Au Pair USA

НАКРАТКО ЗА ПРОГРАМАТА

Au Pair е програма за чување деца во странска земја. Девојката се третира како член на семејството а не како вработено лице во текот на својот престој на програмата ги ужива сите привилегии кои ги нуди овој статус.

За ангажманот околу чувањето деца, Au Pair девојките имаат обезбедено сместување и исхрана во рамките на Au Pair семејството, како и неделен џепарлак. За возврат таа помага во чувањето на децата кога е потребно т.е во зависност од рапдоредот и обврките на семејството. Името на програмата Au Pair потекнува од францускиот израз што значи во пар, односо заедно. Целта на програмата е зближување на рзлични народи и култури и подобро разбирање меѓу нив.

Au Pair USA е меѓународна програм ана културна размена на која право на учество имаат девојки од цел свет. Програмата трае 12 месеци + 1 месец патување, по завршувањето на програмата. Оваа програм ана девојките им нуди можност да ја запознаат амерканската култура и обичаи, да го усовршат анлискиот јазик, да стекнат нови пријатели, да се осамостојат и да патуват.

Зошто да се пријавите во Наром Травел?

За реализација на програмата, Наром Травел соработува исклучиво со агенции кои се членки на ИАПА организацијата (International Au Pair Association), што значи дека при изборот на Au Pair семејство и Au Pair девојка, мора да бидат задоволени стандардите на ИАПА. Со ова се гарантира сигурноста и доверливоста на Au Pair програмата, како во поглед на Au Pair девојката, така и во поглед на Au Pair семејството.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА AU PAIR ПРОГРАМАТА

Право на учество на програмата Au Pair УСА имаат девојки кои:

  • Да сакаат деца и работата со нив
  • Се на возраст од 18-26 години (Напомена: девојка со полни 27 години не може да влезе во САД, како учесник на Au Pair програмата)
  • Течно зборуваат англиски јазик (проверка на познавање на јазикот е задолжителна)
  • Не се мажени и немаат деца
  • Се во добра здравствена состојба
  • Имаат искуство во чување деца (најмалку 200 часа)
  • Имаат положено возачки испит (Б категорија) и се искусни возачи
  • Непушачи
  • Немаат полициско досие и не биле во судир со законот
  • Се комуникативни, толерантни, совесни, одговорни
  • Се подготвени да бидат одвоени од семејството и родната земја, 12 месеци непрекинато
  • За прв пат учествуваат на програмата Au Pair УСА
  • Имаат завршено најмалку средно образование
  • Претходно не аплицирале и не биле одбиени за некаков тип виза за САД
  • Задолжително да ја следат Pre-arrival Orientation and Training до последниот четврток пред заминувањето на програмата бидејќи во спротивно ќе се укине визата и авио картата (да го ислупа видеото – Know before yoo go – да направи Childcare test and Culture Project, да обработи Childhood development Training & Workbook во рок од 8ч)

ОБВРСКИ НА AU PAIR ДЕВОЈКАТА

  • Помош за чување на децата (45 часа + 1-2 вечери/неделно). Поточно: да се грижи за децата додека родителите се на работа; да ги надгледува и да им помага на децата за домашните задачи; да им помага на децата при слекување/обелкување; да ги носи и зема од училиште; да ги носи на вонучилишни активности; да им подготви ужина, појадок или вечера, да се погрижи за уредноста на детската соба или просторот за игри итн.
  • Помош при секојдневните лесни домашни работи
  • Одење на курс, по сопствен избор, во рамки на понудата на организацијата InterExchange односно Au Pair семејството
  • Совесно исполнување на договорените обврски
  • Пристојно однесување и облекување
  • Оддржување на собата во која престојува

ПРАВА НА AU PAIR ДЕВОЈКАТА

  • Засебна соба и ишрана во рамки на Au Pair семејството
  • Договорен неделен џепарлак во висина од 195.75 УСД
  • Платен повратен авио-билет до Њујорк, доколку ги исполни договорените обврски
  • Платено здравствено осигурување
  • Платен курс по сопствен избор со цена до 500 УСД
  • На онлајн ориентациона програма (Au Pair online Academy)
  • Платен 3 дневен престој во Њујорк, за ориентација на почетокот на програмата
  • На 1.5 слободен ден неделно
  • Слободен викенд еднаш месечно
  • Платен 2 неделен одмор по 6 месеци работа
  • Учество во друштвени активности кои се организираат за Au Pair девојките
  • Асистенција од страна на American Community Counsellor
  • 24/7 сервис телефон, во Њујорк, за итни случаи
  • За прв пат учествуваат на програмата Au Pair USA
  • Имаат заврпено најмалку средно образование
  • Претходно не аплицирале и не биле одбиени за некаков тип виза за САД

УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВА AU PAIR СЕМЕЈСТВОТО

Au Pair семејството од САД, кое сака да прими Au Pair девојка во својот дом, мора да исполнува одредени услови:

