Подготвка за универзитетски студии во Германија

Доколку сте завршиле средно училиште и сакате да студирате во Германија, пред почетокот на студиите, потребно е остварениот степен на образование да го ускладите со германскиот образовен сyстем.

Програмата за подготовка за универзитетски студии во Германија им овозможува на кандидатите да се запишат на некои од факултетите во Германија, да го усовршат германскиот јазик пред почетокот на студиите, да пронајдат соодветно сместување, да ја подготватцелокупната документација за визирање, но ид а пружи поддршка во текот на студирањето.

Германскиот образовен систем е препознатлив во светот по квалитетот на програмата, флексибилноста на студиите и можностите кои ги пружа во текот на студирањето. Германските високообразовни институции им овозможуваат на нивните студент добро образование и стручна подготвка потребна за постигнување понатамошен професионален успех. Мнозинството германски универзитети се финансирани од германската влада, така што студирањето таму е бесплатно, а секојдневните трошоци неспоредливо ниски, во споредба со земји како Велика Британија или САД.

 

ПРЕДНОСТИ НА ПРОГРАМАТА

  • Студирањето на државните факултети е бесплатно
  • Учесниците на програмата Подготвка за универзитетски студии во Германија добиваат студентски статус во Германија
  • Учесниците на програмата Подготвка за универзитетски студии во Германија можат да работат 20 часа неделно

 

ОРГАНИЗАТОРИ НА ПРОГРАМАТА

Организатор на програмата во Германија е организацијата ЕУРАСИА Институте, основана во 1993 година во Берлин. Оваа организација им овозможува на странските студенти, кои сакаат да започнат настава на додипломски или мастер студии во Германија, упис на подготвителни програми за студирање, кои им се потребни на сите оние кои сакаат да студираат во Германија, како и упис на германските факултети понатаму.

За 24 годишното постоење, преку 15.000 студенти од 80 земји во светот, ги завршиле подготвителните програми и се запишале на на додипломски односно мастер студии во Германија, преко ЕУРАСИА Институте.

Организацијата ЕУРАСИА Институте има долгогодишна соработка со голем број германски универзитети, така што има можност, по завршената подготвителна програма, да им овозможи на кандидатите упис на соодветен германски факултет, како за додипломски, така и за мастер студии.

Во текот на подготвителните програми за студирање во Германија, постојат неколку различни програми  за изучување на германскиот јазик, кои ги нуди ЕУРАСИА Институте.

Организатор на програмата во Македонија е Наром Травел во посредство со Караван Травел од Белград.

 

ШТО ОПФАЌА ПРОГРАМАТА

  • Курс во времетраење од 36 недели, со повеќе од 30 часа неделен фонд (Курсот има два дела: курс по германски јазик со времетраење од 32 недели (од ниво А1 до ниво Ц1) и подготвителен курс за полагање приемен испит на германски факултет по избор, со времетраење од 4 недели (според програмата (STK/ TestDaF/ DSH испит)

Course A1 A2 B1 B2 C1 Studienkolleg/ TestDaF/ DSH

Exam Preparation/ Focus Classes

Duration 5 weeks 10 weeks 16 weeks 24 weeks 32 weeks 36 weeks

Pre-arrival

Support University

Placement

Seminar Individual counseling service for university

Placement

  • Индивидуален советодавен сервис
  • Студентски сервис и поддршка во текот на програмата
  • Издавање потврда за подобност за студирање во Германија (Университy цондитионал леттер)
  • Помош при подоготвка на документи за визирање
  • Резервација на соодветно сместување

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ПРОГРАМАТА

Условите за учество на програмата се различни во зависност од тоа дали студентот сака да се запише на додипломски или мастер студии

За упис на додипломски студии кандидатот треба да ги исполнува следниве услови:

  • Да има најмалку 18 години
  • Да биде во добра здравствена состојба (без здравствена состојба која може да влијае на студирањето)
  • Да има завршено средно училиште
  • Да има завршено 1-2 години на акредитиран факултет во нашата земја (овој услов е потребен за трансфер од наш на германски факултет)
  • Да има одреден просек на оценки (за студирање на општествени науки, природни науки, економија, менаxмент и технички науки, најмалку 3.7, а за медицина најмалку 4.7)

За упис на мастер студии, доволно е кандидатот да достави диплома од факултет на кој дипломирал и уверение за положени испити.

 

ЦЕНА НА ПРОГРАМАТА

  • Трошоци за пријавување              3000 денари
  • Цена на програмата                      8900 евра

 

Динамика на плаќање

Трошоците за пријавување се уплаќаат по доставување на прелиминарните пријави и добивање потврда за подобност на кандидатот за учество на програмата.

