ЗА ПРОГРАМАТА
Програмата Work & Travel USA е програма за меѓународна културна размена Exchange Visitor Program. Ова е најпопуларна програма за студентска размена. Годишно околу 100.000 студенти у£ествуваат на оваа програма.Целта на програмата е на странските студенти да им се овозможи во текот на летниот распуст, да престојуваат и работат во САД и на тој начин да го усовршат англискиот јазик , подобро да ги запознаат САД и да стекнат нови пријателства. За да обезбедат средства за престој во САД , учесниците на програмата , кои добиваат Ј-1 виза (Exchange Visitor Visa) имаат можност да работат работи од областа на туризмот, угостителство, трговија и други услужни дејности.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ПРОГРАМАТА
Право на учество на програмата имаат само редовни студенти (Full Time) на Универзитетите и Високите училишта кои редовно полагаат испити и ги исполнуваат следните услови:
- имаат најмалку 18, а најмногу 28 години
- зборуваат англиски јазик во мера потребна за комуникација
- да се толерантни, флексибилни, прилагодливи, совесни, вредни
ОПЦИИ НА WORK AND TRAVEL ПРОГРАМАТА:
Работа и сместување во САД обезбедува Interexchange, без престој во Њујорк . Индивидуални тргнувања. Агенцијата обезбедува : повратен авио билет, здравствено осигурување, формулар DS-2019 и SEVIS, информации и формулари за добивање SSN (Social Security Number),бесплатен сервис телефон дежурен 24 часа, и Сертификат за учество на програмата. Учесниците сами си организираат трансфер од аеродром до работодавецот и добивање социјален број.
Работа и сместување во САД обезбедува Interexchange. Во програмата е вклучен ПРЕМИУМ ПАКЕТ* кој опфаќа : 2-дневен престој во Њујорк , на база на 2 ноќевања, трансфер од аеродром до хотел/хостел на Менхетен ( за групи поголеми од 25 студенти), организирано пријавување за социјален број (Social Security Number), упатство за патување од Њујорк до работодавецот. Групно тргнување на програмата. Агенцијата обезбедува : повратен авио билет, здравствено осигурување, формулар DS-2019 и SEVIS, информации и формулари за добивање SSN (Social Security Number), бесплатен сервис телефон дежурен 24 часа, и Сертификат за учество на програмата
Работа и сместување во САД обезбедува самиот студент. Без престој во Њујорк. Агенцијата обезбедува : проверка на работната понуда, повратен авио билет , DS-2019 и SEVIS, информации и формулари за добивање ССН (Социал Сецуритѕ Нумбер), сервис телефон дежурен 24 часа и Сертификат за учество на програмата.
Работа и сместување во САД обезбедува самиот студент. Во програмата е вклучен ПРЕМИУМ ПАКЕТ* кој опфаќа : 2-дневен престој во Њујорк , на база на 2 ноќевања, трансфер од аеродром до хотел/хостел на Менхетен ( за групи поголеми од 25 студенти), организирано пријавување за социјален број (Social Security Number), Агенцијата обезбедува : проверка на работната понуда, повратен авио билет , DS-2019 и SEVIS, информации и формулари за добивање SSN (Social Security Number), сервис телефон дежурен 24 часа и Сертификат за учество на програмата.
