Италија

Кој може да биде учесник на програмата?

Покрај општите услови за учество на програмата, право на учество на Au Pair програмата во Италија имаат девојки од 18-27 години.

Траење на програмата

Девојките можат на Au Pair програмата во Италија да престојуваат минимум 2 а максимум 12 месеци.

Обврски на Au Pair девојките

  • Да чуваат деца 30 часа неделно + 3 вечери неделно
  • Да помагат во секојдневните домашни работи
  • Да посетуваат курс по италијански јазик за време на траењето на програмата
  • Да бидат флексибилни, толерантни и прилагодливи
  • Да бидат здравствено осигурани во договор со програмата
  • Пристојно да се однесуваат и да се облекуваат и да ги почитуваат правилата на однесување на програмата и куќниот ред на семејството

Обврските на Au Pair девојките се различни а зависат од возраста на децата и потребата на родителите. Чувањето на деца подразбира помош околу облекувањето и хранењето, водење сметка за децата во текот на денот, играње, носење на прошетка, носење и враќање од градинка т.е училиште, помош во пишување домашна работа, спремање ужина или едноставни оброци за децата, бањање и спремање на децата за спиење.

Права на Au Pair девојките

  • Неделен џепарлак во износ од 85 ЕУР неделно
  • Засебна соба и исхрана во одбрано семејство
  • Еднодневен одмор неделно
  • Еднонеделен одмор после 6 месеци престој на програмата
  • СИМ картичка
  • Здравствено осигурување во текот на целото траење на програмата
  • Помош и поддршка во текот на програмата

Пред и после доаѓањето во Италија

После добивањето соодветно семејство Au Pair девојката треба да аплицира за добивање соодветна виза во надлежниот Конзулат на Република Италија. Осум дена по влезот во Италија, Au Pair девојката мора да го пријави својот престој во својство на учесник на Au Pair програмата, во локалната полициска станица со цел да добие Дозвола за престој-Permesso di Soggiorno. После тоа Au Pair девојката треба да аплицира за добивање личен број – Anagrafe. На крај за својот престој во Италија потребно е да се извести и Social Security Office со цел ако е потребно да се пружи медицинска помош. Без оглед на медицинското осигурување кое е предвидено според правилата на програмата во Италија, на учесниците на програмата им се препорачува здравствено да се осигураат пред заминувањето во Италија.

Пријавување

  1. Читко пополнета пријава
  2. Лекарско уверение
  3. Писмо до Au Pair семејството ( во кое е потребно накратко да се опишете себеси, своето семејство, причините за учество на програмата Au Pair, какво искуство имате во чување на деца, возачко искуство и сл). На врвот на секоја страна задолжително да го напишете своето име, презиме и адреса на живеење.)
  4. 2 препораки за чување деца (од родителите на истите)
  5. 1 препорака од професор
  6. Фото-албум (составен од 8 ваши фотографии со вашето семејство, пријателите и децата кои сте ги чувале). Фотографиите треба да бидат залепени на хартија А4 формат и под секоја фотографија задолжително да напишете кој е на сликата)
  7. 5 фотографии пасошки формат, со насмевка и напишано име на позадината
  8. Фотокопија од возачка дозвола (пожелна е)
  9. Извод од матична книга на родени
  10. Потврда за познавање на германски јазик
  11. Потврда од МВР дека не сте осудувани
  12. Потврда од суд дека не сте под истрага
  13. Потврда од факултет за студирање
  14. Фотокопија од Диплома за завршено средно образование (пожелно е да се приложат и копии од други дипломи за завршени курсеви по јазици, цртање, прва помош, за спорстки и уметнички натпревари и сл)
  15. Фотокопија од првата страна на пасошот
  16. Потврда за уплатени трошоци за пријавување
  17. Curriculum vitae (кратка биографија)

Во нашата агенција ќе ја добиете пријавата и дополнителните информации за програмата. Непотполните пријави нема да бидат земени на разгледување. Пријавите се примаат во текот на цела година. Оптималното време од моментот на пријавување до почетокот на програмата изнесува околу 2.5 месеци а може да биде и значително подолго во зависност од брзината на наоѓање соодветно семејство.