ОРГАНИЗАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
Во училиштето за јазик е ангажиран тим на постојано вработен персонал кој зборува повеќе јазици и кој е задолжен за следење на работата на секој посетител на курсот одделно почнувајќи од директорот на училиштето, Accommodation Manager- задолжен за сместување, професори, Academic Counselor – лице задолжено за следење на напредокот на секој ученик, Activities Director – лице задолжено за организирање на општествените, културните и спортските активности на посетителите на курсот.
НАСТАВА
15, 20 или 30 часа италијански јазик неделно. Часовите траат 50 мин. Курсот е прилагоден на сите нивоа од апсолутни почетници до најнапредни. По доаѓањето во Рим, студентите прават тест и се распоредуваат во соодветни нивоа и групи. Максималниот број на студенти во група е 14 или за мали групи 6 студенти. Комплетните наставни средства се обезбедени. По завршување на курсот, секој посетител добива соодветен сертификат.
СМЕСТУВАЊЕ
На барање, се обезбедува сместување во семејство или апартман. Исто така, можен е и Bed & Breakfast или хотелско сместување. Сместувањето во семејство може да биде во еднокреветна или двокреветна соба со користење на купатило и кујна. Промена на постелнината и потрошената струја и гас влегуваат во цената, а доколку сакате да имате вклучена исхрана, таа дополнително се наплатува.
ВОН-НАСТАВНИ АКТИВНОСТИ
Разни спортски натпревари, скара, колективна посета на интересните места во градот итн. За овие активности се задолжени аниматори кои ја организираат и раководат со програмата со цел да се развие дружење на посетители и усовршување на италијанскиот јазик. Екскурзиите се изборни.
РИМ
Еден од најфасцинантните светски градови, Рим е истовремено и музеј на отворено.Велат дека сите патишта водат во Рим. Уверете се зошто и пронајдете ја магијата и мистеријата на главниот град на Италија. Бидете одушевени од Колосеумот и фрлете паричка во фонтана De Trevi. Погледајте го Palatine Hill, каде Рим е практично основан и Пантеонот, најкомплетниот древен споменик, завршен 125 година од нашата ера. Качете се по шпанските скали и застанете покрај ексклузивните продавници близу до улица Кондоти. Упатете се кон Ватикан да се одушевувате од Сикстинската капела чии фрески беа неодамна реставрирани. Во топлите летни вечери уживајте со вкусен сладолед во кафеаните на отворено на плоштадот Навона.
Училиште:Училиштето се наоѓа во центарот на Рим, недалеку од централната железничка станица. Има 10 училници, видео и ДВД кабини, бесплатно користење на интернет, студентски клуб, бар.