ПРЕМИУМ ПАКЕТ*
ПРЕМИУМ ПАКЕТ за студент на опција Placеment Premium и Self Placement Premium подразбира: трансфер од аеродом до хотел/хостел во Њујорк (за група поголема од 25 студенти ), 2-дневен престој во Њујорк на база 2 ноќевања (повеќекреветни соби), ориентациона програма, организирано пријавување за добивање на социјален број (Social Security Number), предавања за правата и обврските на учесниците на програмата, права и прописи во САД, однесување на работно место, процедура која треба да ја следат во случај да постои проблем за чие решавање е потребна помош од Спонзорот на програмата, начин на телефонирање, отварање на сметки во банка, правила кои се однесуваат на системот SEVIS и сл. Во 2011 година сите учесници на програмата, а претходните години преку 90 % од учесниците на програмата беа сместени во хотелот Њујоркер (www.newyorkerhotel.com). Хотел Њујоркер се наоѓа во срцето на Менхетен, во непосредна близина на автобуската и железничката станица, спроти Madison Square Garden. Овој хотел е познат по тоа што во него живеел и умрел Никола Тесла. Во случај на пополнетост на капацитетите, сместување за студентите се обезбедува во Хотел Пенсилванија (www.hotelpenn.com) или во хостел (www.hinewyork.org). По доагањето во хотел, со клуч од собата, секој учесник на програмата добива папка со корисни информации за престојот во САД , како и детални инструкции за патувањето од Њујорк до работодавецот. Наредниот ден, по доагањето во Њујорк, представници на спонзор организацијата во закажан термин организираат ориентациони предавања. Со програмата е предвидено учесниците на програмата , по предавањата и пријавувањата за социјален број, да купат карта за патувања до работодавецот, и да се јават на работодавецот да договорат детали на доагањето. Останатиот дел од денот е слободен. По ноќевањето, учесниците на програмата го напуштаат хотелот и одат кај својот работодавец.
АВИО ПРЕВОЗ
Наром Травел на сите учесници на програмата им обезбедува повратен авио билет до Њујорк односно до саканата дестинација во САД. Патувањето до Њујорк се организира во групи во период од 14 мај до 27 јуни, во назначените термини. Агенцијата склучува посебни договори со авиокомпаниите за учесниците на Work &Travel USA програмата со кои се обезбедува купување на картите по најповолни услови и посебни термини. Во цената на авио билетот е вклучена и услугата за резервација при одење и враќање од САД, со право на една бесплатна промена на резервацијата.
РАБОТНА ПОНУДА - JOB OFFER
- JOB PLACЕMENT и JOB PLACЕMENT PREMIUM -Работа и сместување обезбедува Interexchange
Пред поаѓање на програмата, секој студент ќе добие една работна понуда - Job Offer во која ќе биде назначено името на фирмата во која ќе работите, работите кои ќе ги извршувате, работното време, заработувачката на час, условите на сместување , оддалеченост на местото на работа од Њујорк, како и начинот и цената на превозот од Њујорк до местото во кое ќе работите. Периодот на траење на Job Offer (работната понуда) е минимум 3 месеци, максимум 4, доколку амбасадата не даде други услови (имајќи го во предвид почетокот на наставата на универзитетите). Со потпишување на Job Offer ( работна понуда) студентот ја прифаќа работната понуда и сите права и обврски кои произлегуваат од неа.
Начини на добивање работна понуда:
-
- Стандард- организацијата Interexchange на учесниците на програмата, пријавени на програмата Job Placement и Job Placement Premium, обезбедува работна понуда врз основа на барањата од пријавата, познавањето на англискиот јазик, впечатокот од интервјуто, работно искуство на учесникот на програмата, но и од конкретните потреби и барања на работодавецот од САД.
- Job Fair - директен разговор на учесникот на програмата и работодавцеот од САД (лице во лице или преку видео линк) Студентите кои на овој начин нема да добијат работна понуда остануваат на регуларната Job Placеment процедура, што значи дека InterExchange во согласност со пријавата ќе обезбеди работната понуда по стандардна процедура (начин 1).
- Direct Hire - пријавените кандидати имаат во конкретни работни понуди и можност да се определат за некоја од нив, водејќи притоа сметка дали ги исполнуваат условите поставени од страна на конкретниот работодавец. Дали избраната понуда е потврдена од страна на рабоодавецот од САД, кандидатот ќе знае по интервјуто со претставник на Interexchange. Студентите на кои нема да им биде потврдена работната понуда, InterExchange ќе им обезбеди работна понуда по стандардна процедура ( начин 1). Студентите кои се порано пријавени имаат можност на поголем избор.
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РАБОТНИТЕ МЕСТА
Видови на работа
Оваа програма на студентите им обезбедува едноставни сезонски работи воглавно во туристички центри, забавни и национални паркови, хотели, ресторани, продавници ширум САД. Тоа се работи, кои во текот на летните месеци, ги извршуваат, американските студенти . Од учесниците на програмата се бара да бидат одговорни, совесни, вредни ,сериозни и флексибилни. При пополнување на пријавата потребно е да напишете 3 од доленаведените работи, кои би сакале да ги извршувате. Добивањето на конкретна работна понуда многу зависи од способноста на самиот учесник на програмата , познавањето на англиски јазик, работното искуство како и впечатокот од интервјуто, но пред се и од потребата на работодавецот во САД.
