Франкфурт

ОРГАНИЗАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

Во училиштето за јазик е ангажиран тим на постојано вработен персонал кој зборува повеќе јазици и кој е задолжен за следење на работата на секој посетител на курсот одделно, почнувајќи од директорот на училиштето, Accommodation Manager – задолжен за сместување, професори, Academic Counselor – лице задолжено за следење на напредокот на секој ученик, Activities Director – лице задолжено за организирање на општествените, културните и спортските активности на посетителите на курсот.

НАСТАВА

Стандард (20 часа неделно за мин. 2 недели) или Интензивен (30 часа неделно).Часовите траат 45 мин. а во групата има најмногу 10 студенти. Пред почетокот на курсот задолжително е тестирање и во зависност од знаењето на јазикот, учениците се распоредуваат по групи на следните нивоа: Beginner, Elementary, Pre-intermediate, Intermediate, Upper intermediate, Pre-advanced и Advanced. Часовите се одржуваат од понеделник до петок, а за викенд и празници нема настава. Целиот материјал за следење на наставата училиштето ви го дава на користење додека трае курсот и вклучен е во цената. По завршување на курсот, секој посетител добива соодветен сертификат.

СМЕСТУВАЊЕ

Посетителите на курсот по германски јазик можат да бидат, според сопствен избор, сместени:

  • Во семејство: сместувањето е обезбедено во еднокреветна соби на база на ноќевање со појадок или полупансион.
  • Во студентски апартман: Сместувањето е обезбедено во еднокреветна или двокреветна соба. Апартманот има 6 соби, потполно опремена кујна и две купатила кои ги делат сите гости. Се наоѓаат во иста зграда со училиштето или на оддалеченост од 5-15 мин. пеш.

 

ВОН-НАСТАВНИ АКТИВНОСТИ

Вон-наставни активности: По завршување на наставата, училиштето организира спортски и општествени активности за посетителите (спортски натпревари, скара, посета на културно-историските и другите интересни места во градот итн.). За овие активности задолжени се аниматори кои ја организираат и раководат со програмата, со цел да се овозможи дружење на посетителите и усовршување на германскиот јазик.Училиштето исто така организира и целодневни екскурзии, кои се изборни и дополнително се плаќаат.

ФРАНКФУРТ

Франкфурт е финансиски центар на Германија и Европската унија и претставува еден од културно најразличните градови. Тоа е град со комбинација на музеи и модерни облакодери, град во кој се спојува новото и старото време. Можете да ја посетите Старата опера (Old Opera House) која служи како концертна сала, да се качите на врвот на Main tower откаде се пружа поглед на целиот регион, да ја посетите зоолошката градина, безбројните ресторани или барови.

Училиштето се наоѓа во непосредна близина до центарот на градот, 2 мин одење од главната улица. Поради својата постојана експанзија во текот на последните неколку години, училиштето мораше да се пресели во нови објекти со повеќе простор за канцеларии и училници. На приземјето се наоѓаат рецепција и централна сала во стил на кафетерија. Училиштето има 12 училници, мини кујна и библиотека.