Au Pair USA 2018

чување деца во семејство

НАКРАТКО ЗА ПРОГРАМАТА

Au Pair е програма за интернационална културна размена на која право на учество имаат девојки од целиот свет.

Работниот дел од програмата трае 12 месеци, по што Au Pair девојката има можност да престојува туристички уште 30 дена во САД.

Au Pair програмата им пружа можности на учесниците на програмата да го усовршат англискиот јазик,  да ги запознаат американската култура и традиција, да запознаат нови пријатели и да се осамостојат. За ангажманот околу чувањето деца, Au Pair девојките имаат обезбедено сместување и ишрана во рамките на Au Pair семејството, како и неделен џепарлак. Името на програмата Au Pair потекнува од францускиот израз што значи во пар, односно заедно. Со овој термин се нагласува статусот на Au Pair девојката, која е прифатена како член на Au Pair семејството во кај кое престојува. Целта на оваа програма е зближување на различни народи и култури.

Зошто да се пријавите во Наром Травел?

За реализација на програмата, Наром Травел соработува исклучиво со агенции кои се членки на ИАПА организацијата (International Au Pair Association), што значи дека при изборот на Au Pair семејство и Au Pair девојка, мора да бидат задоволени стандардите на ИАПА. Со ова се гарантира сигурноста и доверливоста на Au Pair програмата, како во поглед на Au Pair девојката, така и во поглед на Au Pair семејството.

ОРГАНИЗАТОРИ НА ПРОГРАМАТА

Американскиот партнер, со којшто Наром Травел соработува и ја реализира програмата Au Pair УСА е организацијата InterExchange од Њујорк (http://www.InterExchange.org) која, покрај Au Pair програмата, повеćе од 40 години организира  и други програми за интернационална културна размена за студент од целиот свет.

Статусот на Au Pair девојката

Au Pair девојката, според визниот режим на САД, има статус на студент на размена (и соодветна виза во тој поглед), а во рамките на Au Pair семејството, таа има статус на член во американското семејство кај кое престојува. Така, Au Pair девојката не е ниту турист, ниту вработено лице, туку студент на интернационална размена, па за време на престојот во САД ги ужива сите привилегии кои овој статус ги овозможува. Во таа смисла, покрај обезбедените сместување и храна во рамките на Au Pair семејството кај кое престојува, Au Pair девојката за нејзиниот ангажман во чувањето деца добива џепарлак, а не плата.

ОБВРСКИ НА AU PAIR ДЕВОЈКАТА

  • Помош за чување на децата (45 часа + 1-2 вечери/неделно). Поточно: да се грижи за децата додека родителите се на работа; да ги надгледува и да им помага на децата за домашните задачи; да им помага на децата при слекување/обелкување; да ги носи и зема од училиште; да ги носи на вонучилишни активности; да им подготви ужина, појадок или вечера, да се погрижи за уредноста на детската соба или просторот за игри итн.
  • Помош при секојдневните лесни домашни работи
  • Одење на курс, по сопствен избор, во рамки на понудата на организацијата InterExchange односно Au Pair семејството
  • Совесно исполнување на договорените обврски
  • Пристојно однесување и облекување
  • Оддржување на собата во која престојува
  • Да го ислуша и направи “Pre-arrival orientation and training”, најдоцна до последниот четврток пред заминување на програмата (во спротивно, ćе и биде укината визата и анулиран авио билетот). Потребно е: внимателно да го ислуша видеото “Know before you go”; да направи “Childcare test and Culture project”; да направи “Childhood Development Training and Workbook” во рок од 8 часа

ПРАВА НА AU PAIR ДЕВОЈКАТА

  • Засебна соба и ишрана во рамки на Au Pair семејството
  • Договорен неделен џепарлак во висина од 195.75 УСД
  • Платен повратен авио-билет до Њујорк, доколку ги исполни договорените обврски
  • Платено здравствено осигурување до 100.000 УСД (со партиципација од 50 УСД при секоја посета на доктор)
  • Платен курс по сопствен избор со цена до 500 УСД
  • Платен 3 дневен престој во Њујорк, за ориентација на почетокот на програмата
  • На 1.5 слободен ден неделно
  • Слободен викенд еднаш месечно
  • Платен 2 неделен одмор по 6 месеци работа
  • Учество во друштвени активности кои се организираат за Au Pair девојките
  • Асистенција од страна на American Community Counsellor
  • 24/7 сервис телефон, во Њујорк, за итни случаи

