Живот и учење во Франција

Сигурно знаете многу работи за Франција и францускиот јазик. Вашето Au Pair искуство ќе биде незаборавно, богато со нови познанства и животни искуства.

Франција е модерна, богата земја и политички стабилна. Има околу 60 милиони жители. Францускиот јазик е еден од најубавите во светот. Доколку дојдете со солидна основа на францускиот јазик, толку повеќе може да напредувате и да го совладувате. Оној момент кога ќе почнете да размислувате и да сонувате на француски јазик, ќе знаете дека сте го совладале потполно.

Франција важи за земја со добар вкус: елегантно облекување, вкусни вина. Имаат многу добра кујна позната по својата разноликост и специфичност. Има голем број на вкусови на сирење, сувомеснати производи, пецива и вина. Француското семејство посветува големо внимание на божичните и велигденските празници, како и на семејните ручеци.

Траење на програмата

Девојките можат да престојуваат на програмата од 6 до 12 месеци во текот на цела година т.е 2-3 месеци во текот на летото.

Обврски на Au Pair девојките

    • Да помага во чувањето деца 30 часа неделно + 1-2 вечери неделно
    • Да води сметка за децата додека родителите се на работа
    • Да ги контролира и помага децата при пишувањето на домашната работа
    • Да им помага на децата при облекување
    • Да ги носи децата во училиште и на вонучилишни активности
    • Да помага во секојдневните домашни работи (тука не спаѓаат тешки домашни работи како косење на трева, или грижа за домашнте миленици)
    • Да посетува курс по француски јазик (овие трошоци се на товар на Au Pair девојката)
    • Да ги почитува и совесно да ги извршува договорените обврски
    • Пристојно да се облекува и да се однесува
    • Да води сметка за уредноста на собата

Права на Au Pair девојката

    • Засебна соба и исхрана во рамките на семејството
    • Договорен неделен џепарлак мин.75ЕУР неделно
    • Платено здравствено осигурување во текот на траењето на програмата
    • Слободни денови според правилата на програмата (1,5 ден неделно; 1 недела после 6 месеци)
    • Дотирани карти за јавен превоз или користење на семејниот автомобил за посетување на курс по јазик
    • Учество во друштвените активности ки ги организира Au Pair агенцијата во Франција
    • Помош и поддршка од агенцијата која ја реализира програмата во текот на траењето на програмата