Работи кои ги извршуваат студентите на Work&Travel програмата:
- Вообичаени студентски работи:
- Housekeeping- Одржување на хотелските соби, чистење со правосмукалка, чистење купатила, менување постелнина, местење кревети и сл.
- Kitchen Help- Миење садови, сечење храна, чистење на кујната, помош на главниот кувар, фрлање ѓубре...
- Maintenance- Поправка на скршени работи, косење трева, пренесување мебел, чистење базени, фрлање ѓубре и сл.
- Sales Help- Помош при продавање бомбони, виршли, сладолед, пици, помош при наплата, помош на муштерии, чистење и сл. Потребно е одлично познавање на англиски јазик.
- Amusement Park Work- Продавање брза храна, управување и контрола на игрите и возилата во забавниот парк, чистење на паркот и сл. Најголем број од овие работи се на отворен простор.
- Работи по специјално барање :
Покрај горе наведените, студентите можат да се определат и за следните работи:
- Nacional Parks (национални паркови): Denali (Alaska), Death Valley и Sequoia (California), Grand Canyon (Arizona), Yellowstone (Wyoming), Denali (Alaska), Glacier(Montana). За оваа работа потребно е да поседувате способност да се прилагодувате и живеете во рустични предели. Видовите на работи се исти како и во другите области.
- Lifeguard (спасувачи)-Оваа работа можат да ја добијат кандидати кои добро го владеат англискиот јазик и имаат добри физички предиспозиции. За извршување на оваа работа потребен е Сертификат за завршена обука, кој можете да го добиете во земјата или во САД. Доколку студентот се одлучи за работа по лично барање како алтернатива би требало да избере некоја од работите од горниот дел (housekeeping, kitchen help…)
ЛОКАЦИИ НА РАБОТНИ МЕСТА
При пополнување на пријавата , кандидатот се определува за 3 локации. ( Пр.: можете да напишете Источен планински регион, но не можете да напишете: New Hampshire). Треба да напишете две алтернативни локации ( пр. Прв избор може да биде : Eastern Mountain Resort, а алтернатива Midwestern Resort и Eastern Ocean Resort). Сите работи кои ги нудиме се едноставни работи кои не се врзани за центрите на големите градови, туку напротив се лоцирани во помали туристички места.
1. Eastern Mountain Resorts:
New York, Connecticut, Vermont, New Hampshire, and Pennsylvania.
Овие области ги краси многу убава природа. Можностите за активностите на отворено се огромни. Многу од овие локации ги карактеризира пријатниот живот на малите градови. Работите обично се обезбедуваат во фамилијарни угостителски објекти.
2. Eastern Ocean Resorts:
New Jersey, Connecticut, Massachusetts (Cape Cod), Maryland, Maine and Delaware.
Во некои од овие локации се наоѓаат туристички објекти на крајбрежјето покрај кои, обично се наоѓа патека за шетање. Може да ви биде понудена работа во некои од малите забавни паркови во тој реон. Останатите локации ги карактеризираат фамилијарни ресторани и хотели.
3. Midwestern Resorts:
Minnesota, Illinois,Wisconsin, Ohio and Michigan.
Овие локации се богати со преубави пејзажи , бројни активности; покрај големиот број на реки и езера, кои во тој реон ги има во изобилие. Некои од овие работи се лоцирани на островите на Големите Езера.
4. Western Resorts:
Colorado, California, Wyoming, Montana, South Dakota and Idaho.
Убавите предели и бројните можности за шетање, планинарење и пливање (во базени) се карактеристика на овие области. Овде постојат разни можности за вработување: од мали ресторани, ресторани за брза храна до големи хотели и забавни паркови затоа бидете подготвени на разни работни средини.
5. Southern Resorts:
North Carolina, South Carolina, Texas, Virgina.
