ЗА ПРОГРАМАТА
Au Pair е програма за меѓународна културна размена која им пружа можности на девојки од целиот свет да поминат неколку месеци во Франција, да го усовршат францускиот јазик, да ја запознаат Франција и нејзината култура, да стекнат нови пријатели И нови животни искуства.
Статусот на Au Pair девојките во Европа е регулиран со документот “Accord Europeen sur le placement Au pair ” усвоен во Стразбург на 24.11.1969 од страна на Советот на Европа.
Au Pair девојката има обезбедено сместување и исxрана во рамките на Au Pair семејството, како и неделен џепарлак со одреден износ. Au Pair девојката мора во текот на времетраењето на програмата задолжително да следи курс по француски јазик (важи само за девојките кои остануваат на програмата подолго од 3 месеци).
Важно е да се напомене дека Au Pair девојките немаат статус ниту на турист, ниту на вработено лице, туку статус на “Jeune Fille Au Pair”, што претставува посебна статусна категорија.
Значи Au Pair програмата НЕ Е ПРОГРАМА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, туку програма за меѓународна културна размена. Учесниците на програмата не добиваат работна, туку студентска виза и за помошта во чувањето деца добиваат џепарлак, а не плата.
ИАПА (International Au Pair Association)
ИАПА е меѓународна организација, основана со цел воспоставување единствени стандарди за реализација на Au Pair програмата низ цел свет.
ОРГАНИЗАТОР НА ПРОГРАМАТА
Организатори на Au Pair програмата се лиценцирани агенции од Франција, а Наром Травел е нивен партнер во посредство со Караван Травел од Белград.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ПРОГРАМАТА
За учество на Au Pair програмата во Франција можат да се пријават девојки кои ги исполнуваат следниве услови:
- Возраст од 18-26 години
- Студентки на акредитиран факултет одн. висока школа
- Да зборуваат француски јазик (во текот на образовниот процес да изучувале француски јазик најмалку 2-3 години)
- Со искуство во чување деца
- Во добра здравствена состојба
- Да имаат возачка дозвола (не е задолжителна)
Од кандидатките за Au Pair програмата се очекува да бидат: комуникативни, толерантни, совесни, одговорни и без криминално досие.
На Au Pair програмата не можат да учествуваат девојки кои се во брак или имаат свои деца.
AU PAIR СЕМЕЈСТВО
За да може да прими Au Pair девојка во својот дом, заинтересираното семејство треба да задоволи одредени критериуми (Пр: семејството чии членови имаат регулиран престо во Франција, но не и француско државјанство, не можат да примат Au Pair девојка; во семејството мора да се зборува на француски јазик; семејството мора да исполни одредени услови во поглед на сместувањето на девојката и сл.).
Au Pair семејството ја прифаќа Au Pair девојката како член на семејството и со неа ги дели радостите и секојдневните обврски.
Au Pair семејствата се наоѓаат во цела Франција, но најголем дел од нив се во околината на Париз, на југот на Франција и на Азурната Обала (Монако, Ница, Кан, Антиб, Сен Тропе, Тулон, Марсеј, Ним, Монпеле) како и на Корзика.
ВРЕМЕ ТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА
Учесничките на Au Pair програмата можат да престојуваат во Франција:
- Од 2-3 месеци (од јуни до септември) – летна Au Pair програма
- 6 месеци
- 1 учебна година (од септември до јуни)
- 12 месеци (во текот на целата година)
ШТО ОЧЕКУВА AU PAIR СЕМЕЈСТВОТО
Au Pair семејството и укажува голема доверба на Au Pair девојката која ја прима во својот дом и од неа очекува да биде одговорна, совесна, да се прилагоди на новата средина и животот во семејството. Особено е важно да Au Pair девојката воспостави добар однос со децата. Кон нив треба да се однесува како кон помлади брат или сестра. Веројатно е дека ќе ги носи и зема од училиште, ќе им подготвува ужина, ќе им помага при облекување/слекување, ќе си игра со нив, ќе им помага за домашните задачи.
Од Au Pair девојката се очекува да биде флексибилна за конкретни обврски. Секое семејство има свој ритам. Пред почетокот на програмата, Au Pair девојката е запозната со обврските кои ја очекуваат во семејството, меѓутоа, понекогаш е потребно, согласно променетите околности, да се промени распоредот на обврски. Au Pair девојката треба да се прилагоди на евентуалната промена на обврски и да биде од помош кога тоа е потребно.
Семејството ја прифаќа Au Pair девојката како член на своето семејство и од неа се очекува да се чувствува како дома (секако притоа да ги почитува правилата кои важат во француското семејство). Од Au Pair девојката се очекува, да заедно со останатите членови на семејството, биде вклучена во извршувањето на секојдневните домашни обврски, да го почитува распоредот на нејзините обврски, како и пристојно да се облекува и однесува.
ШТО МОЖЕ ДА ОЧЕКУВА AU PAIR ДЕВОЈКАТА
Au Pair девојката ќе биде прифатена како член на Au Pair семејството и со нив ќе ги споделува радостите и секојдневните обврски. Au Pair девојката има обезбедено засебна соба во која ќе се одмора и ќе го поминува слободното време. Често се случува да семејството кое живее во куќата има одвоен апартман во рамки на куќата, наменет за престојот на Au Pair девојката.
Au Pair девојката добива неделен џепарлак, како паричен надомест за помошта околу чување на децата.
