Чување деца во семејство
AU PAIR програмата е програма за културна размена на студентите. На оваа програма учествуваат годишно околу 100 000 студенти, воглавно девојки од целиот свет. Целата на Au Pair програмата е на девојките –студентки да им се овозможи да престојуваат неколку месеци во друга средина, да го усовршат познавањето на странскиот јазик и да ја запознааат културата и обичаите на змејата во која престојуваат. Крајната цел на оваа програма е зближување на народот и културата и да воспостават подобра соработка и разбирање меѓу нив.
Девојките кои учествуваат на Au Pair програмата имаат обезбедено сместување и храна во одбрано семејство со обврска да посетуваат курс и да има помагаат на семејствата во чувањето на децата. За помошта околу чувањето на децата девојките добиваат неделен џепарлак кој е различен од земја до земја но она што е заденичко за сите девојки учеснички на програмата е нивниот статус- тие не се ниту гости/туристи, ни вработени туку се Au Pair девојки кое претставува посебна статусна категорија. Статусот Au Pair во Европска Унија е регулиран со договор Accord europeen sur le placement Au Pair усвоен во Стразбург на 24.11 1969 од страна на Советот на Европа а во САД со документот Department of State Regulations Au pair(22CFR62.31).
Напомена: Au Pair програмата НЕ Е ПРОГРАМА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ туку програма на меѓународна културна размена; учесниците на програмата не добиваат работна туку студентска виза и за помош во чувањето деца добиваат џепарлак а не плата.
IAPA- INTERNATIONAL AU PAIR ASSOCIATION
Реализацијата на Au Pair програмата е контролирана од страна на IAPA- INTERNATIONAL AU PAIR ASSOCIATION. Оваа организација ги собира агенциите од светот кои ги работат Au Pair програмите и пропишуваат критериуми и стандарди за реализација на Au Pair програма како и критериуми при изборот на Au Pair семејство и Au Pair девојки. IAPA е основа 1994 година со цел воспоставување единствени критериуми во поглед на условите за учество на оваа програма, мегуодносните права и обврски на учесниците на Au Pair програмата како и воспоставување стандарди со кои се раководат сите организации и агенции во светот кои се вклучени во реализација на Au Pair програмите.
ОРГАНИЗАТОРИ НА ПРОГРАМАТА
Организатори на Au Pair програмата се акредитирани агенции од земјите во кои се испраќаат Au Pair девојките во соработка со Наром Травел. Наром Травел соработува исклучиво со проверени агенции кои се членки на IAPA.
AU PAIR СЕМЕЈСТВО
За да семејството ја прими Au Pair девојката потребно е да задоволи одредени критериуми и да ги исполнува предвидените услови на Au Pair програмата. Au Pair семејството мора да ги почитува обврските кои се дел од Au Pair договорот. Членовите на семејството мора да имаат државјанство во земјата во која живеат (пр. Семејствата чиишто членови имаат регулирано престој но не и државјанство не можат да примаат Au Pair девојки), во семејството мора да се зборува на јазикот на земјата во која живее семејството; семејството мора на Au Pair девојката да и обезбеди засебна соба и исхрана, да ја третира девојката како член на семејството и да обезбеди рамноправно да учествува во животот на семејтвото; на девојката да и исплатуваат неделен џепарлак и одмор според правилата на програмата.
КАДЕ СЕ НАОЃААТ СЕМЕЈСТВАТА?
Не можеме да гарантираме сместување во одреден регион, град и место. Треба да имате на ум дека семејството е она што ве прави среќен а не локацијата.
ТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА
Девојките можат да престојуваат на Au Pair програмата од 3 до 12 месеци. Траењето на програмата зависи од условите на програмата кои ги пропишува секоја држава.
ШТО ОЧЕКУВА СЕМЕЈСТВОТО ОД AU PAIR ДЕВОЈКАТА
Детска љубов
Au Pair девојките имаат голема одговорност. Нивните домаќини им го поверуваат на чување своето своето најголемо богатство, своите деца. Со оглед на тоа дека Au Pair девојката најголемиот дел од времето го поминува со децата, неопходно е таа да ги сака децата. Покажете им на своите деца дека во вас добиле постара сестра а на родителите домаќини дека може да сметаат на вас.
