Ница

ОРГАНИЗАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

Во училиштето за јазик е ангажиран тим на постојано вработен персонал задолжен за следење на работата на секој посетител посебно, почнувајќи од директорот на училиштето, Accommodation Manager – задолжен за сместување, професори, Academic Counselor – лице задолжено за следење на напредокот на секој ученик, Activities Director – лице задолжено за организирање на општествените, културните и спортските активности на посетителите на курсот.

НАСТАВА

26 односно 32 часа француски јазик неделно (General т.е. Intensive курс). Во текот на летото, училиштето организира и Основен курс кој содржи 20 часа француски јазик неделно. Часовите траат 40 минути. Курсевите се смислени на начин на кој учењето на јазикот е прилагодено на потребите на поединецот и на неговото претходно знаење на јазикот и претставуваат идеална комбинација на учење, забава и одмор. Пред почетокот на курсот задолжително е тестирање и во зависност од познавањето на јазикот, учениците се распоредуваат по групи на следните нивоа: Beginner, Elementary, Pre-intermediate, Intermediate, Upper intermediate, Pre-advanced и Advanced. Групите имаат максимум 15 посетители. Целиот материјал за следење на наставата е обезбеден и вклучен во цената на курсот.По завршување на курсот секој посетител добива соодветен сертификат.

СМЕСТУВАЊЕ

Посетителите на курсот по француски јазик може според сопствен избор да бидат сместени:

  • Во семејство: Сместувањето е обезбедено во двокреветни соби на база на полупансион од понеделник до петок, односно на база на полн пансион во деновите на викендот. Во собите се сместени ученици, т.е. студенти од различна националност со цел што повеќе да се користи францускиот јазик. Со доплата, можно е сместување и во еднокреветни соби.
  • Во студентски дом (интернат): Сместувањето е обезбедено во еднокреветни, двокреветни, трокреветни т.е. повеќекреветни соби. Исхраната е најчесто врз база на self catering (самопослужување), со користење на заедничка кујна. Подетални информации за сместувањето за секоја дестинација може да се добијат во агенцијата Наром Травел.

ВОН-НАСТАВНИ АКТИВНОСТИ

По завршување на наставата, училиштето организира спортски и општествени активности за посетителите (спортски натпревари, скара, посета на културно-историските и другите интересни места во градот итн.). За овие активности се задолжени аниматори кои ја организираат и раководат со програмата со цел да се развие дружење на посетители и усовршување на францускиот јазик. Училиштето исто така организира и целодневни екскурзии, кои се изборни и дополнително се плаќаат.

НИЦА

Омиленото монденско летувалиште и неизбежна дестинација на богатите и славните, Ница претставува најатрактивна дестинација на Азурниот брег. Препознатлива по азурно синото море, преубавите песочни плажи, медитеранската клима и кујна и шеталиштето Promenade des Anglias, Ница е идеално место за усовршување на францускиот јазик. Со благата клима и светски познатата кујна, ќе уживате во учењето и истражувањето на овој бисер на Медитеранот.

Училиштето во Ница:Училиштето се наоѓа на неколку минути одење од Rue de France, улица во која се наоѓаат бројни кафулиња и бутици, сместена во самиот центар на Ница. Училиштето неодамна доби акредитација од престижната организација EAQUALS, како и највисоко одликување за примена на високи стандарди во подучување на францускиот јазик, Label Qualité Francais Langue Etrangère. Неодамна реновирано, училиштето е опремено со современи училници и кабинети со компјутери, модерни простории за одмор со бесплатен интернет како и со кафетерија.

ВО ПРОГРАМАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Курс за јазик (број на часови од табелата)
  •  Сместување во семејство во двокреветни соби и исхрана на база на полупансион
  • Вон-наставни активности кои ги организира училиштето за јазик
  •  Материјал за следење на наставата
  • Користење на интернет и e-mail
  • Сертификат за завршен курс