Брајтон

РЕВОЛУЦИОНЕРЕН НАЧИН НА УЧЕЊЕ – СИСТЕМ ЕФЕКТА

ЕФЕКТА претставува револуционерна новост во учењето на англиски јазик. Тоа е метод на интерактивно учење на јазик преку компјутер. Со помош на овој систем, кој користејќи ги најновите технологии овозможува покрај класичното учење на јазикот во училница со професор, дополнително учење со помош на iLAB-innovative language lab како и LPod-hand held language companion. Овој проект е усовршуван полни 5 години и на него работел голем тим на стручњаци (лингвисти, информатичари и сл.). Секој ученик, кој ќе се пријави на курс по јазик, добива пристап до Системот Ефекта, кој му овозможува учење на англиски јазик со помош на компјутер пред почеток на курсот, како и користење на системот 3 месеци по завршување на курсот.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

Во училиштето за јазик е ангажиран тим на постојано вработен персонал задолжен за следење на работата на секој посетител посебно, почнувајќи од директорот на училиштето, Accommodation Manager- задолжен за сместување, професори, Academic Counselor – лице задолжено за следење на напредокот на секој ученик, Activities Director – лице задолжено за организирање на општествените, културните и спортските активности на посетителите на курсот.

НАСТАВА

26 односно 32 часа англиски јазик неделно (General т.е. Intensive курс) вклучувајќи и 6 iLab часа интерактивно учење со помош на компјутери и професор кој ја води наставата. Во текот на летото, училиштето организира и Основен курс кој содржи 20 часа англиски јазик неделно (овој курс не вклучува iLab настава). Часовите траат 40 минути. Курсевите се смислени на начин на кој учењето на јазикот е прилагодено на потребите на поединецот и на неговото претходно знаење на јазикот и претставуваат идеална комбинација на учење, забава и одмор. Пред почетокот на курсот задолжително е тестирање и во зависност од познавањето на јазикот, учениците се распоредуваат по групи на следните нивоа: Beginner, Elementary, Pre-intermediate, Intermediate, Upper intermediate, Pre-advanced и Advanced. Групите имаат максимум 15 посетители. Целиот материјал за следење на наставата е обезбеден и вклучен во цената на курсот. По завршување на курсот секој посетител добива соодветен сертификат.

СМЕСТУВАЊЕ

Посетителите на курсот по англиски јазик може според сопствен избор да бидат сместени:

  • Во семејство: Сместувањето е обезбедено во двокреветни соби на база на полупансион од понеделник до петок, односно на база на полн пансион во деновите на викендот. Во собите се сместени ученици, т.е. студенти од различна националност со цел што повеќе да се користи англискиот јазик. Со доплата, можно е сместување и во еднокреветни соби.
  • Во студентски дом (интернат): Сместувањето е обезбедено во еднокреветни, двокреветни, трокреветни т.е. повеќекреветни соби. Исхраната е најчесто врз база на self catering (самопослужување), со користење на заедничка кујна. Подетални информации за сместувањето за секоја дестинација може да се добијат во агенцијата Наром Травел.

ВОН-НАСТАВНИ АКТИВНОСТИ

По завршување на наставата, училиштето организира спортски и општествени активности за посетителите (спортски натпревари, скара, посета на културно-историските и другите интересни места во градот итн.). За овие активности се задолжени аниматори кои ја организираат и раководат со програмата со цел да се развие дружење на посетители и усовршување на англискиот јазик. Училиштето исто така организира и целодневни екскурзии, кои се изборни и дополнително се плаќаат.

БРАЈТОН…

Брајтон е туристичко место на јужниот брег на островот. Од Лондон е оддалечен 45 мин. возење со воз. Брајтон е многу популарна дестинација како за младата, така и за постарата популација. Преубава архитектура, културно наследство, многу ресторани и кафулиња. Градот нуди извонредни можности за учење, одмор, рекреација, спорт и забава. Брајтон е омилено летувалиште на Англичаните. Во минатото Брајтон бил мало рибарско место во кое немало туристи. Денес овој град е препознатлив по многубројните пабови, антикварници, книжари и кафулиња. Англичаните го нарекуваат крајбрежен Лондон. Долгите прошетки покрај морето, посетата на театар и разгледувањето на знаменитостите ќе придонесат да уживате во својот престој во него.

Училиште Брајтон:Училиштето е оддалечено 5 мин. одење пеш од плажата и 15 мин. од центарот на градот. Зградата во која е сместено училиштето е изградена во 19 век и е под заштита на државата. Училиштето во Брајтон има интернационален карактер и во него во текот на летото курсеви по англиски јазик посетуваат ученици и студенти од 50 различни националности. Покрај класичните училници, училиштето располага и со три компјутерски училници опремени со најсовремена опрема. Во состав на училиштето се наоѓа кафетерија и книжара. Училиштето Брајтон често организира фудбалски и одбојкарски натпревари, а активно е и драмското студио.