Програмата Study & Work Canada спаѓа во програмите на меѓународна културна размена на млади и студенти.
Комбинација на учење на англиски јазик во Ванкувер и стекнување на работно искуство во еден од најубавите градови на светот во кој се одржаа зимските Олимписки игри во 2010 година, како и во останатите врвни туристички центри British Columbia и Alberta.
Програмата им е наменета на студентите кои сакаат да го усовршат своето знаење на англиски јазик, да стекнат нови меѓународни пријатели, работејќи да ги отплатат трошоците вложени во програмата, да стекнат работно искуство, да запознаат нова култура и нова земја.
Основен предуслов за кандидатите кои сакаат да учествуваат во оваа програма е добро познавање на англискиот јазик (повисоко конверзациско ниво).
Должина на траење на програмата:
- Опција А: 6 месеци (6 недели курс по јазик + 18 недели платена пракса)
- Опција Б: 12 месеци (3 месеци курс по јазик + 9 месеци платена пракса)
Локација: Ванкувер и околината на Ванкувер.
Почеток на програмата:
- Неколку термини во тек на годината.
- Точните датуми се утврдуваат во тек на пријавувањето.
Услови за учество на програмата:
- статус на студент
- старост на кандидатот најмалку 19 години
- добро познавање на англиски јазик
- работно искуство
- мотивираност на кандидатот за усовршување на англискиот јазик и стекнување работно искуство
- позитивна оценка на интервјуто (кое се води на англиски јазик)
- задолжително здравствено осигурување во текот на целото траење на програмата
- поседување на доволно финансиски средства за покривање на трошоците за сместување и исхрана во текот на престојот во Канада
Програмата се состои од два дела: едукативен (во текот на кој учесниците во програмата посетуваат курс по јазик) и работен (во текот на кој стекнуваат стручна пракса и работно искуство).
I дел на програмата- Курс по англиски јазик:
- Учесниците се обврзани да посетуваат курс по англиски јазик по пристигањето во Канада. Опција А: курс од 6 недели (две недели општ англиски јазик + четири недели курс Business English или English for Tourism). Опција Б: курс од 3 месеци (два месеци општ англиски јазик + еден месец Business English или English for Tourism. За време на траењето на курсот студентот нема право да врши пракса.
II дел од програмата- Работен дел:
- По завршениот курс по јазик, учесникот во програмата врши пракса од областа на хотелиерството и туризмот. Покрај извршувањето на праксата студентот посетува и задолжителни часови по Англиски јазик во траење од 10 часа неделно. Учесниците во програмата имаат обезбедена платена пракса (9-14 CAD/по час). Број на работни часа е 25-40 неделно.
Обезбедувањето на пракса и бројот на работни часови зависи од претходното работно искуство, познавањето на англиски јазик и потребата на самиот работодавач.
Интервјуирањето на учесниците на програмата со компаниите кои обезбедуваат пракса, го организира организаторот на програмата агенцијата од Канада, во текот на траењето на првиот дел од програмата (курс по англиски јазик).
Сместување:
- Трошоците за наоѓање сместување изнесуваат 150 CAD. Сместувањето во канадско семејство во еднокреветна соба изнесува 500 CAD / месечно (без исхрана) односно 750 CAD/месечно (полн пансион).
- Учесникот во програмата нема обврска да уплати сместување преку агенцијата доколку има други, поповолни можности. Во тој случај, неопходно е на агенцијата да и се достави доказ за обезбедено сместување во Канада (кое Амбасадата го проверува при одобрување на визата).
Аплицирање за виза:
- Процедурата за обезбедување на виза трае околу 2 месеци. Покрај документацијата која ја обезбедува агенцијата, учесникот во програмата има обврска да обезбеди и друга лична документација неопходна за добивање на виза која амбасадата ја бара во процесот за одобрување виза.
Пријавување во програмата:
- Разбирливо пополнетата апликација, CV на англиски јазик, професионалните препораки и копијата од првата страница од пасошот треба да се достават на агенцијата најдоцна 3 месеци пред саканиот термин за почеток на програмата.
- Откако пријавата ќе биде пополнета, со кандидатот се закажува Skype интервју, односно проверка на знаењето на англиски јазик, т.е. Skype интервју со организаторот на програмата – агенцијата од Канада.
- По извршеното интервју преку Skype и откако организаторот на програмата ќе го потврди приемот на програмата, на учесникот, преку агенцијата Караван травел, му се доставува документацијата која е неопходна за добивање на соодветна виза.