Цената на програмата се уплаќа на две рати. Првата рата, во висина од 400 евра се уплаќа како депозит, по добивање на потврдата за подобност која ја издава ЕУРАСИА Институте. Втората рата во висина од 8500 евра се уплаќа во рок од 5 работни дена од добивањето на Университy Цондитионал Леттер.

Сите останати услуги: обезбедување на сместување, осигурување, трансфер и сл. се уплаќаат пред аплицирањето за виза.

Девизниот дел од програмата и се уплатува директно на организацијата ЕУРАСИА Институте или на агенцијата Наром Травел во денарска противвредност според продажниот курс  на НБРМ на денот на уплатата.

 

ПРОЦЕДУРА

1 чекор:

Кандидатот заинтересиран за учество на програмата треба на агенцијата да и достави читко пополнета прелиминарна пријава и следниве документи:

  • завршени средношколци: заверени копи на свидетелствата од средно образование и судски заверен превод на документите, на англиски јазик
  • студенти: оригинал уверение за положени испити и судски заверен превод на документот на англиски јазик

2 чекор:

Штом ги провери документите на кандидатот, организацијата ЕУРАСИА Институте издава потврда за подобност на кандидатот за учество на програмата, доколку кандидатот ги исполнува условите.

3 чекор:

Уплата на депозит од 400 евра, во денарска противвредност и достава на следниве документи:

  • читко пополнета пријава за ЕУРАСИА Институте
  • 2 потпишани овластувања за упис на универзитет во Германија
  • 2 пополнети пријави за упис на универзитет во Германија
  • заверена фотокопија од диплома за завршено средно образование (2 примерока) и судски заверен превод на документот на англиски јазик (2 примерока)
  • свидетелства од средно образование и нивен превод на англиски јазик во 2 примерока (средношколци) односно уверение за положени испити и превод на документите на англиски јазик во 2 примерока (студенти)
  • 2 препораки од профессор напишани на англиски јазик (само за упис на мастер студии)
  • Мотивационо писмо на англиски јазик (само за упис на мастер студии)
  • ЦВ на англиски јазик
  • копија од пасош (3 примерока)
  • 3 фотографии, пасошки формат

4 чекор:

Во рок од 6-8 недели од уплатата на депозитот и доставувањето на целокупната документација, ЕУРАСИА Институте ќе издаде University Conditional Letter (потврда за подобност за студирање во Германија)

5 чекор:

Во рок од 5 дена од добивањето на University Conditional Letter треба да се уплати втората рата од програмата, во висина од 8500 евра, по инструкциите добиени од агенцијата.

6 чекор:

ЕУРАСИА Институте ја испраќа целокупната документација за аплицирање за соодветната виза.

7 чекор:

Подготовка за интервју во германскиот конзулат. Подготовката ја врши ЕУРАСИА Институте преку неколку скајп интервјуа, за да кандидатот биде што е можно поподготвен за разговорот во конзулатот, за да ги дообјасни деталите и процедурите за студирање во Германија и стандардите кои сите студент мора да ги исполнуваат во Германија.

8 чекор:

Визирање.

9 чекор:

Пристигнување во Белград.

Трансферот од аеродромот во Берлин може да биде организирано на барање на учесникот на програмата и со соодветна доплата.

10 чекор:

ЕУРАСИА Институте го регистрира учесникот на програмата и му дава дополнителни потребни информации и инструкции.

Штом ЕУРАСИА Институте ги регистрирани сите учесници на програмата по пристигнувањето, тие мора да бидат регистрирани и во 1) осигурителната компанија, 2) полиција, 3) банка (заради отворање банкарска сметка). Со помош на ЕУРАСИА Институте, учесниците на програмата ќе отпочнат и со процедура за продолжување на визата, кога тоа ќе биде потребно.

 

ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПРОГРАМАТА

  • Трошоците за пријавување во висина од 3000 денари и првата рата во висина од 400 евра се неповратни.
  • Во случај на откажување во рок подолг од 60 дена пред почетокот на програмата – се задржуваат 35% од цената на програмата.
  • Во случај на откажување во рок подолг од 30 дена пред почетокот на програмата – се задржува 65% од цената на програмата.
  • Во случај на откажување во рок пократок од 30 дена – се задржува 100% од цената на програмата.
  • По добивањето на виза во кој било период – се задржува 100% од цената на програмата.
  • Во случај на недобивање виза – се задржуваат 3000 денари и 400 евра со достава на одбиеницата за виза.