Work&Travel USA

ОПЦИИ | АВИО ПРЕВОЗ | РАБОТНА ПОНУДА СМЕСТУВАЊЕ | ПРИЈАВУВАЊЕ | ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

* ЗА ПРОГРАМАТА
Програмата Work & Travel USA е програма за меѓународна културна размена Exchange Visitor Program. Ова е најпопуларна програма за студентска размена. Целта на Work & Travel програмата е на странските студенти да им се овозможи во текот на летниот распуст, да престојуваат и работат во САД и на тој начин да го усовршат англискиот јазик , подобро да ги запознаат САД и да стекнат нови пријателства. За да обезбедат средства за престој во САД , учесниците на програмата , имаат можност да работат студентски работи од областа на туризмот, угостителство, трговија и други услужни дејности.

* ЗА НАС
ТРАДИЦИЈА – Постоиме и работиме повеќе од 20год. Наром Травел, Први почнавме во регионот со реализација Work and Travel програмата. Долгогодишното искуство и големиот број на учесници како и личното искуство на вработените (кои и самите биле учесници на програмите на културна размена) представуваат гаранција повеќе во поглед на квалитетот и сигурноста.

* КВАЛИТЕТ- Во соработка со Караван Травел, Наром Травел е посредна членка на YUTA (национално здружение на туристички агенции) и повеќе меѓународни организации кои ги пропишуваат стандардите за реализација на програмите за меѓународна културна размена.(WYSE Confederation, WYSE –Work Abroad, IAPA-Au pair,ALTO-Language Travel).

* СИГУРНОСТ- Соработуваме исклучиво со проверени организации , кои како членки на споменатите организации, се во обврска при реализација на програмите, да почитуваат пропишани стандарди и прописи.

* ДОВЕРБА-Од повеќе илјади студенти , кои сме ги пратиле на Work & Travel во изминативе 20 години, многу од нив подоцна ги користат нашите услуги како би отишле на истата или на некоја друга програма на културна размена. Ние, од наша страна, се трудиме да патувањето им остане во што поубав спомен.

* НАШИ ПАРТНЕРИ
-Спонзор организациите од САД – кои се организатори на W&T USA . Тие поседуваат лиценца од американската влада за организирање програма за културна размена.
– Караван Травел од Србија- со кого соработуваме 20 години и испраќаме студенти на W&T USA.

* УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ПРОГРАМАТА
Право на учество на програмата имаат само редовни СТУДЕНТИ, со уредно заверен семестар, кои редовно полагаат испити и ги исполнуваат следните услови:
1. имаат најмалку 18, а најмногу 28 години
2. зборуваат англиски јазик во мера потребна за комуникација
3. да се толерантни, флексибилни, одговорни, прилагодливи, совесни, вредни….

Напомена: од Конзулатот на САД добиваме годишни информации за критериумите за добивање Ј-1 виза И категориите на студенти кои се *критични за добивање на виза* во согласност со кои вршиме прелиминарна селекција на кандидатите за учество на Work and Travel програмата.

Чести прашања

 

                                                       

Мапа на работни понуди                                Забранети работи