Точниот износ на џепарлакот е назначен во договорот кој девојката го добива пред патувањето. Висината на џепарлакот зависи од работните часови. За 30 работни часа неделно (Au Pair Classique) неделниот џепарлак изнесува 80 евра, додека пак за 35 работни часа неделно (Au Pair Plus) џепарлакот е 100 евра.
ПРАВА НА AU PAIR ДЕВОЈКАТА
Au Pair девојките имаат право на:
- Засебна соба и исxрана во рамките на семејството
- Договорен неделен џепарлак
- Платено здравствено осигурување во текот на траењето на програмата (доколку програмата трае подолго од 6 месеци)
- Слободни денови според правилата на програмата (1,5 дена неделно; 1 недела по 6 месеци)
- Дотирани карти за јавен превоз или користење на семејниот автомобил за одење на курс за јазик
- Учество во друштвени активности кои ги организира француската организација
- Помош и поддршка од агенцијата за цело времетраење на програмата
КУРС ПО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК
Сите учеснички на Au Pair програмата кои во Франција престојуваат подолго од 3 месеци имаат обврска да посетуваат курс по француски јазик. Au Pair семејството има обврска да ја запише идната Au Pair девојка на соодветен курс во најблиското училиште. Еден од потребните документи за добивање Au Pair виза е и потврдата за упис на курс по француски јазик.
Au Pair девојката го финансира курсот од џепарлакот (приближно 30% од џепарлакот се потребни за покривање на трошоците за курс за јазик).
ЦЕНА НА ПРОГРАМАТА
Трошоци за пријавување 3000 денари
Цена на програмата 350 евра
Напомена: Инструкциите за плаќање се добиваат во Наром Травел.
Цената на програмата се плаќа во денарска противвредност според средниот курс на НБРМ, на денот на уплатата.
ДИНАМИКА НА ПЛАЌАЊЕ
- Трошоци за пријавување – при пријавување на програмата
- Цена на програмата – по добивање соодветно семејство
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
• Наоѓање соодветно Au Pair семејство во Франција
• Здравствено осигурување за времетраењето на програмата (за престо подолг од 6 месеци)
• Обезбедување на документи потребни за добивање Au Pair виза
• Кофинансирање на трошоците за локален транспорт
• Услуги на локален координатор
• Помош и насочување за цело времетраење на програмата
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
• Трошоци за визирање
• Трошоци за трансфер
• Трошоци за курс за јазик
ПРИЈАВУВАЊЕ
При пријавувањето на програмата, треба да се достават следниве документи:
- Читко пополнета пријава
- CV – кратка биографија (на француски јазик)
- Лекарско уверение
- Уверение за редовен студент (оригинал и судски преведено)
- Уверение од суд за неосудуваност (оригинал и судски преведено)
- Извод од матична книга на родените (меѓународен извод или оригинал и судски превод)
- Писмо до Au Pair семејството (краток опис за себе, за семејството, наведете ги мотивите за учество на програмата и искуството за чување деца)
- 2 препораки (од родители чии деца сте ги чувале). Ако не се напишани на француски јазик, мора да бидат преведени на француски (преводот не мора да е судски)
- 1 препорака од профессор (ако не е напишана на француски јазик, мора да биде преведена на француски. Преводот не мора да е судски)
- Фото-албум (8 фотографии со семејството, пријателите, децата кои сте ги чувале, со коментар за сликите)
- 1 фотографија пасошки формат
- Фотокопија од возачка дозвола (доколку имате)
- Фотокопија од диплома за завршено средно образование (пожелно е да приложите и копи од други диплома за завршени курсеви за јазици, цртање, прва помош, спортски или уметнички натпревари и сл.)
- Фотокопија од првата страница на пасошот
- Потврда за уплатена трошоци за пријавување
Пријавите се примаат во текот на целата година. Непотполните пријави нема да бидат земени предвид. Оптималното време од моментот на пријавување до почеток на програмата трае околу 2,5 месеци и подолго.
Како треба да изгледа досието на кандидатката за Au Pair програмата?
Пријавата треба да биде уредна и читко пополнета, документите средени, задолжителни судски преводи покрај оригиналите, фото-албум со коментари.
Фотографиите се многу важни: бидете насмеани. Претставете се преку фотографиите во друштво на семејството, со децата кои сте ги чувале, приложете и некои интересни фотографии од детството, од патувања, прослави, факултет итн.
Штом ќе ја комплетирате документацијата, јавете се телефонски во агенција и закажете разговор.
При пријавувањето, задолжително е интервју.
ПРОЦЕДУРА
- Пријавата со комплетната документација и извештајот од интервјуто се препраќа до француската организација
- Француската организација ја прегледува пријавата и го потврдува приемот на кандидатот на програмата
- Пријавата се препраќа до соодветни француски семејства
- Семејството контактира со идната Au Pair девојка (преку мејл; скајп)
- Семејството ја известува француската организација дека ја прифаќа Au Pair девојката
- Au Pair девојката ја известува Наром Травел за својата одлука (дали го прифаќа семејството или не)
- Au Pair семејството и француската организација ја подготвуваат потребната документација за визирање (за престој подолг од 3 месеци)
- Au Pair девојката ја подготвува документацијата за визирање и закажува разговор во амбасада
- Визирање
- Почеток на програмата
ОТКАЖУВАЊЕ ОД УЧЕСТВО НА ПРОГРАМАТА
- Доколку девојката се откаже од учество на програмата пред да го добие соодветното семејство, губи право на враќање на парите уплатени на име трошоци за пријавување
- Доколку девојката се откаже од учество на програмата по добивање на визата, губи право на целокупниот уплатен износ.