Кој може да биде учесник на програмата?
Покрај општите услови за учество на програмата, право на учество на Au Pair програмата во Италија имаат девојки од 18-27 години.
Траење на програмата
Девојките можат на Au Pair програмата во Холандија да престојуваат максимум 12 месеци.
Обврски на Au Pair девојките
- Да чуваат деца 30 часа неделно + 3 вечери неделно
- Да помагат во секојдневните домашни работи
- Да посетуваат курс по холандски јазик за време на траењето на програмата (семејството сноси трошоци за курсот во износ од 270 ЕУР)
- Да бидат флексибилни, толерантни и прилагодливи
- Да бидат здравствено осигурани во договор со програмата
- Пристојно да се однесуваат и да се облекуваат и да ги почитуваат правилата на однесување на програмата и куќниот ред на семејството
Права на Au Pair девојките
- Џепарлак во износ од 300 ЕУР месечно
- Бонус по успешно завршената програма во износ од 125 ЕУР
- Картица Enjoy & Explore Holland во вредност од 65 ЕУР
- Засебна соба и исхрана во избрано семејство
- Здравствено осигурување (семејството сноси трошоци во целост)
- Покривање на трошоци за повратен авио билет до Холандија
- Дводневен одмор неделно
- Двонеделен одмор за учесниците на програмата од 12 месеци
- Велосипед на користење
- Телефон и СИМ картичка на користење
- Помош и поддршка од агенцијата во текот на целото траење на програмата
Пријавување
- Читко пополнета пријава
- Лекарско уверение
- Писмо до Au Pair семејството ( во кое е потребно накратко да се опишете себеси, своето семејство, причините за учество на програмата Au Pair, какво искуство имате во чување на деца, возачко искуство и сл). На врвот на секоја страна задолжително да го напишете своето име, презиме и адреса на живеење.)
- 2 препораки за чување деца (од родителите на истите)
- 1 препорака од професор
- Фото-албум (составен од 8 ваши фотографии со вашето семејство, пријателите и децата кои сте ги чувале). Фотографиите треба да бидат залепени на хартија А4 формат и под секоја фотографија задолжително да напишете кој е на сликата)
- 5 фотографии пасошки формат, со насмевка и напишано име на позадината
- Фотокопија од возачка дозвола (пожелна е)
- Извод од матична книга на родени
- Потврда за познавање на германски јазик
- Потврда од МВР дека не сте осудувани
- Потврда од суд дека не сте под истрага
- Потврда од факултет за студирање
- Фотокопија од Диплома за завршено средно образование (пожелно е да се приложат и копии од други дипломи за завршени курсеви по јазици, цртање, прва помош, за спорстки и уметнички натпревари и сл)
- Фотокопија од првата страна на пасошот
- Потврда за уплатени трошоци за пријавување
- Curriculum vitae (кратка биографија)
Во нашата агенција ќе ја добиете пријавата и дополнителните информации за програмата. Непотполните пријави нема да бидат земени на разгледување. Пријавите се примаат во текот на цела година. Оптималното време од моментот на пријавување до почетокот на програмата изнесува околу 2.5 месеци а може да биде и значително подолго во зависност од брзината на наоѓање соодветно семејство.