Кој може да биде учесник на програмата?

Покрај општите услови за учество на програмата, право на учество на Au Pair програмата во Шпанија имаат девојки од 18-27 години. Доколку девојката не зборува добро шпански, на програмата може да бидат прифатени и девојки кои добро зборуваат англиски јазик.

Траење на програмата

Девојките можат на Au Pair програмата во Шпанија да престојуваат 6-12 месеци во текот на целата година т.е 1-3 месеци во текот на летото.

Обврски на Au Pair девојките

  • Да чуваат деца 30 часа неделно
  • Да помагат во секојдневните домашни работи
  • Да посетуваат курс по шпански јазик за време на траењето на програмата
  • Да бидат флексибилни, толерантни и прилагодливи
  • Задолжително да финансираат здравствено осигурување за време на траењети на програмата
  • Пристојно да се однесуваат и да се облекуваат и да ги почитуваат правилата на однесување на програмата и куќниот ред на семејството

Права на Au Pair девојките

  • Џепарлак во износ од 70ЕУР неделно(доколку семејството живее во град) т.е 80 ЕУР неделно (доколку семејството живее во предградие или помало место)
  • Засебна соба и исхрана во одбрано семејство
  • Еднодневен одмор неделно
  • Еднонеделен одмор после 6 месеци т.е двонеделен одмор за учесниците на програмата од 12 месеци
  • Поддршка од агенцијата во текот на програмата

Пријавување

  1. Читко пополнета пријава
  2. Лекарско уверение
  3. Писмо до Au Pair семејството ( во кое е потребно накратко да се опишете себеси, своето семејство, причините за учество на програмата Au Pair, какво искуство имате во чување на деца, возачко искуство и сл). На врвот на секоја страна задолжително да го напишете своето име, презиме и адреса на живеење.)
  4. 2 препораки за чување деца (од родителите на истите)
  5. 1 препорака од професор
  6. Фото-албум (составен од 8 ваши фотографии со вашето семејство, пријателите и децата кои сте ги чувале). Фотографиите треба да бидат залепени на хартија А4 формат и под секоја фотографија задолжително да напишете кој е на сликата)
  7. 5 фотографии пасошки формат, со насмевка и напишано име на позадината
  8. Фотокопија од возачка дозвола (пожелна е)
  9. Извод од матична книга на родени
  10. Потврда за познавање на германски јазик
  11. Потврда од МВР дека не сте осудувани
  12. Потврда од суд дека не сте под истрага
  13. Потврда од факултет за студирање
  14. Фотокопија од Диплома за завршено средно образование (пожелно е да се приложат и копии од други дипломи за завршени курсеви по јазици, цртање, прва помош, за спорстки и уметнички натпревари и сл)
  15. Фотокопија од првата страна на пасошот
  16. Потврда за уплатени трошоци за пријавување
  17. Curriculum vitae (кратка биографија)

Во нашата агенција ќе ја добиете пријавата и дополнителните информации за програмата. Непотполните пријави нема да бидат земени на разгледување. Пријавите се примаат во текот на цела година. Оптималното време од моментот на пријавување до почетокот на програмата изнесува околу 2.5 месеци а може да биде и значително подолго во зависност од брзината на наоѓање соодветно семејство.