Во текот на вашиот престој во САД на WORK & TRAVEL програмата, студентите плаќаат данок на американската даночна власт. Судентите кои се на оваа програма плаќаат помали износи на данок,одколку американските државјани.
- Даноците кои на студентите автоматски им се одбиваат од платата се: Federal, State, Local.
- Даноците кои студентите не треба да ги плаќаат додека се на програмот се: Social Security, Medicare, FICA итн.
Пресметката на заработката и платените даноци се врши на крајот на календарската година.Студентите имаат право на повраток на делот од парите кои се однесувааат на даноците кои ги платиле додека работеле во САД. Износот кој се враќа се пресметува врз основа од вкупната заработка за време на работниот период и платениот данок. Значи,одкога студентите ќе се вратат во својата земја,имаат можност да аплицираат за повраток на овој данок. Бидејки,фискалната година во САД завршува на 31.12. секоја година,препорака е процедурата да не се започнува пред Јануари наредната година.
Не е можно да се аплицира преку повеќе агенции,како и промена на агенција одкога ќе започне процесот за повраток на данокот.Затоа ,пред да се започне со аплицирање потребно е да се провери кои се разликите и кои се предностите ,маните,за да се аплицира преку една или преку друга агенција.
Постапката е едноставна.Најдобро е да најпрвин ги пратите документите кои ги поседувате(последни pay чекови,или W2 форми) на нашиот мејл vrakanjenadanok@naromtravel.com.mk,и ние ќе ви пратиме пресметка која не се наплаќа. Потоа,ако се согласувате со пресметката ,ќе ви бидат пратени документи кои ќе треба да ги пополните и скенирани да бидат пратени на нашиот мејл.
За сите прашања ,ви стоиме на располагање.
- Македонија – vrakanjenadanok@naromtravel.com.mk +38970402031