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА AU PAIR ПРОГРАМАТА

Право на учество на програмата Au Pair УСА имаат девојки кои:

  • Се на возраст од 18-26 години (Напомена: девојка со полни 27 години не може да влезе во САД, како учесник на Au Pair програмата)
  • Течно зборуваат англиски јазик (проверка на познавање на јазикот е задолжителна)
  • Не се мажени и немаат деца
  • Се во добра здравствена состојба
  • Имаат искуство во чување деца (најмалку 200 часа)
  • Имаат положено возачки испит (Б категорија) и се искусни возачи
  • Непушачи
  • Немаат полициско досие
  • Се комуникативни, толерантни, совесни, одговорни
  • Се подготвени да бидат одвоени од семејството и родната земја, 12 месеци непрекинато
  • За прв пат учествуваат на програмата Au Pair УСА
  • Имаат завршено најмалку средно образование
  • Претходно не аплицирале и не биле одбиени за некаков тип виза за САД

УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВА AU PAIR СЕМЕЈСТВОТО

Au Pair семејството од САД, кое сака да прими Au Pair девојка во својот дом, мора да исполнува одредени услови:

  • Да живее во област во која има локален координатор
  • Да може да и обезбеди засебна соба, ишрана и останати услови регулирани со оваа програма на Au Pair девојката
  • Да се со постојано живеалиште во САД и да имаат американско државјанство
  • Во куćата да се зборува англиски јазик
  • Да ја третираат Au Pair девојката како член на семејството и да и овозможат да учествува во секојдневниот живот на семејството рамноправно со останатите членови на семејството
  • Да ги исполнат сите обрвски од Au Pair договорот
  • Да на Au Pair девојката и исплаćаат неделен џепарлак во висина од 195.75 УСД
  • Да и обезбедат здравствено осгурување на Au Pair девојката, кое покрива износ од 100.000 УСД на име трошоци за лекување
  • Да и платат на Au Pair девојката школарина во висина од 500 УСД
  • Да и обезбедат на Au Pair девојката дневен, неделен и годишен одмор

ТРАНСФЕР ДО AU PAIR СЕМЕЈСТВОТО

Откако Au Pair девојката ćе добие виза, организацијата InterExchange ćе купи и испрати авио-билет до Њујорк за Au Pair девојката.Трошоците за трансфер од аеродромот во Њујорк до хотелот New Yorker, каде ćе се одржи ги сноси Au Pair девојката. Трансферот од хотелот New Yorker до местото на живеење на Au Pair семејството е обезбеден од организацијата InterExchange, односно Au Pair семејството.

ОРИЕНТАЦИЈА

Секој вторник, девојки од целиот свет, учесници на програмата Au Pair УСА, пристигнуваат во Њујорк и отседнуваат во истиот хотел (хотел New Yorker на Менхетен www.newyorkerhotel.com) каде и се организира ориентацијата (семинар), во рок од 2-3 дена. Целта на ориентацијата е да ги запознае и подготви Au Pair девојките за престојот во американско семејство. Дел од семинарот е посветен ин а децата (чување и одгледување деца). Во текот на ориентационата програма Au Pair девојката добива брошури, кои ćе и бидат корисниза време на престојот во САД. Ориентационата програма ја води InterExchange со својот стручен тим, во кој се вклучени психолози, педагози и стручни лица за обука од областа на давање прва помош.

ЛОКАЛЕН КООРДИНАТОР

Локалниот координатор има важна улога во оваа програма. Тоа е личноста која живее во градот или непосредна близина на градот каде живее Au Pair семејството. Личност која добро ги познава приликите и потребите на Au Pair семејството, и која по детален увид во досието на Au Pair девојката и запознавање со профилот, желбите и очекувањата на Au Pair девојката, му ја предложила на Au Pair семејството конкретната девојка.