  • Да живее во област во која има локален координатор
  • Да може да и обезбеди засебна соба, исхрана и останати услови регулирани со оваа програма на Au Pair девојката
  • После завршената ориентација по доаѓањето на програмата, на девојката да и обезбеди превоз од Њујорк до нивноти место на живеење.
  • Да се со постојано живеалиште во САД и да имаат американско државјанство
  • Во куќата да се зборува англиски јазик
  • Да ја третираат Au Pair девојката како член на семејството и да и овозможат да учествува во секојдневниот живот на семејството рамноправно со останатите членови на семејството
  • Да ги исполнат сите обрвски од Au Pair договорот
  • Да на Au Pair девојката и исплаќаат неделен џепарлак во висина од 195.75 УСД
  • Да и обезбедат здравствено осгурување на Au Pair девојката
  • Да и платат на Au Pair девојката школарина во висина од 500 УСД
  • Да и обезбедат на Au Pair девојката дневен, неделен и годишен одмор

ТРАНСФЕР ДО AU PAIR СЕМЕЈСТВОТО

Откако Au Pair девојката ќе добие виза, агенцијата од САД ќе испрати авио-билет до најблискиот аеродром. Трансферот до место на живеење на Au Pair семејството е обезбеден од Au Pair семејството.

ОРИЕНТАЦИЈА

Au Pair USA Online Academy ќе ви помогне да се подговтите за оваа програма. Онлајн обуката вклучува курсеви поврзани за чување и развој на децата, курс по порва помош, запознавање на американската култура и секојдневниот живот во улога на Au Pair. Совети поврзани сли чична безбедности како и мнкгу други важни теми. Au Pair USA Online Academy користи различни методи на обука, вклучувајќи и вклучување во живо на личност која работи на Au Pair програмата, видео записи, онлајн курсеви и многу активности кои ја правата ориентацијата интересна и корисна.

ЛОКАЛЕН КООРДИНАТОР

Локалниот координатор има важна улога во оваа програма. Тоа е личноста која живее во градот или непосредна близина каде живее Au Pair семејството. Личност која добро ги познава приликите и потребите на Au Pair семејството, и која по детален увид во досието на Au Pair девојката и запознавање со профилот, желбите и очекувањата на Au Pair девојката, му ја предложила на Au Pair семејството конкретната девојка.

Локалниот координатор води сметка за Au Pair девојката за цело време додека е на програмата. И помага да се запише на посакуваниот курс, да отвори сметка во банка, полесно да се адаптира на новиот начин на живот и новите обврски, помага да се решат евентуалните проблеми или несогласувања кои можат да се појават на релација Au Pair девојка – Au Pair семејство. Тоа е личност која претставува врска помеѓу Au Pair девојката, Au Pair семејството и организацијата. Локалниот координатор еднаш месечно организира средби за Au Pair девојките, кои имаат за цел меѓусебно запознавање на девојките, дружење и размена на искуства од програмата.

ЦЕНА ЗА AU PAIR ПРОГРАМАТА

  • Трошоци за пријавување – 3000 денари
  • Трошоци за програмата – 350 евра
  • Динамика на плаќањето
  • 3000 денари – при пријавувањето (во моментот на предавање на пополнетата пријава) потребно е да се достави доказ за платениот износ
  • 350 евра – по добивање Au Pair семејство и пред да пристигнат документите за визирање

Пријавувањето трае во текот на цела година. Потребно е да се пријавите мин. 5-6 месеци пред посакуваниот датум на почнување на програмата.

Во агенција треба да доставите ваше име и презиме, имејл адреса и телефон со цел да ве контактраме те да ви испратиме логин за поплнување онлајн апликација како и неопходни информации и инструкции поврзани за пријавувањето. Пријавата се пополнува електронски а дополнително потребно е да се достави следната документација.

  1. 2 Childcare Refernece и 1 Character Reference
  2. Писмо до идното Au Pair семејство
  3. 8 фотографии (пр. со семејството, пријателите, со деца)
  4. Една фотографија пасошки формат
  5. Фотокопија од возачката дозвола (важно е да ја понесат до себе и интерналионалната возачка дозвола на патувањето)
  6. Заверен формулар за здравствената состојба (Medical Report)
  7. Уверение за неосудуваност
  8. Фотокопија од диплома за завршено средно училиште и евентуално други диплома (за завршен курс по јазик, цртање, пеење итн.)
  9. Фотокопија од првата страница на пасошо ти американска виза (доколку имате)
  10. Направен психолошки тест (кој се прави онлајн)
  11. Видео презентација

Пријавата се пополнува на англиски јазик како и дополнителната документација под 1, 2, и 6.

За сите дополнителни упатства контактијрајте ја Наром Травел.

Просечното време за добивање Au Pair семејство е 3-4 месеци од моментот кога агенцијата ќе добие потврда од американската организација дека пријавата е комплетна и дека е почнат процесот за барање семејство.

Периодот за наогање семејство зависи од Au Pair семејствата кои се на располагање како и од флексибилност на Au Pair девојката.

ПО СОБИРАЊЕТО НА КОМПЛЕТНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА И ИЗВРШЕНАТА УПЛАТА НА ДЕНАРСКИОТ ДЕЛ, ТРЕБА ДА СЕ ЗАКАЖЕ ИНЕТРВЈУ ВО НАРОМ ТРАВЕЛ!

Услови за откажување од програмата

  • Доколку кандидатот го откаже учеството на програмата пред добивање соодветно семејство, агенцијата го задржува уплатениот денарски дел
  • Доколку кандидатот го откаже учеството на програмата по добивање Au Pair семејство, агенцијата ćе го задржи целокупниот уплатен денарски и девизен дел