ОРГАНИЗАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
Во училиштето за јазик е ангажиран тим на постојано вработен персонал кој зборува повеќе јазици и кој е задолжен за следење на работата на секој посетител на курсот одделно, почнувајќи од директорот на училиштето, Accommodation Manager – задолжен за сместување, професори, Academic Counselor – лице задолжено за следење на напредокот на секој ученик, Activities Director – лице задолжено за организирање на општествените, културните и спортските
НАСТАВА
20, 24 односно 28 часа германски јазик неделно (Standard, Intensive, одн. Premium).Часовите траат 45 мин. Курсевите се осмислени така што учењето на јазик е прилагодено на потребите на поединецот и неговото претходно познавање на јазикот и претставуваат идеална комбинација на учење, забава и одмор. Пред почетокот на курсот задолжително е тестирање и во зависност од знаењето на јазикот, учениците се распоредуваат по групи на следните нивоа: Beginner, Elementary, Pre-intermediate, Intermediate, Upper intermediate, Pre-advanced и Advanced. Групите имаат најчесто од 10 до 12, а максимум 15 посетители.По завршување на курсот, секој посетител добива соодветн сертификат.
СМЕСТУВАЊЕ
Посетителите на курсот по германски јазик можат да бидат, според сопствен избор, сместени:
- Во семејство: сместувањето е обезбедено во еднокреветни и двокреветни соби на база на ноќевање со појадок или полупансион.
- Во приватен апартман: Можеме да обезбедиме сместување во приватен стан кој може да го делите со останатите студенти или да ви помогнеме да најдете соба во едно домаќинство со семејство каде би имале простор за себе, но би делеле купатило и кујна.
- Во младински хостел: за овој вид сместување потребно е да имате најмалку 18 години. Сместувањето е можно во еднокреветна или двокреветна соба со вклучена исхрана или без исхрана.
ВОН-НАСТАВНИ АКТИВНОСТИ
Вон-наставни активности: По завршување на наставата, училиштето организира спортски и општествени активности за посетителите (спортски натпревари, скара, посета на културно-историските и другите интересни места во градот итн.).Училиштето исто така организира и целодневни екскурзии, кои се изборни и дополнително се плаќаат.
МИНХЕН
Прекрасната барокна архитектура, палатите и друштвениот народ во главниот град на Баварија, го прават Минхен одлично место за учење на германскиот јазик. Градот има околу 1.2 милиони жители. Освен музеи, модерни галерии и некои од најубавите градби во Германија, Минхен е центар на германската економија, дом на БМВ и електронската индустрија. Модерната архитектура, умешно вклопена со бројните готски и барокни цркви, придонесува кон неговиот единствен шарм. Во зима главно се оди на скијање во блиските алпски центри, а на лето се седи во бавчите на многубројните пивници и се ужива на сонце или се оди на некое од блиските езера во околината. Тоа е град кој има за секого по нешто: спортски атракции, изложби, кина, филмски фестивали, модни ревии, концерти, дискотеки итн. Градот е познат и по прочуениот “Октоберфест”
Училиштето се наоѓа во близина на централната метро станица и оддалечено е 5 мин. возење со метро од центарот на градот. Училиштето има 11 училници, центар за самостојно учење, библиотека, мултимедијална соба со 6 компјутери, интернет кафе, просторија за разонода со понуда на пијалоци и пинг понг.