Кој може да биде учесник на програмата?

Покрај општите услови за учество на програмата, право на учество на Au Pair програмата во Австрија имаат девојки од 18-27 години.

Траење на програмата

Девојките можат на Au Pair програмата во Австрија да престојуваат 6-12 месеци вотекот на цела година т.е 2-3 месеци во текот на летото.

Обврски на Au Pair девојките

  • Да чуваат деца 20 часа неделно + во вечерните часови
  • Да помагат во секојдневните домашни работи
  • Да посетуваат курс по германски јазик за време на траењето на програмата
  • Да бидат флексибилни, толерантни и прилагодливи
  • Да бидат здравствено осигурани во договор со програмата
  • Пристојно да се однесуваат и да се облекуваат и да ги почитуваат правилата на однесување на програмата и куќниот ред на семејството

Права на Au Pair девојките

  • На џепарлак во износ од околу 370ЕУР месечно
  • Покривање на 50% трошоци за курсот за јазик од страна на семејството
  • Засебна соба
  • Три оброци дневно
  • Најмалку 1 слободен ден неделно
  • Годишен одмор за подолг престој на програмата

Пријавување

Девојката, кандидат за Au Pair програмата треба во агенција да ги приложи следниве документи:

  • Читко пополнета пријава
  • Лекарско уверение
  • 2 препораки од родители на деца кои ги чувала
  • 1 препорака од професор
  • Фото-албум со деца кои ги чувале (околу 4 фотографии)
  • 4 фотографии пасошки формат
  • Писмо до Au Pair семејството
  • Потврда за познавање на германскиот јазик
  • Извод од матична книга на родени (преведено на германски јазик на судски преведувач)
  • Уверение за неосудуваност родени (преведено на германски јазик на судски преведувач)
  • Уверение од факултет за студирање

Пријавување

  1. Читко пополнета пријава
  2. Лекарско уверение
  3. Писмо до Au Pair семејството ( во кое е потребно накратко да се опишете себеси, своето семејство, причините за учество на програмата Au Pair, какво искуство имате во чување на деца, возачко искуство и сл). На врвот на секоја страна задолжително да го напишете своето име, презиме и адреса на живеење.)
  4. 2 препораки за чување деца (од родителите на истите)
  5. 1 препорака од професор
  6. Фото-албум (составен од 8 ваши фотографии со вашето семејство, пријателите и децата кои сте ги чувале). Фотографиите треба да бидат залепени на хартија А4 формат и под секоја фотографија задолжително да напишете кој е на сликата)
  7. 5 фотографии пасошки формат, со насмевка и напишано име на позадината
  8. Фотокопија од возачка дозвола (пожелна е)
  9. Извод од матична книга на родени
  10. Потврда за познавање на германски јазик
  11. Потврда од МВР дека не сте осудувани
  12. Потврда од суд дека не сте под истрага
  13. Потврда од факултет за студирање
  14. Фотокопија од Диплома за завршено средно образование (пожелно е да се приложат и копии од други дипломи за завршени курсеви по јазици, цртање, прва помош, за спорстки и уметнички натпревари и сл)
  15. Фотокопија од првата страна на пасошот
  16. Потврда за уплатени трошоци за пријавување
  17. Curriculum vitae (кратка биографија)

Во нашата агенција ќе ја добиете пријавата и дополнителните информации за програмата. Непотполните пријави нема да бидат земени на разгледување. Пријавите се примаат во текот на цела година. Оптималното време од моментот на пријавување до почетокот на програмата изнесува околу 2.5 месеци а може да биде и значително подолго во зависност од брзината на наоѓање соодветно семејство.