Програма за обезбедување стипендија за студирање во САД

Стипендија за студирање во САД

Ученици со завршено средно образование кои сакаат да студираат во САД на додипломски студии како и дипломирани студенти кои сакаат да се запишат на мастер студии во САД, можат со помош на програмата за обезбедување стипендија за студирање во САД, да си обезбедат стипендија за студирање во САД.

Добивањето и износот на стипендијата за студирање во САД зависат исклучиво од самиот кандидат односно од остварениот успех во средно училиште, како и од успехот и ангажманот на вонучилишни активности (спорт, волонтерски активности, научни проекти и сл.).

Стипендиите за студирање во САД ги доделуваат факултетите односно колеџите на своите студенти кои се истакнуваат со резултати и активности од областа на науката, спортот и општо-корисни активности.

Студентите добиваат стипендии со различни износи (износите на некои стипендии целосно ја покриваат школарината, некои стипендии делумно ја покриваат школарината, а некои ги вклучуваат дури и трошоците за сместување).

Со стипендијата трошоците за студирање можат да се намалат до 60% (што номинално може да изнесува од 10.000 до 40.000 USD на годишно ниво).

 

Што се добива со учество на програмата?

Организаторот на програмата му гарантира на кандидатот, чија апликација е прифатена, добивање на стипендија за студирање во САД на избраниот факултет односно колеџ, само доколку ги исполнува условите предвидени во статутот на избраниот факултет односно колеџ. Организаторот на програмата му помага на кандидатот при изборот и уписот на соодветниот факултет односно колеџ во САД, при барањето на соодветни стипендии (во согласност со желбите на кандидатот во поглед на локација, наставна програма, буџети слично), како и при барањето сместување во САД, прибавувањето здравствено осигурување и сл.

 

Организатори на програмата

Организатор на програмата е американската организација Educatius International, со седиште во Бостон. Оваа организација во своето 10 годишно постоење, има помогнато на ученици и студенти од преку 50 држави во светот да се запишат на саканите факултети колеxи низ светот. Организацијата Educatius International има 30 канцеларии, во 28 различни градови, во 17 земји во светот. Во соработка со околу 2000 партнери од светот, организацијата Educatius International организира уписи школување на ученици и студенти од преку 50 земји во светот, во 11 држави во светот.

Покрај организирање на уписи во средно училиште, универзитети, класични колеџи и Community College низ САД, организацијата Educatius International организира и упис и школување во Велика Британија, Ирска, Австралија, Нов Зеланд, Канада, Германија, Финска, Шведска, Норвешка и Данска.

Организатор на програмата во нашата земја е Наром Травел од Скопје, во посредство со Караван Травел од Белград.

Процедура

  • Пополнет образец за предапликација, со пропратна документација (заверени и преведени свидетелства од средно училиште, ТОЕФЛ или ИЕЛТС испити доколку има), кандидатот ги доставува во агенција
  • По подготовката на предапликацијата, целокупната документација се испраЌа на организаторот на програмата во САД
  • Организаторот на програмата во САД, организацијата Educatius International по детална обработка на документацијата го известува кандидатот, со посредство на агенцијата дали неговата предапликација е прифатена или не. Рокот за одговор е 5 работни дена
  • Доколку одговорот е позитивен, кандидатот треба да уплати 300 USD на име обработка на апликацијата
  • Организаторот на програмата од САД во рок од 10 работни дена од приемот на уплатата на име обработка на апликацијата, ќе му испрати на кандидатот список со најмалку 5 факултети/колеџи од САД, со посредство на агенцијата, од кои би можел да добие стипендија за додипломски студии, со пропратни информации за факултетите/колеџите, износот на стипендијата и сл. Кандидатот за мастер студии ќе добие најмалку 3 понуди за факултет/колеџ од САД
  • Не е можно претходно да се избере факултет/колеџ од списокот, туку по обработка на документацијата (училишен успех, TOEFL/IELTS/SAT резултати) и желбите наведени во предапликацијата (расположлив буџет, локација, предмет на студирање), се прави изборот на факултет/колеџ кои одговараат на критериумите и желбите на кандидатот
  • Кандидатот има рок од 10 дена да се одлучи за некој од понудените факултети/колеџи
  • Доколку студентот не прифати ниту една понуда од факултет/колеџ во предвидениот рок, се смета дека се откажал од програмата. Во тој случај, агенцијата задржува 300 USD , како и 3000 денари, уплатени на име трошоци за пријавување. Понатамошната процедура прекинува.
  • Доколку кандидатот прифати понуда од факултет/колеџ во предвидениот рок, треба да уплати 2700 USD и да достави потребна документација за упис на факултет/колеџ. Потребна документација за упис на факултет/колеџ во САД:
    • Читко пополнета пријава за упис
    • Заверени копии од средношколски свидетелства + заверени преводи на свидетелствата на англиски јазик
    • Заверен тест за познавање на англиски јазик (TOEFL/IELTS). Резултатите од положените тестови, организацијата од САД треба директно да ги испрати до факултетот/колеxот
    • Најмалку 2 препораки од професор, работодавец, тренер или ментор, на англиски јазик
    • Есеј на англиски јазик
    • Доказ за поседување доволно финансиски средства за финансирање на студиите во САД
    • Affidavit of Support
    • Фотокопија од пасош
    • Дополнителна документација која ја бара факултетот/колеxот од САД
  • Штом кандидатот ќе ја достави потребната документација, факултетот/колеџот од САД ќе издаде потврда за упис и потврда за одобрена стипендија (износот и усовите за одобрената стипендија)
  • Штом кандидатот ќе го уплати бараниот износ на име школарина на факултетот/колеџот, организаторот од САД ќе издаде I-20 документ, врз основа на кој кандидатот ќе аплицира за соодветна виза
  • Во меѓувреме треба да се подготви документацијата за обезбедување на соодветно сместување (доколку е потребно), подготвка на медицинска документација, обезбедување авио-карти и др.
  • Кандидатот аплицира за виза во конзулатот на САД
  • Поаѓање на програмата

