дека ќе ги почитува правилата кои важат во тој објект односно семејство.
Сместувањето е воглавно обезбедено во младински хостели и семејства (помал број). Собите се повеќекреветни. Трошоците за сместување изнесуваат околу 400-500 EUR месечно.
Некои работодавачи им обезбедуваат сместување на студентите кои работат кај нив. Во тој случај, трошоците за сместување ќе бидат одбиени од заработувачката на учесникот во програмата.
Пристигање во Франција
Учесникот во програмата е обврзан да ја извести агенцијата за точниот датум, време и место на пристигање во Париз, најдоцна 2 недели пред почетокот на програмата.
Откако ќе биде известена за точниот датум и време на пристигање на учесникот во програмата во Париз, организацијата од Франција ќе му достави информација како најлесно да дојде до канцеларијата во Париз (во која ќе се одржи ориентацискиот состанок) односно до сместувачкиот објект во кој ќе биде сместен, како и за времето на одржување на ориентацискиот состанок. Важно е учесникот во програмата да го почитува закажаното време. Ориентацискиот состанок ќе се одржи веднаш по доаѓањето на учесникот во програмата во Париз во закажаното време.
На ориентацискиот состанок на учесниците во програмата ќе им бидат појаснети правилата на програмата, францускиот банкарски систем, правилата на однесување на вработените, француската култура и обичаи и сл. Овие предавања имаат за цел на учесниците во програмата да им го олеснат прилагодувањето на новата средина.
Трансфер до работодавачот
На учесниците во програмата кои ќе работат кај работодавач надвор од Париз, организацијата од Франција ќе им ги даде потребните информации за тоа како да стигнат до своите работодавачи. Учесниците во програмата треба да земат пари за да ги покријат трошоците на трансферот. Студентите најчесто патуваат со железница. Работодавачите обично ги чекаат учесниците во програмата на железничка станица во своето матично место.
Важно
- Секој учесник во програмата е должен да ги почитува правилата и регулативи на програмата воспоставени од организацијата од Франција. Во случај да ги прекрши правилата на програмата, учесникот ќе биде „отстранет” од програмата, без право на поврат на парите под ниеден услов.
- За време на работното ангажирање, учесниците во програмата подлежат на француските позитивни прописи кои се однесуваат на вработените и должни се да ги почитуваат: времето на интервју, правилата за облекување на работното место – dress code (деталите се наоѓаат во раната понуда), работното време, условите на работа, интерните правила на компанијата.
Осигурување
Организаторот на програмата од Франција обезбедува осигурување на учесниците во програмата кое ги покрива трошоците за репатријација, несреќен случај и граѓанска одговорност.
Учесниците во програмата мораат да имаат и здравствено осигурување со кое се покриени трошоците до 30.000 EUR. Полисата на задолжително здравствено осигурување учесниците во програмата мораат да ја приложат пред почетокот на програмата. Здравственото осигурување можат да го обезбедат сами или преку агенцијата Караван травел.
Напомена: Организацијата од Франција и агенцијата Караван травел не одговараат за евентуална штета која ќе ја направи учесникот во програмата во текот на престојот во Франција.
Прекинување на програмата од страна на организацијата од Франција
Организаторот на програмата од Франција ќе го „отстрани’’ учесникот од програмата без право на враќање на средствата во следните случаи:
– ако учесникот во програмата ја одбие понудената работна понуда која одговара на неговите барања од пријавата и интервјуто
– ако учесникот во програмата го напушти работодавачот
– ако учесникот на програмата добие отказ од страна на работодавачот
Пријавување
За пријавување на програмата Job Placement France, неопходно е кандидатите да ги приложат следните документи:
- Разбирливо пополнета пријава (задолжително да се напише датумот и да се стави потпис на секоја страна)
- CV (во кое ќе биде наведено и работното искуство) со слика
- Мотивациско писмо (на француски) наменето за работодавачите
- Мотивациско писмо (на француски) наменето за организаторот на програмата во Франција со објаснување за мотивите на кандидатот за пријава на оваа програма
- Препораки (доколку ги поседувате)
- Фотокопија на пасош
- 1 фотографија
- Уверение од факултет за студирање + заверен превод на француски јазик
- Фотокопија од индекс т.е. студентска картичка 
Документи кои треба да се достават по добивање на Потврдата за прием на програмата:
- Извод од матичната книга на родени + заверен превод на француски
- Инструкции за уплата од странство од банката во која е отворена девизна сметка.