Шпанија

ОРГАНИЗАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

Во училиштето за јазик е ангажиран тим на постојано вработен персонал кој зборува повеќе јазици и кој е задолжен за следење на работата на секој посетител на курсот одделно, почнувајќи од директорот на училиштето, Accommodation Manager – задолжен за сместување, професори, Academic Counselor – лице задолжено за следење на напредокот на секој ученик, Activities Director – лице задолжено за организирање на општествените, културните и спортските активности на посетителите на курсот.

НАСТАВА

26 односно 32 часа шпански јазик неделно (General т.е. Intensive курс).Во тек на летото, училиштето организира и Основен курс кој содржи 20 часа шпански јазик неделно.Часовите траат 40 минути. Курсевите се смислени на начин на кој учењето на јазикот е прилагодено на потребите на поединецот и на неговото претходно знаење на јазикот и претставуваат идеална комбинација на учење, забава и одмор. Пред почетокот на курсот задолжително е тестирање и во зависност од познавањето на јазикот, учениците се распоредуваат по групи на следните нивоа: Beginner, Elementary, Pre-intermediate, Intermediate, Upper intermediate, Pre-advanced и Advanced. Групите имаат максимум 15 посетители. Целиот материјал за следење на наставата е обезбеден и вклучен во цената на курсот.По завршување на курсот секој посетител добива соодветен сертификат.

СМЕСТУВАЊЕ

Посетителите на курсот по шпански јазик можат да бидат, според сопствен избор, сместени:

  • Во семејство: сместувањето е обезбедено во еднокреветни и двокреветни соби на база на полупансион од понеделник до петок, односно на база на полн пансион во деновите на викендот. Во собите се сместени ученици, т.е. студенти од различна националност со цел што повеќе да се користи шпанскиот јазик. Со доплата, можно е сместување и во еднокреветни соби.
  • Во студентски дом (интернат): Сместувањето е обезбедено во еднокреветни, двокреветни, трокреветни односно повеќекреветни соби. Исхраната е најчесто врз база на self catering (самопослужување), со користење на заедничка кујна. Подетални информации за сместувањето за секоја дестинација може да се добијат во агенцијата Наром Травел.

ВОН-НАСТАВНИ АКТИВНОСТИ

Вон-наставни активности: По завршување на наставата, Училиштето организира спортски и општествени активности за посетителите (спортски натпревари, скара, посета на културно-историските и другите интересни места во градот итн.).За овие активности се задолжени аниматори кои ја организираат и раководат со програмата со цел да се развие дружење на посетители и усовршување на шпанскиот јазик. Училиштето исто така организира и целодневни екскурзии, кои се изборни и дополнително се плаќаат.

ГРАДОВИ