Флексибилност
Правата и обврските на Au Pair девојките и семејствата домаќини во најважните работи се дефинирани со регулација на Au Pair програмата. Понекогаш е неопходно согласно конкретните околности го модифицираат договорот. Семејството домаќин очекува од Au Pair девојката помош во решавањето на секојдневните проблеми поврзани со чувањето на децата. Грижата за децата не е работа со фиксно работно време. Родителите од некои семејства работат во текот на викенди или навечер а од Au Pair девојката се очекува да се прилагоди на тоа.
Ангажман
Семејството домаќин од Au Pair девојката оќекува да биде мотивирана во извршувањето на своите обврски. Не очекувајте да добивате директиви, од вас се очекува иницијатива. Ќе имате можност да ја искажете својата креативност. Организирајте го времето на децата, не дозволувајте им да гледаат ТВ, туку предложете им заедно да играте.
Истрајност
Престојот во странство во својство на Au Pair девојка не е синоним за одмор. Ќе има моменти кога ќе се чувствувате осамено и носталгично. Треба да бидете спремни да се соочите со таквите ситуации. Не плашете се да склопувате нови пријателства. Не оградувајте се да разговарате и да побарате помош (во тешки моменти низ кои поминувате) од семејството домаќин и агенцијата која ја реализира програмата. Ќе ви бидеме на располагање во текот на целото траење на програмата.
Можност на прилагодување (интеграција)
На почетотокот од вашиот престој во друга средина можно е да се чувствувате малку нелагодно додека не го најдете своето место во Au Pair семејството. Вие нема да бидете ниту гостин во семејството, ниту вработено лице, туку студент на програмата на меѓународна културна размена. Може да ви биде тешко во прво време да направите граница помеѓу вашиот приватен живот и ангажман во рамките на семејството. Децата може ќе сакаат да им посветувате внимание и за време на вашето слободно време. Поразговарајте за тоа со семејството и потрудете се да најдете решение. Како привремен член на семејството вие се однесувате кон децата како нивна постара сестра. Помагајте по дома исто како што тоа би го правеле во вашиот дом.
Толеранција
Ќе престојувате во средина која има различна култура од вашата. Бидете внимателни некого несакајќи да не го навредите поради недоволно познавање на нивната култура; бидете отворени и толерантни за работите кои се составен дел од културата на другите. Можеби некои локални обичаи ќе ви изгледаат чудно. Никој нема да ве присилува да прифатите нешто што не е својствено на вашата култура, но потребно е да ја почитувате културата на земјата домаќин во иста мерка во која тие ја почитуваат вашата.
ШТО МОЖЕ ДА ОЧЕКУВА AU PAIR ДЕВОЈКАТА ВО СЕМЕЈСТВОТО ДОМАЌИН
Џепарлак
Со учеството на Au Pair програмата, Au Pair девојката има право на неделен џепарлак а износот е различен од земја до земја.
Да биде прифатена како член на семејството
Au Pair семејството ќе ве прифати како член на семејството со кое ќе ја делите радоста на секојдневниот живот.
Засебна соба
Семејството домаќин ќе ви обезбеди засебна соба во која ќе се одмарате, ќе го поминувате вашето слободно време, да учите и сл.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ПРОГРАМАТА
На Au Pair програмата може да учествуваат девојки кои имаат:
- 18-26 години
- Статус на студент
- Течно го зборуваат јазикот на земјата ( најмалку сердо ниво ) или англиски јазик (Холандија, Норвешка, Италија и Шпанија)
- Искуство во чување деца
- Возачка дозвола (за САД задолжителна, а за другите земји пожелна)
- Добра здравствена состојба
Учесниците на Au Pair програмата треба да бидат комуникативни, толерантни, совесни и одговорни како и да немаат криминални досиеја. Кандидатите кои имаа брачен статус или деца немаат право на учество.