Овие предели се познати по топлата клима и дружељубиви луѓе. Повеќето работи се во забавни паркови, но има работи и во планинските предели.
- SELF PLACEMENT И SELF PLACEMENT PREMIUM – работа и сместување обезбедува студентот
Студентите кои ќе се пријават на оваа опција, мораат најкасно 2 месеци пред тргнувањето , да достават работна понуда односно Interexchange Employment Offer and Agreement Form ( EOAF) што ќе го добиете во агенција или можете да го симнете од нашиот њеб сите. Interexchange Employment Offer and Agreement Form ( EOAF)мора да биде пополнет и потпишан од страна на студентите и Работодавецот. Датумите на поаѓање на пријавата ина ЕОАФ мора да се совпаѓаат. Работната понуда одн. EOAF мора да биде читко и во целост пополнет, во спротивно нема да биде земена в предвид. Interexchange ќе го контактира работодавецот од САД, со цел да ја потврди веродостојноста на работната понуда . Доколку работна понуда небиде прифатена студентот треба да обезбеди нова работна понуда или нема да биде дозволено учество на програмата.Потребно е учесникот на програмата да му напомене на работодавецот дека ќе биде контактиран од страна на Interexchange, за проверување на работната понуда. Должината на траењето на Job Offer ( работна понуда) е минимум 3, максимум 4 месеци. Видови на работи кои апсолутно НЕ се прифаќаат: Чување на деца (Au Pair), Работа во детски кампови (Camp Caunselors), работи во лабораторија, работи во авио индустрија, во лаборатории, училишта, градилишта, работи каде воглавно се користи мајчиниот јазик.
СМЕСТУВАЊЕ
- JOB PLACEMENT И JOB PLACEMENT PREMIUM
Во работната понуда, Job Offer, на секој учесник на програмата поединечно му се дадени информации за условите и цената на сместување. Сместувањето подразбира обезбедување соба (засебна или заедничка) со употреба на купатило, а понекогаш и употреба на кујна.Цената на сместувањето зависи од локацијата и од работодавецот. Сместувањето може да биде бесплатно, но и по цена од 100$/неделно. Плаќањето на станарината најчесто се регулира со одбивање од заработувачката. Некои работодавци бараат студентите да остават депозит кој ќе им биде вратен, по завршување на програмата( тоа е назначено во работната понуда).
- SELF PLACEMENT И SELF PLACEMENT PREMIUM
Учесниците на Self Placеmenet и Self Placement Premium опциите сами си обезбедуваат сместување. Најчесто во тоа им помага работодавецот.
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОГРАМАТА
- ИНТЕРВЈУ И ОРИЕНТАЦИОНА ПРОГРАМА
Со сите студенти пријавени на програмата овластени претставници од агенцијата односно Interexchange ќе извршат интервју на англиски јазик. Во текот на интервјуто се утврдува нивото на познавање на англискиот јазик како и исполнување на условите за учество на W&T програмата. Ориентационите програми се одржуваат во Скопје (во февруари) и Њујорк (Job Placement Premium и Self Placement Premium) по доаѓањето во Њујорк.
- ЗАРАБОТУВАЧКА
Загарантираната најниска заработувачка според американските закони е 7.25 USD / 1 час работа. Заработувачката на студентите се движи од 7.25 $ -13 $/на час . Саатнината може да биде и пониска од загарантираниот минимум доколку работното место подразбира задолжително добивање бакшиш (типс). Студентите работат во просек 30-40 часа неделно. Дозволено е прекувремена работа кај истиот работодавец, доколку има потреба за тоа. Исто така, студентите имаат можност и право, со Ј-1 визата и DS-2019, покрај работата која ја добиле од InterExchange да пронајдат и друга работа, но мораат да запомнат дека работата која ја добиле преку InterExchange е на прво место и најважна. Повеќето студенти ја користат оваа можност, и на тој начин остваруваат поголема заработувачка. Прекувремена работа како и можноста за добивање на втора работа не се гарантира со програмата.
