ЧПП – Сè за данокот

  1. Кои даноци студентите на W&T USA програмата ги плаќаат?
    Даноците кои на студентите автоматски им се одбиваат од платата се Federal, State, Local. Даноците кои студентите не треба да ги плаќаат се: Social Security, Medicare, FICA itd.
  2. Кога можам да аплицирам за повраток на данокот?
    После враќањето од САД,најдобро е од Јануари следната година,бидејќи фискалната година во САД завршува на 31.12.
  3. Постои ли рок до кога можам да аплицирам?
    Federal и State данокот може да се врати за последните 3 години.
  4. Што е W-4 форма?
  5. W-4 е формулар кој студентите го пополнуваат ,пред да започнат со работа кај работодавецот.Овој формулар го добиваат од работодавецот.
  6. Што е W-2 формулар?
    W-2 е формулар на кој е наведена вкупната заработка и износот на даноците кои се платени во текот на престојот во САД.Доколку сте работеле кај повеќе работодавци,треба да добиете W2 од секој работодавец.W-2 студентите не го пополнуваат ,туку го добиваат по пошта на куќна адреса која ја навеле на W-4 формуларот.Овие формулари најчесто пристигаат од средината на Јануари по до крајот на Фебруари.Доколку до тогаш W-2 не е стигнат,морате да го контактирате работодавецот и да го замолите да ви го прати на вашиот мејл.
  7. Морам ли да ја имам W2 формата за да ја почнам процедурата?
    Не морате,под услов да го имате последниот чек(pay-slip) од секој работодавец каде сте работеле.Доколку по грешка ви е пресметуван и Social Security, Medicare ili Fica porez,мораш да имаш W-2.
  8. Како да ја започнам процедурата?
    Процедурата ја започнувате со праќање на документацијата на нашиот мејл vrakanjenadanok@naromtravel.com.mk.Не може да се аплицира преку повеќе агенции,како и промена на агенцијата одкога ќе започне процедурата.
  9. Кои документи ви се потребни?
    Кога ќе не контактирате на нашиот мејл,ние ќе ви доставиме податоци кои документи ви се потребни за отпочнување на процедурата.
  10. Колку пари можам да очекувам?
    Најпрвин ќе ви доставиме пресметка.За да ви доставиме пресметка,ќе морате да ни ги пратите сите W-2 форми,или последни чекови.Одкога ќе ви доставиме информација колку добивате назад пари од даноците,вие ќе ни потврдите дали да продолжиме понатаму, и ако продолжуваме ,ви праќаме инфо кои документи треба да ги пратите за да ја отпочнеме процедурата.
  11. Како ќе си ги добијам парите назад?
    Парите се добиваат преку чек на адреса,или пак парите можат да пристигнат на вашата сметка во САД,ако не сте ја затвориле.
  1. Дали во агенцијата треба да ги доставам документите за повраток на данок?Не,сите документи се праќаат скенирани преку вашите мејлови на vrakanjenadanok@naromtravel.com.mk