ОРГАНИЗАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
Во училиштето за јазик е ангажиран тим на постојано вработен персонал кој зборува повеќе јазици и кој е задолжен за следење на работата на секој посетител на курсот одделно, почнувајќи од директорот на училиштето, Accommodation Manager – задолжен за сместување, професори, Academic Counselor – лице задолжено за следење на напредокот на секој ученик, Activities Director – лице задолжено за организирање на општествените, културните и спортските активности на посетителите на курсот.
НАСТАВА
20, 24 односно 28 часа германски јазик неделно (Standard, Intensive, одн. Premium). Часовите траат 45 мин. Курсевите се осмислени така што учењето на јазик е прилагодено на потребите на поединецот и неговото претходно познавање на јазикот и претставуваат идеална комбинација на учење, забава и одмор. Пред почетокот на курсот задолжително е тестирање и во зависност од знаењето на јазикот, учениците се распоредуваат по групи на следните нивоа: Beginner, Elementary, Pre-intermediate, Intermediate, Upper intermediate, Pre-advanced и Advanced. Групите имаат најчесто од 10 до 12, а максимум 15 посетители.По завршување на курсот, секој посетител добива соодветн сертификат.
СМЕСТУВАЊЕ
Посетителите на курсот по германски јазик можат да бидат, според сопствен избор, сместени:
- Во семејство: сместувањето е обезбедено во еднокреветни и двокреветни соби на база на ноќевање со појадок или полупансион.
- Во приватен апартман: Можеме да обезбедиме сместување во приватен стан кој може да го делите со останатите студенти или да ви помогнеме да најдете соба во едно домаќинство со семејство каде би имале простор за себе, но би делеле купатило и кујна.
- Во младински хостел: за овој вид сместување потребно е да имате најмалку 18 години. Сместувањето е можно во еднокреветна или двокреветна соба со вклучена исхрана или без исхрана.
ВОН-НАСТАВНИ АКТИВНОСТИ
Вон-наставни активности: По завршување на наставата, училиштето организира спортски и општествени активности за посетителите (спортски натпревари, скара, посета на културно-историските и другите интересни места во градот итн.).Училиштето исто така организира и целодневни екскурзии, кои се изборни и дополнително се плаќаат.