- ВИЗА
Учесниците на W&T програмата добиваат Ј-1 виза(Exchange Visitors Visa). Оваа виза овозможува извршување на студентски работи во угостителство и туризам, во траење од најмногу 4 месеци месец дена туристи£ки престој во САД (по завршување на работниот дел на програмата) доколку Конзулатот на САД неуслови друго. Барањето се поднесува со посредство на нашата агенција, а студентот задолжително мора да се појави лично на интервју. Во агенција ќе ги добиете сите потребни документи кои се однесуваат на програмата и целта на престојот во САД. Покрај тие документи, учесниците на програмата имаат обврска да донесат документи кои го докажуваат нивниот статус и материјална состојба. Напомена: Закажувањето термин за визирање , процедурата за визирање како и одобрувањето на виза се исклу£иво во надлежност на Конзуларното одделение на САД.
- DS-2019
Документот DS-2019 е документ кој го издава Спонзор организацијата од САД, врз основа на кој у£есникот на програмата добива Ј-1 виза. Во текот на визирањето, Конзуларното одделение на САД го заверува Документот DS-2019и тој претставува составен дел од визата. При влегувањето во САД, документот DS-2019, мора да стои во пасошот, и во таа прилика да биде заверен. Врз основа на овој документ, у£есницте на програмата добиваат социјален број во САД. Учесниците на програмата можат да работат во САД исклу£иво во период кога DS-2019 е валиден. Спонзор организацијата го одредува датумот на по£еток на важење на ДС-2019 врз основа на датумот запишан на пријавата како Arrival date.
- SEVIS ( Student and Exchange Visitor Information System)
SEVIS е систем за евиденција и следење на учесниците на Exchange Visitor Program од страна на US Bureau of Immigration and Custom Enforcement, за време на престојот во САД. Документот SEVIS (I-901) мора да се приложи со останатата документација при предавањето на молбата за добивање виза и молбата нема да биде разгледана без овој документ. Цената за обработка на податоците SEVIS (I-901) изнесува 35 $. Секој учесник на програмата е должен најскано 10 дена по влегувањето во САД да се регистрира на СЕВИС. Доколку тоа не го направи, може да му биде укината визата или да биде депортиран од САД.
- ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
Сите учесници на Work & Travel програмата мораат да бидат здравствено осигурани за време на престојот во САД, т.е за време на валидноста на документот ДС-2019 како и 30 дена по истекот на важноста на документот DS 2019. Здравственото осигурување покрива трошоци на ле£ење до 200.000 USD.
- ПРИЈАВУВАЊЕ
Бројот на места е ограни£ен и зависи од одобрената квота. Заинтересираните кандидати треба да пополнат пријава, на англиски јазик и да ја потпишат.Сите податоци од пријавата мора да бидат то£ни и £итко напишани ( со оглед дека внесените податоци се пренесуваат на формуларот DS 2019, врз основа на кој се добива Ј-1 виза). За то£носта на податоците кандидатот одговара морално и материјално.
Во пријавата, кандидатот мегу другото наведува:
- Опција на програмата во Формуларот Supplement to the Application--Додаток на пријавата
- Термин за поаѓање -како што е придвидено со Програмата W&T 2012(видете ја табелата)
- Локација во САД- за Job Placement (3 локации по приоритет)
- Вид на работа-за Job Placement (3 видови на работа по приоритет)
- Друштво - за Full Service ( потребно е да се наведе во одделот Special Requests and Additional Comments име, презиме и својство на лицето со кое сакате да работите и живеете во САД (брат/сестра,другар/другарка, дечко/девојка ). Исто така наведената личност треба да напише дека и таа сака да биде на програмата со вас и да ги наведе истите барања (термин на поагање , локација, вид на работа, должина на траење на програмата и сл. ), барањето во спротивно нема да биде земено во предвид.
- Должина на траење на работниот дел на програмата ( 3 или 4 месеци)
- Начин на известување - многу е важно студентите на W&T програмата да дадат точни броеви на телефони за контакт, фиксни и мобилни, адреса на живеење, и-мејл адреса, скајп адреса, како би можел кандидатот да биде контактиран , како во земјата така и во текот на престојот во САД. Коне£на одлука за прием на програмата ја донесува Спонзорот на програмата.
Линкови :
www.interexchange.org
http://exchanges.state.gov/education/jexchanges
http://macedonia.usembassy.gov/general_services.html
Документи