 

Сместување

Американските универзитети обезбедуваат сместување на студентскиот кампус. Не постои можност за сместување во семејство. Зградата од кампусот во која е обезбедено сместување е во рамките на факултетскиот комплекс. Се дели соба и други заеднички простории со останатите студенти кои таму престојуваат.

Студентот е одговорен за барање сместување на колеџот/универзитетот. Educatius International нуди помош и поддршка во текот на процесот за апликација за сместување во кампусот. Оброците се задолжителни во рамките на кампусот.

 

Рокови

Роковите се различни во зависност од тоа дали кандидатот запишува зимски или летен семестар.

За упис на зимскиот семестар, рокот за пријавување е 01.10.2018

За упис на летен семестар, рокот за пријавување е 01.04.2018

Вон назначените термини, пријавувањето е можно на барање.

Услови за пријавување на програмата

Кандидатите заинтересирани за пријавување на програмата мора да ги исполнуваат следниве услови:

  • Мора да имаат најмалку 17 години
  • Просекот на оценките од средно училиште мора да биде најмалку 2,7 GPA
  • Бројот на бодовите за тестовите мора да биде: за TOEFL – најмалку 79, за IELTS – најмалку 6,5
  • SAT не е потребен (но е препорачан)
  • Кандидатот мора да има финансиски средства да плати најмалку 16.000-20.000 USD трошоци за школарина (по стипендијата), сместување и храна во САД

 

Цена на програмата

  • Трошоци за пријавување – 3000 денари
  • Цена на програмата – 3000 USD
  • Износ на школарината – во зависност од избраниот факултет/колеџ во САД

 

Динамика на плаќање

Цената на програмата се уплаќа на две рати.

Трошоците за пријавување во износ од 3000 денари и првата рата, во износ од 300 USD се уплаќаат одма по добивањето потврда за прием на програмата од страна на организаторот од САД. Втората рата од 2700 USD се уплаќа откако кандидатот ќе одбере понуда за упис и стипендирање на соодветен факултет/колеџ во САД.

Девизниот дел од програмата се уплаќа директно на сметка на организацијата Educatius International. Трошоците за пријавување се уплаќаат на Наром Травел. Инструкциите за плаќање се добиваат во Наром Травел.

 

Во цената на програмата е вклучено:

  • Гарантирано добивање стипендија (најмногу 60% од износот на школарината)
  • Обработка на барањето за упис на факултет/колеџ
  • Обработка на барањето за обезбедување сместување
  • Услуги за брза пошта
  • Консултантски услуги
  • Административни трошоци

 

Во цената на програмата не е вклучено:

  • Школарина
  • Книги и потребен прибор за учење
  • Престојот
  • Здравствено осигурување
  • СЕВИС трошоци
  • Лични трошоци
  • Трансфери
  • Превод и заверка на документи

 

Откажување од програмата

  • По изработката на апликацијата се задржуваат 300 USD и 3000 денари
  • Пред издавањето на документот I-20 се задржуваат 570 USD и 3000 денари
  • По издавањето на документот I-20 се задржуваат 3000 USD и 3000 денари
  • Во случај на недобивање на виза се задржуваат 300 USD и 3000 денари + трошоците за визирање + трошоците кои ги задржува факултетот/колеџот (задолжително се доставува одбиеницата и пасошот)