ПРИЈАВУВАЊЕ

ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните кандидати треба да пополнат

  1. пријава во писмена форма
  2. потврда за редовен студент (оригинал) и преведена на англиски јазик од судски преведувач
  3. фотокопија од пасош.(валидност на пасош минимум 6 месеци од влезот во САД)
  4. индекс на увид,
  5. фотокопија од претходни американски визи
  6. една фотографија пасошки формат и
  7. Потврда за уплатени 3000,00 ден. на име трошоци за пријавување (примач: Наром Травел, 210-0496764001-66, деп. Тутунска Банка – АД Скопје; цел на уплата: Летна работа во САД 2018).

Сите податоци од пријавата мора да бидат точни и читко напишани (внесените податоци се пренесуваат на формуларот ДС- 2019, врз основа на кој се добива Ј-1 виза). За точноста на податоците кандидатот одговара морално и материјално.

Доколку студентот направил грешка во внесувањето на своите лични податоци Спонзорот наплатува по 25 УСД за повторно принтање и издавање на нов ДС-2019.Спонзор организацијата го задржува правото по потреба да побара и дополнителни документи.

ИНТЕРВЈУ И ОРИЕНТАЦИОНА ПРОГРАМА

За сите студенти пријавени на програмата задолжително е интервју на англиски јазик. Во текот на интервјуто се утврдува нивото на знаење на англиски јазик и исполнување на условите за учество на W&T програмата.
Онлајн ориентационата програма е задолжителна и следи после добивањето на работна понуда, а пред издавањето на документот ДС-2019. Информацијата за ориентационата програма студентите ја добиваат директно од од Спонзорот на програмата и имаат обврска според регулативата на Стејт Департмент да ја следат во целост пред визирање. Кандидатите кои веќе учествувале на W&Т УСА програмата, мора повторно да ја следат онлајн ориентацијата.
Со цел навремено да ги извршуваат обврските кои се однесуваат на ориентационата програма, кандидатите се должни редовно да ја проверуваат својата електронска пошта.