Њујорк

РЕВОЛУЦИОНЕРЕН НАЧИН НА УЧЕЊЕ -СИСТЕМ ЕФЕКТА

ЕФЕКТА претставува револуционерна новост во учењето на англиски јазик. Тоа е метод на интерактивно учење на јазик преку компјутер. Со помош на овој систем, кој користејќи ги најновите технологии овозможува покрај класичното учење на јазикот во училница со професор, се овозможува дополнително учење со помош на iLAB-innovative language lab како и LPod-hand held language companion. Овој проект е усовршуван полни 5 години и на него работел голем тим на стручњаци (лингвисти, информатичари и сл.). Секој ученик, кој ќе се пријави на курс по јазик, добива пристап до Системот Ефекта, кој му овозможува учење на англиски јазик со помош на компјутер пред почеток на курсот, како и користење на системот 3 месеци по завршување на курсот.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

Во училиштето за јазик е ангажиран тим на постојано вработен персонал задолжен за следење на работата на секој посетител посебно, почнувајќи од директорот на училиштето, Accommodation Manager-задолжен за сместување, професори, Academic Counselor-лице задолжено за следење на напредокот на секој ученик, Activities Director- лице задолжено за организирање на општествените, културните и спортските активности на посетителите на курсот.

НАСТАВА

26 односно 32 часа англиски јазик неделно (General т.е. Intensive курс) вклучувајќи и 6 iLab часа интерактивно учење со помош на компјутери и професор кој ја води наставата. Во текот на летото, училиштето организира и Основен курс кој содржи 20 часа англиски јазик неделно (овој курс не вклучува iLab настава). Часовите траат 40 минути. Курсевите се смислени на начин на кој учењето на јазикот е прилагодено на потребите на поединецот и на неговото претходно знаење на јазикот и претставуваат идеална комбинација на учење, забава и одмор. Пред почетокот на курсот задолжително е тестирање и во зависност од познавањето на јазикот, учениците се распоредуваат по групи на следните нивоа: Beginner, Elementary, Pre-intermediate, Intermediate, Upper intermediate, Pre-advanced и Advanced. Групите имаат максимум 15 посетители. Целиот материјал за следење на наставата е обезбеден и вклучен во цената на курсот. По завршување на курсот секој посетител добива соодветен сертификат.

СМЕСТУВАЊЕ

Посетителите на курсот по англиски јазик може според сопствен избор да бидат сместени:

  • Во семејство: Сместувањето е обезбедено во двокреветни соби на база на полупансион од понеделник до петок, односно на база на полн пансион во деновите на викендот. Во собите се сместени ученици, т.е. студенти од различна националност со цел што повеќе да се користи англискиот јазик. Со доплата, можно е сместување и во еднокреветни соби.
  • Во студентски дом (интернат): Сместувањето е обезбедено во еднокреветни, двокреветни, трокреветни т.е. повеќекреветни соби. Исхраната е најчесто врз база на self catering (самопослужување), со користење на заедничка кујна. Подетални информации за сместувањето за секоја дестинација може да се добијат во агенцијата Наром Травел.

ВОН-НАСТАВНИ АКТИВНОСТИ

По завршување на наставата, училиштето организира спортски и општествени активности за посетителите (спортски натпревари, скара, посета на културно-историските и другите интересни места во градот итн.). За овие активности се задолжени аниматори кои ја организираат и раководат со програмата со цел да се развие дружење на посетители и усовршување на англискиот јазик. Училиштето исто така организира и целодневни екскурзии, кои се изборни и дополнително се плаќаат.

ЊУЈОРК

Њујорк, градот кој никогаш не спие. Искористете ја приликата и упознајте го еден од најурбаните и најпосетените градови на светот: 5-та авенија, Бродвеј, Метрополитен музејот, Тајмс сквер, зградата Емпаер стејт и многу други работи се само дел од она што-Големото јаболко може да го понуди. Почувствувајте го духот на космополитскиот град и прошетајте низ Менхетн, посетете ја Статуата на слободата, Вол стрит, Крајслер билдинг, уживајте во пријатните прошетки низ Централ парк… Училиштето во Њујорк: Училиштето се наоѓа 5 минути пеш од Tarrytown (дел на Њујорк оддалечен од Менхетн околу 40 мин.). Со директна линија на метрото се стигнува многу брзо до центарот на Њујорк. Училиштето EF во Њујорк е првиот EF интернационален камп во светот. Кампот се наоѓа во преубавиот шумски дел на Tarrytown и нуди безбројни можности за учење и релаксација. Исклучителните услови за учење и усовршување на англискиот јазик на дофат од една од најголемите светски метрополи, претставува идеална комбинација и вистинска причина за избор на оваа дестинација.

ВО ПРОГРАМАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Курс за јазик
  • Систем Ефекта – интерактивно учење со помош на компјутер. Секој посетител на курсот, по уплаќање на целокупниот износ на курсот, добива шифра за пристап кон Системот Ефекта кој му овозможува учење на англиски јазик со помош на компјутер пред поаѓање на курсот, како и користење на овој систем и 3 месеци по завршување на курсот.
  • Сместување во семејство во двокреветни соби (исхрана на база на полупансион во деновите кога се одржува настава и полн пансион во денови на викенд), т.е. Студентски интернат (дом), сместување со користење на кујна.
  • Вон-наставни активности кои ги организира училиштето за јазик
  • Документ I-20
  • Материјал за следење на наставата
  • Користење на интернет и e-mail
  • Праќање на документи по брза пошта
  • Сертификат за завршен курс
  • Efekta Fluency Test и Efekta Progress Tracker