За Нас

ТРАДИЦИЈА

20 години постоење. Наром Травел е специјализирана за студентски едукативни програм за меѓународна размена . На врвот на оваа агенција стојат луѓе кои имаат богато искуство во организирање и реализација на патувања и престој на ученици и студенти во странство. Личното искуство на вработените во агенцијата, кои и самите биле учесници во програм за култутна размена , претставуваат дополнителна гаранција во поглед на квалитет и сигурност.

Програмите што ги нудиме имаат исклучиво едукативно образовна цел, било во поглед на јазикот, праксата или пак запознавањето на обичаите , културата и начинот на живеење на другите народи ширум светот.

КВАЛИТЕТ

Во соработка со Караван Травел, Наром Травел е посредна членка на YUTA (национално здружение на туристички агенции) и повеќе меѓународни организации кои ги пропишуваат стандардите за реализација на програмите за меѓународна културна размена.(WYSE Confederation, WYSE –Work Abroad, IAPA-Au Pair,ALTO-Language Travel).

СИГУРНОСТ

Соработуваме исклучиво со проверени организации , кои како членки  на споменатите организации, се во обврска  при реализација на програмите, да почитуваат пропишани стандарди  и прописи.

ДОВЕРБА

Нашето внимание е посветено на меѓународно разбирање преку развој и имплементација на интеркултурни, едукативни и работно подготвителни можности кои студентите можат да си ги дозволат. Од повеќе илјади студенти , кои сме ги пратиле на нашите програми  во изминативе 20 години, многу од нив подоцна ги користеа услугите на Наром Травел, како би отишле на истата или на некоја друга програма на културна размена.