Локалниот координатор води сметка за Au Pair девојката за цело време додека е на програмата. И помага да се запише на посакуваниот курс, да отвори сметка во банка, полесно да се адаптира на новиот начин на живот и новите обврски, помага да се решат евентуалните проблеми или несогласувања кои можат да се појават на релација Au Pair девојка – Au Pair семејство. Тоа е личност која претставува врска поме|у Au Pair девојката, Au Pair семејството и InterExchange. Локалниот координатор еднаш месечно организира средби за Au Pair девојките , кои имаат за цел ме|усебно запознавање на девојките, дружење и размена на искуства од програмата.

ЦЕНА ЗА AU PAIR ПРОГРАМАТА

  • Трошоци за пријавување – 3000 денари
  • Трошоци за програмата – 350 евра
  • Динамика на плаćањето
  • 3000 денари – при пријавувањето (во моментот на предавање на пополнетата пријава) потребно е да се достави доказ за платениот износ
  • 350 евра – по добивање Au Pair семејство и пред да пристигнат документите за визирање
  • Цената вклучува
  • Интервјуирање и психолошки тест на девојките
  • Пронао|ање на соодветно Au Pair семејство
  • Повратен авио-билет до Њујорк, со вклучени такси (под услов програмата да е успешно завршена)
  • Сместување во хотелот Нењ Yоркер на Менхетен (2-3 ноćевања, со вклучен појадок и ручек)
  • Организирана ориентација во Њујорк, на почеток на програмата
  • Обезбедување на ЦПР сертификат издаден од Америцан Хеарт Ассоциатион
  • Здравствено осигурување во износ од 100.000 УСД
  • Курс, по избор, во висина од 500 УСД
  • Обезбедување потребна документација за добивање соодветна американска виза
  • Трансфер од хотелот во Њујорк до Au Pair семејството
  • Услуги на локалниот координатор
  • СЕВИС трошоци, во износ од 35 УСД
  • Помош и асистенција 24/7 во текот на целло времетраење на програмата
  • Цената НЕ вклучува
  • Трошоци за визирање (160 УСД)
  • Трансфер од/до аеродромот во Њујорк

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Најпрво е неопходно да се достави име, презиме и електронска пошта на кандидатката, за да и се испрати лог ин како би ја пополнила онлајн апликацијата. Покрај електронската пријава, кандидатката за Au Pair програмата треба да ја поднесе и следнава документација:

  1. 2 Childcare Reference  и 1 Character Reference
  2. Писмо до идното Au Pair семејство
  3. 8 фотографии (пр. со семејството, пријателите, со деца)
  4. Една фотографија пасошки формат
  5. Фотокопија од возачката дозвола (важно е да ја понесат со себе и интернационалната возачка дозвола на патувањето)
  6. Заверен формулар за здравствената состојба (Medical Report)
  7. Уверение за неосудуваност
  8. Фотокопија од диплома за завршено средно училиште и евентуално други диплома (за завршен курс по јазик, цртање, пеење итн.)
  9. Фотокопија од првата страница на пасошо ти американска виза (доколку имате)
  10. Направен психолошки тест (кој се прави онлајн)
  11. Видео презентација

Пријавата се пополнува на англиски јазик како и дополнителната документација под 1, 2 и 6.

За сите дополнителни упатства контактирајте ја Наром Травел.

Просечното време за добивање Au Pair семејство е 3-4 месеци од моментот кога агенцијата ćе добие потврда од американската организација InterExchange дека пријавата е комплетна и дека е почнат процесот за барање семејство.

Периодот за нао|ање семејство зависи од Au Pair семејствата кои се на располагање како и од флексибилноста на Au Pair девојката.

ПО СОБИРАЊЕТО НА КОМПЛЕТНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА И ИЗВРШЕНАТА УПЛАТА НА ДЕНАРСКИОТ ДЕЛ, ТРЕБА ДА СЕ ЗАКАЖЕ ИНЕТРВЈУ ВО НАРОМ ТРАВЕЛ!

Услови за откажување од програмата

  • Доколку кандидатот го откаже учеството на програмата пред добивање соодветно семејство, агенцијата го задржува уплатениот денарски дел
  • Доколку кандидатот го откаже учеството на програмата по добивање Au Pair семејство, агенцијата ćе го задржи целокупниот уплатен денарски и девизен дел
  • Доколку кандидатот не добие виза, агенцијата го задржува уплатениот денарски дел и износ од 100 евра.