ОРГАНИЗАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
Во училиштето за јазик е ангажиран тим на постојано вработен персонал задолжен за следење на работата на секој посетител посебно, почнувајќи од директорот на училиштето, Accommodation Manager – задолжен за сместување, професори, Academic Counselor – лице задолжено за следење на напредокот на секој ученик, Activities Director – лице задолжено за организирање на општествените, културните и спортските активности на посетителите на курсот.
НАСТАВА
26 односно 32 часа француски јазик неделно (General т.е. Intensive курс).Во текот на летото, училиштето организира и Основен курс кој содржи 20 часа француски јазик неделно.Часовите траат 40 минути. Курсевите се смислени на начин на кој учењето на јазикот е прилагодено на потребите на поединецот и на неговото претходно знаење на јазикот и претставуваат идеална комбинација на учење, забава и одмор. Пред почетокот на курсот задолжително е тестирање и во зависност од познавањето на јазикот, учениците се распоредуваат по групи на следните нивоа: Beginner, Elementary, Pre-intermediate, Intermediate, Upper intermediate, Pre-advanced и Advanced. Групите имаат максимум 15 посетители. Целиот материјал за следење на наставата е обезбеден и вклучен во цената на курсот.По завршување на курсот секој посетител добива соодветен сертификат.
СМЕСТУВАЊЕ
Посетителите на курсот по француски јазик може според сопствен избор да бидат сместени:
- Во семејство: Сместувањето е обезбедено во двокреветни соби на база на полупансион од понеделник до петок, односно на база на полн пансион во деновите на викендот. Во собите се сместени ученици, т.е. студенти од различна националност со цел што повеќе да се користи францускиот јазик. Со доплата, можно е сместување и во еднокреветни соби.
- Во студентски дом (интернат): Сместувањето е обезбедено во еднокреветни, двокреветни, трокреветни т.е. повеќекреветни соби. Исхраната е најчесто врз база на self catering (самопослужување), со користење на заедничка кујна. Подетални информации за сместувањето за секоја дестинација може да се добијат во агенцијата Наром Травел.
ВОН-НАСТАВНИ АКТИВНОСТИ
По завршување на наставата, училиштето организира спортски и општествени активности за посетителите (спортски натпревари, скара, посета на културно-историските и другите интересни места во градот итн.). За овие активности се задолжени аниматори кои ја организираат и раководат со програмата со цел да се развие дружење на посетители и усовршување на францускиот јазик. Училиштето исто така организира и целодневни екскурзии, кои се изборни и дополнително се плаќаат.
ПАРИЗ
Париз – град на светлината, град на престижни факултети и универзитети, светски центар на модни збиднувања, гастрономска престолнина, со еден збор : културен центар на светот. Ќе споменеме само некои од знаменитостите на оваа европска метропола: Ајфеловата кула -препознатливата кула е заштитен знак на Париз, катедралата Нотр Дам, Елисејските полиња, Лувр – светски познатиот музеј во кој се наоѓаат дела на најпознатите светски творци и уметници, Монмартр – културен и уметнички дел на градот, место на бројни уметници, Плас де ла Бастиљ, Мулен Руж, Операта во Париз, Сорбона – престижниот универзитет и уште многу други знаменитости.
Училиштето во Париз:училиштето се наоѓа во престижен дел на Париз, во Les Grand Boulevards, на само неколку минути одење од париската метро станица Republique. Сместено е во шармантна париска зграда со убаво опремени училници, кабинети со компјутери и модерни сали за одмор, со бесплатен безжичен интернет кои им се на располагање на посетителите на курсевите.
ВО ПРОГРАМАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Курс за јазик (број на часови од табелата)
- Сместување во семејство во двокреветни соби и исхрана на база на полупансион
- Вон-наставни активности кои ги организира училиштето за јазик
- Материјал за следење на наставата
- Користење на интернет и e-mail
- Сертификат за завршен курс