Траење на програмата
Девојките можат на Au Pair програмата во Германија можат да престојуваат мин.6 а максимум 12 месеци.
Обрвски на Au Pair девојките
- Да чуваат деца околу 30 часа неделно+ 2-3 пати неделно во вечерните часови
- Да помагат во секојдневните домашни работи
- Да посетуваат курс по германски јазик за време на траењето на програмата
- Да учествуваат во покривањето на трошоците за задолжителното здравствено осигурување во договор со програмата
- Пристојно да се однесуваат и да се облечат
Права на Au Pair девојките
- Засебна соба и исхрана во рамките на семејството
- Договорен џепарлак во износ од 260ЕУР месечно
- Слободни денови според правилата на програмата
- Платен годишен одмор во траење од 4 недели (по 12 месеци престој во семејството)
- Учество во друштвените активности кои ги организира Au Pair агенцијата од Германија
- Помош и поддршка од агенцијата која ја реализира програмата во текот на целото времетраење на програмата
- Користење на бесплатен сервис телефон во итни случаи
Пријавување
- Читко пополнета пријава
- Лекарско уверение
- Писмо до Au Pair семејството ( во кое е потребно накратко да се опишете себеси, своето семејство, причините за учество на програмата Au Pair, какво искуство имате во чување на деца, возачко искуство и сл). На врвот на секоја страна задолжително да го напишете своето име, презиме и адреса на живеење.)
- 2 препораки за чување деца (од родителите на истите)
- 1 препорака од професор
- Фото-албум (составен од 8 ваши фотографии со вашето семејство, пријателите и децата кои сте ги чувале). Фотографиите треба да бидат залепени на хартија А4 формат и под секоја фотографија задолжително да напишете кој е на сликата)
- 5 фотографии пасошки формат, со насмевка и напишано име на позадината
- Фотокопија од возачка дозвола (пожелна е)
- Извод од матична книга на родени
- Потврда за познавање на германски јазик
- Потврда од МВР дека не сте осудувани
- Потврда од суд дека не сте под истрага
- Потврда од факултет за студирање
- Фотокопија од Диплома за завршено средно образование (пожелно е да се приложат и копии од други дипломи за завршени курсеви по јазици, цртање, прва помош, за спорстки и уметнички натпревари и сл)
- Фотокопија од првата страна на пасошот
- Потврда за уплатени трошоци за пријавување
- Curriculum vitae (кратка биографија)
Во нашата агенција ќе ја добиете пријавата и дополнителните информации за програмата. Непотполните пријави нема да бидат земени на разгледување. Пријавите се примаат во текот на цела година. Оптималното време од моментот на пријавување до почетокот на програмата изнесува околу 2.5 месеци а може да биде и значително подолго во зависност од брзината на наоѓање соодветно семејство.